Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каков е животот во странство?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mrazam.celulit, 9 јули 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Мене не ми е проблем тоа што се 'ладни'. Од оние кратки посети што сум ги имала по Европа, сум заклучила дека се пристојни, смирени и културни. Ако некој се онесвести на улица, ќе притрчаат на помош (сум била сведок).

    А за да ми идат по дома и да им одам на луѓе, ионака не практикувам.. И баш ми одговара да не ме замара секој со непотребни муабети. 'Добар ден' во лифт или на скали со комшиите, ми е сосема доволно.
     
    На crazylady, Herrera, Feminka22 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Ти пред некое време ни раскажуваше во некоја од темите како било во Америка. 8-|
     
    На ane.bella, DAngel, Srckata28 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    7.241
    Пол:
    Женски
    Ми изнуди насмевка со закоравеното тврдење.
    Интересно мене секое сабајле кога излегувам од дома сите ми кажуваат добро утро и ми се насмевнуваат, во мк не беше така. Ако му се насмевнеш на некој и го поздравиш те гледаат чудно и со прашалници се кој си од каде си.
    Друго, ете дојдов без никој па познавам па си најдов пријателки од Шпанија, Белгија, Турција, Украина, ј.Кореа....сите високо образовани (не дека е битно образованието толку, ама ете во такви кругови вртам цело време). Си излегувам еднаш до два пати на кафе или ручек неделно со нив. Повеќе не ни сакам не ни имам време. Понекогаш разменуваме по некој збор со комшиката, која е Германка и е супер фина, не ме гледа од високо ни па сум се осетила како 2-3 класа на граѓанин каде и да сум отишла, што и да сум прашала, сите биле културни и си ја соработувале работата, пак за разлика од кај нас, каде и за преглед кај доктор ти требаат врски и за запишување дете во градинка итн. Да не набројувам си знаеме. Најмалку, речиси ич, контакти имам со Македонци, само со еден пар, со други Балканци воопшто.
    А и не работам во моментов ни па земам социјална помош. Па не се ни осеќам како да сум дошла само да работам во странство. Дојдов да живеам тука. Да се интегрирам во општеството, да се дообразувам и да имам нормален живот далеку од бипартиски систем и комшилук без граници во однесувањето.
     
    На KeBideLi, oblace1, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Баш тоа. Многумина одат во странство за да 'печалат' и очекуваат исти културни навики како во Македонија. Па се гетоизираат во населби кои се со голем број македонци-балканци... за да го задржат чувството дека се на 'свое'... Тешко им е да се адаптираат... се плашат и не можат да прифатат различности...

    Ако би отишла странство некогаш, би било за да не бидам во близина на таа македонска-балканска 'култура' (без разлика колку грубо звучи).

    Парите секако се потребни, но и мирна глава треба, а тоа доаѓа со функционален систем, не со рекла-казала... Барем за мене...
     
    На FightaminC, KeBideLi, green.eyes и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    Гетоизирањето што го има, го има во држави во кои цените на недвижнините се доста високи и обично дојденците од страна на почеток, без разлика дали се со високо образование или не, не можат да си дозволат да живеат каде сакаат. Имаш области со пониски цени на станови и куќи и области или градови во кои едноставно не можеш да влезеш. Не се групираат тие по свој избор, као еве сега ние од Балканот ќе решиме на едно место да се стационираме и ќе си одбериме населба оти не сакаме да се дружиме со други.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ама можат да живеат во исто маало луѓе кои се од различни националности, кои се доселеници, а се финансиски слаби. Нели?
    Ама не. Имаш Балканско маало, Кинеско маало, Арапско маало... не знам какво.

    И предрасудите имаат исто голем удел.
     
    На Feminka22, Lolo5, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Па што знам, да се собереме ние две-три што останавме на Балканов, и да му се изнапцуеме мајка на штркот што не фрлил овде и вечно не лишил од европските благодети?!
     
    На crazylady и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    7.241
    Пол:
    Женски
    Секој си има избор како ќе тера во неговиот живот. Никој никому нож на шија не ставил. На кој каде му е убаво таму нека седи/ оди.
    Лично јас сум пцуела и пцуела, ама и не се оставив да чекам да ми падне од небо и магично да ми се среди животот. Додуша, кај и да си, бааги треба да се стегнеш и потрудиш да успееш.
    Сарказам може да тераме до утре, ама реално квалитетот на животот во ЕУ, или бар во Германија и Мк, не се споредува.
    Никој на никого пат не му го сопрел. Собери храброст, намали очекувања, прегледај си приоритети и тргни. Па прецени си сама дали си или не си била лишена од "благодети".
     
    На KeBideLi, oblace1, simona_baby и 4 други им се допаѓа ова.
  9. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Се согласувам, секој збор ти е на место. Благодетите зависат само од нас, а не од местото на живеење, затоа бев и троа саркастична.
     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    ова се вика најделе та зајделе.јас бев на гости кај роднини ми помогнаа не викам не но колку стрес и јадови имав од нивниот балкански синдром на оговарање,одење по гости шетање ,кавги и на крај работев фала богу брзо најдов но морав да се вратам оти бев на три месеци дозвола и така јас бев од обратната страна и ни фала ни извини за она што јас го сторив за се моите газди ми рекоа на крај Господ гледа се ќе им врати,беа запознаени со нивниот однос кон мене и општо какви и се затоа најдобро сам ,со партнер или родител друг никој да не мешаме од роднини оти обавезно некој го однесyва подебелиот крај:!:
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Да де.. исто е да живееш во земја каде нема доктори, апарати и лекови, и во земја каде што има. |(
     
    На oblace1, Lolo5 и јolene им се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    7.241
    Пол:
    Женски
    Од искуство, не знаеш колку многу си во право со коментарот. Не можев да се воздржам да не проговорам.
    Два пати имав потреба да идам до специјалист, термин за 2 дена добив, на двете места. Во Мк знаеме, еден-два па и повеќе месеци за чекање. Клиниките опремени подобро од нашите приватни, чисто, сите љубезни и трпеливи. Евро немам платено за испитување/ преглед/постапка. Доктор ми се има јавувано дома после работно време да ми каже резулати, оти никој освен докторот не смее да ти гледа во резулати. Приватноста се цени. Кај нас во Мк, еве последно во Струмица во амбуланта, требаше да земам резулати за свекрва ми. Сите резулати ставени врз една маса и јас самата требаше да буричкам низ нив, да го пронајдам тој што ми треба, за на крај да испадне дека не е готов дојди утре.
    Не знам за други, ама јас не би сакала цела општина да знае дали јас сум била на лекар или не. Дали сум испитувала крв и мокрача, па и плус да може некој да види дали имам инфекција или бактерија.
    За состојбата на амбуланта нема ни што да кажам, си знаеме сите. Горе доле сегде се исти.
     
    На oblace1, Lolo5, Mari* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.755
    Допаѓања:
    34.015
    Пол:
    Женски
    Брз начин на живот имаат но имаат и помалку проблеми и стресови бидејќи не се замараат со тоа дали утре ќе имаат да јадат леб.
     
    На Ava.84, Lolo5, simona_baby и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.499
    Животот во странство е, СЕ КЛАДАМ, различен за секого. Не секоја земја е иста, не секоја професија е иста, не секоја фамилија е иста. Генерализации се лесни ама непрецизни. Мене ми е убаво, ама дека секогаш било лесно, не било. Ама не е тоа ради земјата, туку дека градиш од нула. А за љубоморне душе, имаше нешто таму забораив што. Оние што ми значат, знаат како ми е. Другите нема потреба и не им е ни гајле во суштина, нит па мене ми е стало да објаснувам.
     
    На Esmeralda-MD, crazylady, glosipgirl и 4 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.301
    Јас чекам за термини на специјалист по 3-4 месеци. Последно, за пулмолог, толку чекав за децата. Измеѓу икс пати се разболеа и оздравеа.
    На жалост мораме по разни соецијалисти за едното дете да одиме. Исто, дискусии, одење од врата на врата за упути(оти не даваат, имаат месечна квота и кога е полна те убедува дека детето ти е ок и можеш да почекаш), чекање со месеци за термини. Испитувања на едно по едно, од најчесто кон најретко, наместо се наеснаш па ти чукај си со месеци главата додека стаса термин резултатите од истиот.
    Кога ќе стасаш до лекарот е професионалност на највисоко ниво, немам коментар. Ама додека стасаш до него железни опинци ќе искинеш.
    Секој со своето, секако зависно што мака си има. Ова е мое искуство.
    Се едитирав. Во право е Вајлд. За Германија пишувам.
     
    Последна измена: 7 октомври 2018
    На cresa-jagoda, Mari*, Ava.84 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Убаво ќе биде да пишувате за која држава станува збор.
     
    На marlonbrando69 и danichap им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    7.241
    Пол:
    Женски
    NRW Германија. Можеби оти сум во помал град не сум чекала толку многу за кај специјалист, а да кај матичен и до 10 дена се чека за термин, ама ако си итен ќе те примаат уште истиот ден, барем кај мене беше така.
    Во секој случај не се споредуваат чекањата во Мк и тука, ниту пак опременост на клиниките.
    Едит: упут секој пат кога било потребно сум добивала, испитувања кои смета докторот дека се непотребни не сум можела и јас да направам.
     
    На Mari* и WildMk им се допаѓа ова.
  18. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Систерот се пакуваат, следна недела летаат назад за Македонија. Ајде мрш, не можам да ги смислам веќе, ми обеле косата од нив :envy:


    Ми вика преска : конечно ќе си се вратиме назад за Мк да се извидиме со пријателите, да излезиме ко луѓе на кафе, па на трач шема по рестораните, па на гости, сето тоа дружење што го немало тука, ќе си го надокнади во Македонија.

    Ја прашувам , а за работа ? Ами вика, ако треба за 200 евра ќе работам ама ќе го живеам животот, несакам да се мачам ко црнец , плус нема потреба да дава пари за кирија, немало да се става во трошок за месечна карта за превоз, ќе си нашла работа да и е блиску до дома за да не мора порано да излегува од дома да стигни на работа и најбитно комуникацијата на македонски и олеснувало се.

    Ма иди обеси се бре мрзо светска, сакаш пари а не ти се работи. Засрами се, циганиве научија и германски и по 10 души спијат у стан , живеат сложно, вас не ви чинел животот тука.

    Мрш и да не си ми спомнала уште еднаш да доаѓаш наваму.

    Прашај си ги другарките од МК ако ти треба помош, пичкати матер :envy:
     
    На Фиона.Фи, Girly90, marlonbrando69 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.499
    Herrera , ме изнасмеа, знам дека мачно ти е, ама напишано за друг се клештам ко нездрава, јасно ми е се:rofl:.
    И од Австралија познавам вратени, што ќе ринтаат таму кога во мк кирија можат да земаат од имот овие кои ги знам. Секој со паметот. Ко попчиња се вратија на лесно.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    И јас овде за термини не чекам повеќе од 1 недела,се случило само ако ни се матичните на одмор па замените да не зезаат
    Баш сега брзо ми дадоа упат за ортопед и добив за 5 дена термин
    Можеби дека сме во помали места :wasntme: за огромните градови не знам како е

    Да не сум офф
    Да ме тераат не си одам од овде
    Нема живот како во Мк а и не фала за таков живот
    Освен фамилија друго ништо не ми фали
    И овде има кафичи,ресторани,дискотеки
    Храна каква ќе замислиш,од македонска до тајландска кујна
    Пријатели имам и повеќе од доволно
    Во главно се што посакував некогаш од животот го добив и достигнав овде
    Нешто за кое сигурно во Мк уште 20 години не би можеле да го достигнеме
    Това е това :D
    Btw за Германија зборев :angel:
     
    На Didi666, mKdevojce, Esmeralda-MD и 12 други им се допаѓа ова.