Овен,хах порано многу читав за карактеристики на овенот,хороскоп и такви глупости,ааа и многу верував во хороскоп се додека не ми пишуваше дека ќе ми се случи нешто многу лошо а истата таа ден ми се случи нешто најдобро и највредно во животот...ама нема врска јас пак си читкам Да се вратам на темата,овните во главно се знак на огнот,енергични полни со енергија,спремни за да победат,даваат се одсебе за да го добијат тоа што го сакаат,ентузијасти,борбени,горди,охрабрувачи,нешто ако испланираат никој неможе да ги запре,многу се грижливи,секогаш херојски настроени иии да,тоа ми текнува само сега
Рак во подзнак девица па така да имам карактеристики и од едниот и од другиот, комбинација. Ако нешто ценам кај луѓето тогаш тоа е искреноста. Колку и да е брутална или да не ми се допаѓа, ако е нешто искрено кажано не се лутам. Искрените забелешки ми помагаат да се променам ако некаде грешам. Не сакам гужва и чекање во ред. Склона сум кон позитивни нешта, весела сум, имам смисла за хумор. Често сум несигурна и колеблива. Сакам промени. Сакам патувања. Ја сакам природата. Музиката за мене е нешто посебно и сметам дека без неа светот ќе беше празен и некомплетен. Поинаква сум, не знам точно во што но тоа ми го потврдуваат многумина. Своја сум, не се трудам да се вклопам во толпата, имам посебен стил, карактер. Личност сум од доверба. Со мене секоја тајна е на сигурно. Кога создавам пријателства ги создавам за да траат, не сакам дволичност и корист, пријателството за мене е многу значајно.
Јас сум стрелец , и сум авантурист . Еднаш ми велиш одиме и толку . Џапам телефон , цигари и пари и излегувам . Ќе се наместам и по пат ако треба не чекам два пати да ми се каже за одење . Весела сум и сакам да ширам пријатна енергија околу себе . Добар сослушувач сум , и секогаш другарките доаѓаа кај мене по совети .