Ме интересира дали некој е во брак со овие хороскопски знаци и како му функционира бракот.Има ли меѓусебно разбирање, постои ли хармонија,жалат ли за нивното соединување.Како воопшто му тече животот.Можеби постои и доста разбирање меѓу нив.Значи помеѓу жена јарец и маж девица.Да размениме меѓусебе неколку мислења.
нема никој да се јави ,изгледа мала е веројатноста за брак меѓу овие знаци ,или само јас сум мажена а .......
Доста компатибилни знаци ,за секакви можни комбинации ,па дури и брак. И двајцата сте земјени знаци ,значи сталожени ,рационални ,присебни ,помалку крути ... Евентуална пречка би можела да биде инаетот ,обострано . Друго не знам Се надевам дека без оглед на коментариве што ќе ги добиеш ,ќе имаш најсреќен и најхармоничен брак
Не сум во брак, но сум во долга врска (и тоа на далечина) со Девица. Јас сум Јарец. Отсекогаш сум била заинтересирана за хороскоп и дури и пред да го запознаам (можеби 10 години претходно) секаде каде се зборело за компатибилност имам прочитано дека овие два знаци се како јаболче пресечено на пола. Дека многу си одговараат и надополнуваат. Можеш да замислиш колку се возбудив кога ми кажа дека е Девица, посебно затоа што не познавав друга машка Девица претходно. Ќе ти кажам дека е пар што ги има сите предиспозиции за среќен живот. Дури и да наидете на некое проблемче, само треба да го поправите и немате гајле. Овие два знаци се толку аналитични, реалисти, приземјени и практични, што нема простор за поголеми проблеми. Други знаци имаат проблеми со овие два бидејќи потешко ги искажуваат чувствата и ретко, ептен ретко, зборуваат за нив. Исто така, од лично искуство, комбинацијата е добра како на љубовно така и на професионално поле. Еден ден може да сме љубовници, утредента заедно да работиме на некој проект па дури и да заборавиме да се бакнеме. И двата знаци се знаци на кои можеш да се потпреш. Јарецот знае некогаш да биде и заштитнички настроен, но на Девицата тоа и годи. Јарецот најчесто ја има улогата на лидер и организатор, а Девицата на исполнувач и аналитичар. Доколку секој си е комотен во својата улога, се е совршено. И исто така би додала дека сме си толку верни еден на друг, што никогаш не сме ни разговарале на таа тема. Проблемите што другите парови ги имаат за дискусија и расправање кај нас се решени и се подразбираат по default. Ако те интересира нешто друго поконкретно, слободно прашај. Поздрав!
Добра тема морам да признаам Не сум ни јас во брак али сум во долга врска со машко Девица, а јас јарец и можам да кажам дека LyckliG до некаде убаво напишала и дека се согласувам со неа
мене ми е тежок многу бракот морам да признаам никаде не гледам поврзаност мегју овие два знака.жив промашај.......
супер ако е така само незнам зошто во мојот случај го нема тоа....мене ми се моментално најдалечни девиците да не веруваш колку страшно....лошо искуство
Мајка ми и татко ми се во таа комбинација, не е нешто посебно, но сепак се сакаат и покрај се. Порано ми беше тешко ако се испокараат, но сега сфаќам дека тоа е нормално и дека нема што да се мешам тука, па и јас се карам во врските, но сепак не сум сакала да ги прекинам, караниците дури зближуваат на некој начин. Сега и двајцата имаат малку слободно време, викаат дека би сакале да може да биде како порано, заедно да се, па за ништо да се испокараат пошто и онака последниве 10 години се караат за глупости како кој е попаметен, што би се случило ако некој напраи неверство, понекогаш ме тераат да ги снимам зошто они сметаат дека се многу интересни Сепак, како компатибилни, компатибилни се, уште и мене да ми праеја муабет како они што си праат добро ќе беше, ама што да праам, не зборувам на нивниот неразбирлив јазик, чудно ми е како се разбираат, едниот 5 збора, па другава исто и така цели саати... Не знам не знам