Точно е, јас прво кога приметив, мислев машината тука ми пере подобро, испадна детергентот е поквалитетен.
Денк мит или Факс, кој е подобар и поисплатлив, за бели,и за алишта кои се многу валкани? Повеќе од 5год.го користам Факс, но веќе им е многу намалена грамажата, а цените се исти. Од Ариел и Персил имаме алергија.
Го купив Дуел со лотосов цвет и имам да кажам само два збора - за грев. Воопшто не ги вади убаво флеките, не сум задоволна. Планорав да го купам тој другиот со јоргован, ама после ова искуство, тешко. Ќе се вратам на Савекс и ДенкМит.
Значи луѓе немс што не пробав за црни и шарени алишта, прашкови течни и нормален прашок горе па внатре во бубањ ,различни омекшивачи,исто и горе и во бубањ ,различни операции алиштата смрдат кога ќе се исперат .И не ги оставам внатре веднаш ги вадам ама смрдат и готово ,а белите не и цела ноќ да се внатре во машината пак си мирисаат убаво.Кажите некое решение ,стварно не знам што да направам веќе.
Ај исчисти си ја пералната Пушти ја на 90степени у бубањ дурект ставаш сода и оцет бел и пушти ја да врие После перење обавезно отворена врата Јас перам со течен Ариел тој со планина слика
И до 6кг да ја напуниш,пак е многу… затоа што нормално поголеми се, подебели и потешки се алиштата. Не се гаки и пешкири. Пример ако переш дуксери тренерки и маици…пери ги одделно, дуксерите стави ги сами, маиците сами… јас ова го правам и гледам никогаш да не ги мешам материјалите и количински не ставај многу,3/4 дуксери доволно ти се за една машина. Фармерки исто така перам одделно и никогаш не им ставам омекнувач. И пробај го течниот прашак за црни на ДМ,со тој перам со години и врв е.
Ми треба помош. Дали некој знае како да исчистам на бела маица жолтило од флека под пазувите предизвикано од спреј дезодоранс? Ја исправ ама пак се гледа флека.
Ова средство дефинитивно ќе ја извади флеката. Испрска и нека одстои, после пери во машина најнормално. Ако треба повтори и на следно перење.
Колку отприлика ставате течен, а колку прашкаст прашок? Само јас ли многу ставам, па некако брзо ги трошам...додуша и секој втор ден перам, а за викенди сигурно уште 5-6 машини
На секој пакување пишува колку да се става и за колку кг алишта, по тоа се ориентирам или пишува дека е за 20 перења па пакувањето го делам со 20 и добивам ориентациона количина.Скоро почнав да ги користам прашкастите детергенти на ДМ и од нив помалку се става зошто се концентрирани.