1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каков е животот во странство?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mrazam.celulit, 9 јули 2010.

  1. minneymouse82

    minneymouse82 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Сега ја читам темава. Јас сум во Мелбурн скоро година дена. Слободно пиши ми ако имаш некое прашање.
     
  2. KeBideLi

    KeBideLi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Јас сум во Германија. Живеам во помал град каде што нема многу странци општо, па така и балканец е реткост да сретнеш. Од Македонија заминав затоа што ми се смачи менталитетот и досадниот живот. Не дојдов за пари. Дојдов како студент, па немав фамилија која чека да ги ранам.
    Сега веќе работам (информатика), заработувам добро, па можам да си дозволам да шетам на места за кои можев само да сонувам ако останев во Македонија.
    Среќна сум тука. Никогаш не ми се случило ништо лошо. Никој не се однесува со мене како некоја од страна.
    Пред да дојдам, и јас имав слушнато дека германците се "ладни". Не мислам веќе така. Само е потешко да стекнеш доверба. Кога веќе си близок со некој, тие ќе дадат се' за да ти помогнат. А за оговарање, никој не се замара за некој друг што направил, што рекол итн. И, ако не кажеш сам нешто за себе, никој нема да те праша затоа што е некултурно да се мешаш во туѓа приватност. Секој ден во продавница имаш: Добар ден.....До гледање. Имајте убава приквечерина. Ако е петок: Имајте убав викенд.
    Кај нас во продавница ни Здраво не ми викале...
    Ок, ми фали семејството и другарките. Се слушам секој ден, ама не е исто. Сепак, одам колку што можам почесто дома, па се дружам со сите.
    Ама не ми фали одењето на кафе, каде сите се дотерани и нашминкани ко за бал и стојат така здрвени за да бидат видени, а не за да се видат со другарките.
    Имам друштво овде, најчесто интернационално. Си се гледаме еднаш неделно и таман ни е.
    Се' на се' среќна сум што донесов одлука да дојдам тука и да научам многу повеќе во сите можни аспекти од животот.
     
    На eliesaab, teressa, GirlRose и 34 други им се допаѓа ова.
  3. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.231
    Пол:
    Женски
    Уфф... За жал уште сум во МКД бевме во Швајцарија одмор и од тоа што таму го видов во тие 14 дена сега да можам сега си одам по пандофли за дома :lol::lol::lol::lol::lol:културни луѓе, чисто, средено, бесплатно здравство и образование.... :l:По 20 саати ќе работам и ич нема да жалам(y).... Проблем е со овие луѓе што одат таму и се со високи очекувања, значи нема да си од старт шеф, благајник, лекар (секоја чест за исклучоци) и веднаш ко ќе ги прашаш како е што е, веднаш како Мкд никаде нема.... Е ај седи со 12000 плата:?:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    Бо Швајцарија бесплатно здраство и образование?? Некој овде многу те излажал.
    Овде се вели: Во Швајцарија ништо не е гратис.

    Види, дури кај лекарот десинфекцијата што ќе ја напраскат по столот ја плаќаш.
    Овде Здраството е многу скапо ние сме 5-члено семејство и само за тоа идат по скоро 2000.- месечно.

    Ако одиш на лекар исто сам плаќаш на пример до 1800.- а после ако направиш повеќе од тоа дури тогаш превзема осигурувањето.

    Друго, образованието ако ти финансира фирмата добро иначе кој ќе плати повеќе од 20000 ??

    Тоа е така кој ти кажал дека е бесплатно те зезнал.
     
    На minneymouse82 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.231
    Пол:
    Женски
    Да плаќаат месечно меѓутоа не плаќаат при посета, бев со нив на лекар и ништо не плати ја, никаква белешка не им дадоа, потоа за образование исто дечињата имаа добиено книги тетратки прибор се од училиштето. Исто знам дека плаќаат данок на крајот од годината и тоа многу висок. За високо образование си плаќаш сам, за тоа апчицирав знам како оди.
     
  6. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    Па не платиле затоа што на крајот на месецот ти доаѓа уплатница и плаќаш плус месечно и плус тоа што си бил на лекар.
     
  7. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.364

    Исто.

    Затоа и се нервирам. Албанците оставаат многу лоша слика , па испаѓа дека македонците биле агресивен народ, насилен. Само кога би знаеле дека сме мирен народ :(

    Штета, не можеме да дојдеме до израз и апсолутно си во право, како да не знаат дека во Македонија има Македонци.



    *********Објаснување зошто спомнувам Албанци*************

    На работа конфликти прават албанските патници , македончето е мирно, ќе се помири, ама албанците се бааги агресивни , па земајќи го фактот што 90 % се албанци остава многу грда слика кај Германците - тие си мислат дека уствари Македонецот не почитува ништо, не сака да доплати екстра кила, се лути, се расправа, глуми.....а цело време сите тие кавги се предизвикани од Албанци.
     
    На Ursi, Dadusicka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Културно, чисто и средено е помалку или повеќе, секаде во ЕУ. Во една Грција на пример, јас куче и маче уличарче немам видено, веројатно некој систем функционира. Си зависи и од менталитетот, шпанците и португалците праат повеќе гунгула (веројатно и Италијанците , ама таму не сум била), па животот е веројатно посличен на балканскиот, повеќе се дружат, подолго свети сонцето, подоцна се оди да се спие .Посеверно е постудено, потемно и посмирено.
    Не се проблем луѓето со високи очекувања, напротив. Ако си по професија лекар, и во странство ќе бидеш лекар, ако си бил шеф, па би требало да си бараш работа како шеф. Ама треба да си на нивото, не може, јас бев шеф на тројца кај Митре комерц, сакам да бидам шеф на производство во фолксваген.
    И јас како @KeBideLi живеам во помало место, и наспроти големите градови, луѓето се пријателски, спремни да помогнат (во автобус на пример со количката со бебе) и не се мешаат во туѓи животи.
    ЗА здравството само знам дека овде не постои НаПриватно. Постојат нормално приватни клиники, специјалистите и општите лекари со свои ординации се исто приватници (примарно здравство), секундарно и терцијално има и државни и приватни, ама за секаде важат истите правила. За ехо на пример ти треба упат и сегде е помалку или повеќе исто време на чекање и иста партиципација(минимална), процедурата си ја покрива осигурителната компанија (еквивалент на фонд за здравство ). Е сега, зборувам за луѓе со легален статус на престој и здравств.осигурување, за различни категории на странци, може да е различен типот на осигурување.
    За образованието уште незнам доволно какво е, ама децата во градинка велат госпоѓо учителка , мене ми е тоа сигнал за некаква убава култура... Да сме живи, па ќе видиме.
     
    На Ygritte, sanja.burgundy, Petar80 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    34.223
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден шефицата ми рече дека прогуглала за да види кај е Македонија и дека всушност Македонија била пола Грција. (wtf) Кај Македонци нема па уште и држава Македонија дека нема ми фалеше да слушнам. :shake:
     
    На Dadusicka, Herrera и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Аман, не се нервирај, нема да ја оправиме. ..Не се европјаните должни да знаат, тие што беа задолжени за тоа, ја изгубиле утакмицата со автоголови, и сега тоа е...
    Јас сум чула дека Кирил и Методиј биле Грци, пошто нели од Солун, кој нели е во Грција(facepalm). Ама тоа нема врска со темава.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Јас имам малку подруго искуство.
    Ова одамна беше ама сепак и тоа од професорка по историја
    Почнавме да учиме лекција за Александар Велики и проф. Ме стана конкретно мене и ми рече сега ти раскажи што знаеш за Александар Велики како Македонка :).

    Тоа со Албанците исто го има.
    Т.е јас порано им се објаснував дека всушност така и така е. Дека ние сме православни и Македонци дека не сме Албанци дека точно е како што овде има најразлични луѓе исто и кај нас живеат Албанци.

    Колку од нив се запознаени и знаат што е како е не знам. Битно не мешаат и нас тоа е точно.

    За околу Грција сум немала искуство.
     
    На anaja1, gjoker4e, Dadusicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.364
    @gjoker4e , проблемот е што конкретно овде кај што сум јас, Албанците ја преставуваат Македонија бидејќи ги има во голем број така што од 220 патници , 20 се Македонци , а 200 Албанци.
    (на форумов пишувам од искуства со наши кога сум на работа )

    Нон стоп има кавги, се нешто не им е погодено, се обидуваат со мито и корупција оти така се научени од Македонија , сакаат да им се попушти кроз прсти, воопшто немаат респект.

    Епа не можам јас да трпам некој да ми вика над глава цело време, да изиграва мангуп и да сака да биде по негово, да си измислува он некои негови правила и згора на се и насилен.

    Затоа одма реагирам остро и НЕМА НИКАКВИ ШАНСИ да го бранам....Со таков однос кон мене, нема шанси да застанам на негова страна.

    Вака сигурно ви оставам впечаток овде на форум ко исфрустрирана, нервозна кучка , но она што го правам е почитување правила како што ни е кажано.


    Затоа и спомнав погоре, не можеме да дојдеме до израз ние македонците , малку не има + премногу сме мирни.

    Изгледа Јужна Германија повеќе има Македонци отколку тука .
     
    На teressa, candy.cane, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Јас
    Јас скроз те разбирам што сакаш да кажеш :)
    Тој што видел / доживеал знае...
     
    На gjoker4e, Dadusicka и Herrera им се допаѓа ова.
  14. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    Така е.

    На пример пред неколку недели излезе вест во Швајцарија дека една “македонка” по име Арда Б. пребодела некое 14 год. дете бидејки сакала да го намести свекорот Блерим Б. да оди во затвор.
    И кога на судот ја прашале зошто го сторила тоа рекла: Така се работи во Македонија.

    Кога ги читав коментарите од швајцарците и другите нации за нашата замја и народ душата ме заболе.

    Ние Македонците за жал не можевме сами да си ја изградиме нашата репутација. Други го сторија тоа за нас и не мислат дека сме агресивни.
    Многу ми пречи тоа.
     
    На teressa, Tanjamm, dayla и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Сакам у Германија... :((
     
    На KeBideLi и Alita им се допаѓа ова.
  16. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.087
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја што живее во Словенија?
    Доколку има нека ми пише во порака, би сакала да ја прашам во врска со нешто.
     
  17. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Има некој што живее во Чешка? Како е животот таму?
     
  18. ..Queen..1998

    ..Queen..1998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2017
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Има ли некој што живее во Италија?
     
  19. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    10.404
    Пол:
    Женски
    @vitamina
     
  20. menina

    menina Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2020
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Јас сум во Шпанија. Најдобра одлука во животот!
    Дојдов на некој месец да ја запознаам културата и научам јазикот пред година и пол и сега не се гледам никаде на друго место. Дојдов во мк на кратко да средам документи и одма се вратив.
    Безбедно, народот има култура, економијата расте и добро се заработува, додека цените се прилично ниски ко за ЕУ и западно европска земја.
    Во Германија луѓето од балкан ги гледат сосема другачие неголи тука. Еднаква на секое поле со останатите луѓе.
    Има живот што е најбитно. Не е само работа и дома. Се живее за празник и фестивал.
    Во 5 сабајле после диско можам во метро во Мадрид да се качам и никој не те чепка. Едина опасност е дека во центарот ќе ти го украдат новчаникот што е типично за големите туристички места.
    И нема кучиња скитници по улиците. Нешто што во Македонија не го поднесував!,
     
    На eliesaab, teressa, firequeenn и 2 други им се допаѓа ова.