Како ви се допаѓа животот во странство? Прашањето се однесува за тие што живеат во странство и нормално за тие што сакаат да ми одговорат.
Мене искрено ме интересира како и преку што наоѓате работа кога ќе отидете во странство? Не сум многу запознаена со тоа.
Една професија може да е различно платена, затоа тие податоци се земаат со резерва. Е сега 4000 евра за келнер ми е за неверување. А истиот тој да му кажеш ај види за работа таму кај тебе да види како ќе реагира, епа знаеш колку треба да работиш за таа плата, па нема тешко е. 3000 евра знам дека земаат вработени во фирма за иселување и електричари. Мене надвор од форумот ми изгледа дека повеќето се жалат дека земаат малку. Демек сите на минималец, а уствари се дупло.
Прашањево. Пишуваш на гугл џоб/арбајт таму и таму и ти излегува некој портал, агрегатор на огласи за вработување. И тоа би било.
Dobro vecer Decki me interesira Dali nekoj ima iskustvo ili Pak. Vekje zivee vo holandija, Kako ide so mk pasos da se zamine, jas sum so stranski pasos ama mm e so mk pasos, sakame da zamineme Kako se uslovite tamu, opshto sekoja informacija e dobredojdena blagodaram odnapred
Може да заминете кај сакате, само некој од вас треба да има најдено таму работа. Нему како сопруг на еу граѓанин му следуваат истите права за вработување. Како е во пракса сега во корона време, никој не би знаел.
Па не е баш така, како сопруг на ЕУ пасош првп треба да му се направи виза на основ брак, а побрзо би одело доколку има договор за работа. Не е тука тука лесно, бар не Австрија. Јас знам случаеви имаат одбиено сопруг за престој од причина што не ги исполнуваат условите ( стан на свое име (под кирија) и доволно средства за да се издржаваат и двајцата додека најде тој работа). Е сега, виза како на ЕУ сопруг доколку е од друга држава, не таа каде што веќе ќе живеат добивс на 5 години, а еве Австрија, доколку има Автриски пасош важи Австрискиот закон, а не Евопскиот, па добиваат на 1 година прва виза, после мора да има и курс завршено и работа доколку сака да продолжи. @nefi амбасада прашај си за точно инфо, тука ќе сретниш еден куп различни искуства и мислења.
@nefi прочитај си ги официјалните страници на интернет, доволно се транспаренти и јасни https://ind.nl/en/eu-eea/Pages/Family-member-with-different-nationality.aspx Сепак, некој од вас мора да има таму најдено работа и логично стан, како и зошто поинаку би биле таму? Понекогаш се заборавам дека многу работи што ми се мене логични не биле општо логични,
Вака од мое искуство мислам дека сите државни членки на еу работат по принцип во твојот случај мажот ти штом има еу пасош да замине во одредена држава, почне да работи, најде стан и ако ги задоволи овие две работи поднаса виза за фамилијата. Обично вака одат тие работи. Во твојот случај е вака и предност што маж ти има еу пасош.
Сум се побркала. Тогаш таа нека бара работа таму, па нека си го повлече маж и. Познавам куп вакви жени што успеале. @nefi
Женички може ли да ме упатите како би поднеле докуменѕи за рабоѕна виза за во Шведска,кои се условите и јас и мажуле сме со мк пасоши
Здраво.Може не за овде постов но ќе поставам прашање.Сопругот замина за Австрија.Нема контакт со нас не дава развод.Добивме информации дека е можно за нас да зема пари детски додаток и пари за одвоен живот.Но нас не ни ги праќа. Ако има некој од Австрија да ми ги кажете овие правила.Ви благодарам поздрав
Животот во странство и целиот систем е милион пати подобар од нашата сирота земја,тој што се вратил од странство назад за македонија очигледно е неработлив друго немам што да кажам.
Детето е родено каде? Има адреса во Австрија? Доколку не, нема право на детски додаток, до 18 години родителот има право на детски доколку се на иста адреса, второ доколку детето не е родено во Австрија, детскиот додаток не е автоматски, што значи мора да поднесе документи дека живее на адреса, има виза, е-карта. За одвоен живот можно е да зема пари, се пак зависи кај се води детето, не само финансиска помош туку и не плаќа превоз, пола стан, пола интернет, не плаќа медикаменти.. без детето да се води кај него, не ми се верува дека ги има средено овие работи, дознај, ако зема незаконски пари, ќе мора се да и врати на државава.
Животот секаде е ист.Секаде има и богати луѓе и сиромашни,и директори и работници.Кој колку работи толку и ќе има.Е сега работата е што во странство на некој начин институциите функционираат беспрекорно,иако не баш,никаде ништо не е совршено.Но,барем не е како кај нас.На пр.медицината функционира добро,а не како кај нас неписмени лекари и доктори.Образовамието е вреднувани,а не како кај нас неписмени партиски наставници. Друго патната сигнализација е безбедна ,а не како кај нас да ти е страв на пешачки да поминеш.И за крај луѓето се љубезни,а не како кај нас прости. Јас толку имав да кажам,се надевам не згрешив,а и мислам дека не погрешив.