Вие што перете со капсули, како ви се раствара капсулата целосно? Секогаш ја наоѓам во гумата од страна пола истечена пола не...
Мене тоа ми се дешаваше со Персил капсулите. Сеа земав на Виолета овие Веш, супер перат и скроз се раствараат.
Ги пробав Виолета Веш, предобро мирисаат и мирисот баш се задржува на облеката, пријатно ме изненадија.
По една или две капсули ставаш на едно перење? Не знам зошто….ама се со мислам дека не ми се добро испрани алиштата со една капсула и прекинав да купувам…
Да, пред едно три години, ужас од детергент. Смрдат гадно алиштата после перење. Барем од црниот, таков имав.
За бели со оправив конечно, ми треба добар за шарени барам течен убаво да мириса и да пере добро. Користев первол во циклама туба ама многу го скапнаа, моментално имам на фрош, се е добро само многу тешко ми мириса, значи преовладува и над омекнувачот, а многу ептен тешко мириса едвај го поднесувам. Течни капсули ни под разно не се раствораат ми оставаат флеки по алиштата.
Пробај на Виолета е добар течниот. Има и во дм ти пуштам слила подоле. Исто, на мери за шарени е добар исто течен.
Сите овие три ги имам пробано и сум задоволна од нив. Виолета во моментов го користам и топ е. Од Денк мит сум најзадоволна, две години го користев и некако се заситив од него па сакав да сменам. Ако го немаш пробано Денк мит ти го препорачувам. И не е скап воопшто
Го користев тој за црни. Не е добар. Јас го користев Мери Мерино. Ист таков каков што објавила членката пред мене.