Дали може некој што живее во Англија, поточно за Лондон, да сподели искуство каков е животот таму, колкави се трошоците, кириите, образованието, и дали воопшто е можно за тричлено семејство (со дете од 4 год) да пројде барем за почеток со 3600£. Работата е што ние моментално живееме во друга држава во североисточна Европа, тука маж ми има стабилна работа и се е супер , но има понуда од Лондон, за гореспомнатата плата, па сме во недоумица што да правиме, бидејќи немаме инфо како се трошоците за живот таму. Фала ви
Братучед ми живее во Корк, Ирска и лани бев на месец дена. Претходно мислев таму да аплицирам за мастер али искрено Скопје ми е по жив од таму. Премногу тмурно време, цени ужас високи. Он живее некои 15тина минути од центарот ама можеш само да идеш со кола или автобус, кој беше нередовен така да некогаш чекаш 5 мин, друг пат и по 30 мин. Исто навечер после 10 мислам и немаше автобус, така да журки, искачања тешко. Опциите пешки или со точак беа невозможни, се искачаше на автопат одма и ако сакаш до други градчиња и слично, автобус изгор, а такси дупло. Братучед ми има висока плата, девојка му пример е МУА и има минимална плата, самата кажуваше со тоа не можеш да преживееш. Она е прва да се преселат за Македонија, нејзе и е тотално различно и повеќе и се свиѓа. Сега ги гледам Данска и Холандија како дестинации, ги имам посетено, супер впечатоци ми има оставено. Ако некој живее или студира би сакала да слушнам искуство, позитивни, негативни страни.
Има како предности, така нормално и маани. Мене ми беше интересно, самaта независност правеше да се чувствувам повозрасно од тоа што сум. Кирија, сметки, снаоѓање низ сосема нов град. Распоредување на пари, одредување приоритети и силна желба за да се заштеди, што тука не можев да ја најдам. За човек кој е екстроверт, како јас, мислам дека периодот на адаптација трае малку пократко. Многу брзо најдов колеги со кои ми одеше супер дружба, во слободни денови ме шетаа низ градот, пробувавме различни специјалитети на места кои варираа со цените, научив некои зборови за основна комуникација и ми останаа како контакти на кои можам да се ослонам ако повторно сакам да се вратам. Конкретно, Унгарија е земја со тежок народ, не сакаат странци и ги гледаат како закана. Првично на работа ми беше тешко се додека не ме запознаа малку подобро и додека не стекнаа доверба. Големи патриоти се, англиски не сакаат да зборуваат освен кога мораат, дел зошто не се сигурни во своето знаење, дел поради национализмот кој веќе го споменав. Не се услужливи, далеку од емпатични. Има многу крадци и бездомници, имаат повисок стандард од нашиот што е нормално и конкретно мене, висината на киријата ми беше најголемиот проблем затоа и решив да се вратам, не можев многу да заштедам. Сума сумарум, препорачувам искрено на секој кој ќе му се укаже шанса да ја искористи, отиде, види и проба. Како искуство значи премногу.
@Ava.84 живее во Берлин, јас се преселив во Штутгарт и искрено тука е ненормално многу скапо киријата за разлика од Берлин. Општо за животот тука има балкански фамилии а македонци само 2 фамилии сретнав, тоа се маж, жена и си имаат и деца така да не се дружам баш. Работа има колку ти душа сака, да се бира , за разлика од Берлин се осеќа дека е помал градот, е друга работа што ја имам приметено е , во Берлин претерано многу сретнував мигранти од Сирија , а тука е почисто од арапите, не дека ги нема, ама повеќе има турци и балканци отколку арапи. Друга разлика , во Берлин на улици има што просат многу, а тука во Штутгарт ретко среќавам, некако е почисто. Германскиот дијалект ми шушка многу овој дел, во Берлин почисто ми звучеше јазикот, ама се навикнав на дијалектот. Не знам што конкретно те интересира, јас не одам по кафичи и клубови, во Берлин има журки нон стоп, другарка ми од Хрватска што ми беше најблиска таму цело време беше напушена и одеше на техно журки во дискотеките. @Ava.84 нка пиши повеќе инфо за Берлин, она е фамилијарно таму , па од нејзина страна да сподели мислење.
Па да имам слушнато дека Берлин го сметаат како poor but beautiful како што имам читано по страници. 3 милона град е, ваљда ќе се најде нешто асално м? Колку време живееше во Берлин и колку имаш ти ако не е тајна
Некој да сподели искуство за живот во Шведска, Данска, Норвешка? Не би да тагнувам никого затоа што немам некои конкретни прашања, далеку сум од можноста за селење ама како опција си ја чувам за во иднина. Најмногу ме интересира дали животот таму е премногу скап, ќирии, храна, излегување. За 2 години (надежно) ќе дипломирам, по струка ќе бидам инженер по хемија па ме интересира дали вработуваат странци во таа област.
Јас живеам во Рајнфелден-Баден Германија 1 година. Град кој се наоѓа на самата граница до Швајцарија. Македонци нема многу. Од другите нации највеќе може да сретнеш италијанци, турци и албанци. Кириите за двособни станови 50-60 квадрати се движат од 800 до 1200 евра зависи од локација. Младите не одат многу во кафичи и ресторани. Тие почесто одат покрај Рајна на брегот. Таму пијат пиво, кафе, пушат џоинт, прават скара итн. Петок и сабота навечер одат во шиша (наргиле) бар, потоа диско. Овде имам забележано младината не пие многу кафе строго ред бул. Храната им е многу полоша од мк. Цените во маркетите горе доле како во мк нешто поевтино, нешто поскапо. За викенд доаѓаат швајцарци пазаруваат најчесто од маркети, бутици, цвеќари итн. Ако ве интересира нешто др. прашајте ќе ви одговорам слободно поздрав
Берлин не е Германија да знаеш.Распашана команда,гаден и смрдливПоголем од 3.5милиони.Во 2014имав податок дека има околу 5000 Македонци.Имам само на еден налетано, а живеам 7години. Полно е со Арапи кои се главните за дрога.Полно е со дрога.Во последните години мислам живеам во Сирија Ќириите не се скапи од ноември има ограничување за зголемување на кириите па нема да растат некоја година. Тука е полно со туристи и е секогаш живо .Каде седат и кај се собираат не знам.Јас со мојата фамилија за викенд сум надвор од Берлин.Берлин е голем ама и зелен.Има многу паркови , места да се прошеташ.За со кола е често застој и гужви.Во Берлин може да отидеш во некоја институција и на англиски да зборишПолесно се добива престој и све за разлика од другите градови. Марихуаната не е легална ама се купува во шпет кауф. Храната сигурно нема да ти се свиѓаЈавниот е перфект.За 63,63€имаш абонирана годишно-месечна карта АБ зонаГрадинка не се плаќа т.е само за одржување 45 евра.Еден куп други поволности што другите покраини ги плаќаат. Не е пур бат бјутифул туку арм аба секси(сиромав но секси) Не дај боже да треба берлински да разбереш уши како радари ќе си направиш
Јас имам фамилија во Шведска и Данска Шведска ако не работат двајца души не можеш глава да крениш од плаќање стан сметки и друго Данска пак е доста поефтин и поголеми плати земаат. Храната исто поефтина е ама и Шведска и Данска имаат големи маркети како Лидл и таму можеш да најдеш ефтини работи. За Норвешка би кажала е прекрасна држава само многу ладна и нема луге, се планини се една куќа е овде друга 3км подалеку и е доста поскапа за се. Ти ако планираш некогаш да одиш најубо ти е да имаш некој таму каде би престојувала колку за почеток и да видиш како изгледа живеењето таму. Јазикот им е тежок и грд ама и тоа се учи Маж ми ако го прашаш сепак би рекол Шведска е подобро и поубаво за живот и за шетање. Никој не се вратил од таму до сега.
Не знам дали е соодветно овде да прашам, ама вие кои живеете надвор од Македонија, имате националност со која претпочитате да се дружите? Не ви прави разлика дали е Македонец, Австриец или Кениец, или ви прави?
Ретко се дружам со Македонци. На работа сум со Малтежани, но има од мешана националност. Многу научив од странциве и мило ми е за тоа.
Ние сме Австрија одамна. Поправо мајка ми е родена тука, јас порасната, малава си ја родив тука. Се познаваме со Македонци ама се дружиме само со 2 фамилии кој се исто така дојдени повеќе од 20 години. Јас со млади луѓе наши не сум имала контакт. Учев во школи кај што беа претежно Австрици, за малава исто планирам така.