Па не знам за другите но јас надвор од Македонија не можам да издржам повеќе од 3 месеци. Бев Лондон 3 месеци и не можев повеќе, а требаше да седам 6 месеци. Едноставно не можам да се навикнам на таквиот живот.
Како што гледам има и убаво но и лоши коментари за животот во странство. Кој како си ја почнал работата, некој повеќе работи а некој пак помалку. Јас имам еден куп роднини во странство, овде во Европа, во Америка, Австралија....И за сите нив можам да кажам дека живеат прилично добро. Не ми се сите блиски роднини, но се гледа од слики, од ова, од она...Како се облекуваат кога ќе дојдат овде...Знаеме дека изгледот не секогаш ја кажува вистината, но неможеш да кажеш за нив дека не им е убаво. Мое мислење, насекаде во странство е барем малку поубаво од овде. И навистина сакам да одам во странство кога ќе завршам факс, овде нема иднина ни за мене ни за моите деца итн...
Јас сум во Словенија и мене ептен ми се допага тука,си се навикнав и да ви кажам попримав многу од овој менталитите тука,ако работиш има ако не работиш нема,но овде па не познавам никој кој не работи (освен јас) ама ок моето е друго...едноставно нема трач нема лицомерие секој за себе и чао пријатно...Мк ми недостигаше на почеток (малку) сега ИЧ! НЕ се покајав ни еден момент што дојдов тука (заради моето либе)
И јас живеам во странство. После извесно време животот продолжува, работа-дома-работа-дома но мене така ми беше и во Македонија не дека имаш време да се шлаеш по улиците секој ден. Си постои ред и голем дел од луѓето ги почитуваат правилата. Кога се вратив во Мак после 2 години искрено многу работи ми сметаа. Освен задоволството да се видам со семејството и пријателите како и да си каснам од храната подготвена од мама не беше којзнае што. Се наредиле комшиките сите да те испрашаат за ќерка и дали можам работа да најдам или ајде кога ќе ги повлечеш твоите зарем овде да се мачат А за дружењето јас овде немам проблем. Маж ми има многу пријатели и јас се дружам со нив, баш супер ме прифатија неможам да се пожалам. Може ке речете дека сум злобна ама јас кога се качив во авион за заминување си помислив еве за 9 саати ќе бидам дома.
Баш така, а некои другарчиња од нашиов менталитет башка знаат и да го растурат семејството со трици јадење... Ми е гајле шо се ладни, ние па ептен топлите да не сме...колку мои другарки, убави, згодни, паметни со нормален social life не можат дечко да фатат од топлокрвниве наши Не еднаш сме праеле со мм муабет на темава...и заклучок, да имаме можности и некој оттаму да не поттурне, одма идеме
Живеење во друга држава Како што гледаме во Македонија целта на повеќе млади луѓе е да заминат да се образуваат, да работат и да живеат во некоја друга поразвиена држава. Сето тоа со цел да живеат подобро, побогато, да бидат поуспешни, со надеж дека таму ќе го најдат она што го бараат. Бидејќи овдее влaдее сиромаштија, невработеност, неправда итн. Многу од нас заради овие и многу други причини сакаат да си ја пробаат среќата на друго место. Но која е всушност вистината и што се крие зад сето тоа? Зошто тие кои живеат таму едвај чекаат да дојдат овде, а ние да заминеме од овде? Дали е навистина така како што си замислуваме или не? Кои се предностите, а кои се недостатоците? Па, повелете , да споделиме искуства и мислења!
Живеење во друга држава Нема скриени финти, демек и таму не е мед и млеко...Не е ама ако не работиш. А дека трудот е многу повеќе платен тоа и пилците го знаат...И тука веќе се работи од мрак до зори а платите мизерни, но ние сме навикнати на малку па и некое мало бедно покачување ни дава надеж и радост...Па штедиме неколку години за да на пример смениме кујна или некои џиџи миџи, да се освежиме дома и тоа ни е некакво достигнување...А што на прсти се брои колку пати сме ја напуштиле државата за шетање, пардон многумина од нас ни Македонија не можат да си дозволат да ја видат...тоа не е за нас...Добар автомобил такоџе не е за нас, резервиран е за некои генијалци, среќлии или мафијаши Тие што сакаат да се вратат ги мава некоја носталгија за Македонија како што некогаш ја знаеле, плус нели за најблиските, за корените...Ајде натерај ги да се вратат ама да живеат со нашите плати, после она што го живееле во странство? Нема шанси, после првичната возбуда ќе си се качат на првиот авион назад... Имам многу роднини во странство, знам како е, здравје планирам и јас да бегам...Не оти немам леб да јадам, живеам прилично ок живот, а под ок мислам колку да не сум гладна, боса и доволно за сметки-нели и тоа е успех во Мк. А дека заслужувам подобро и дека тука нема да го најдам колку и да се трудам освен ако не ме мавне некоја луда среќа, тоа го знам... Си кажувам за себе, секоја чест на оние кои сами успеале овде...
Живеење во друга држава Што се однесува до мене, јас никогаш немам живеено во друга држава и не знам како е. Но, би сакала тоа да го сторам во иднина. И јас мислам дека има поголеми можности за успех (се разбира дека не е сервирано на табакера) но, мислам дека ако се потрудиш ќе успееш, а кај нас колку сакаш труди се ако немаш вујко кадија џабе е се. На прсти се бројат таквите кои успеале вистински, речиси и ги нема...Мислам дека животот е подобар, има што да проживееш, што да видиш, и повеќе да си дозволиш...
Живеење во друга држава Многу млади си мислат дека ако отидат во странство сите проблеми ќе им бидат решени, а страшно се лажат. Познавам барем 5 луѓе што отидоа во странство да студираат и после година се вратија-трошовите како странци на факултетот се многу поголеми, да не зборуваме за трошоци како кирија, сметки.Учиш на туѓ јазик и за да се пробиеш треба да се трудиш мнооогу повеќе од тука.Ризикот дека нема да се снајдеш во средината е исто така огромен. Ако одиш кај свои роднини, ако земаш стипендија е можеби полесно, ама сепак не е воопшто розево и како што повеќето си мислат.Те убива носталгија, сакаш да си дома, да има кој да ти свари чај кога те боли стомак Глупав пример можеби, ама така е Претпставувам дека е така и за работење-треба да се покажеш многу за да видат дека вредиш повеќе од нивен човек.Си имаат тие свои луѓе за работа, не делат туку-така на странци.
Живеење во друга држава Нема финти, одат рмбачат таму и парите ги трошат тука, па изиграваат богаташи. Вистинскиот богаташ не рмбачи во странство, за да се перчи во Македонија. Зошто ги трошат тука? Зошто таму има поголеми дневници, ама и поголеми трошоци, поскапи работи. Затоа.
Живеење во друга држава Не верувам дека постои некој кој барем еднаш не помислил за можноста да ја напушти матичната држава и да си ја испроба среќата на друго место. Дури и оние кои имаат идеални примања имаат причина: подобра клима, мирен живот на море, на планина, апартман на Менхетен и слично, но сепак најголем дел сакаат да ја напуштат земјата заради лошата финансиска состојба и неможноста за напредок. Сметам дека пред човек да се одлучи да мигрира треба убаво да ја проучи културата на другиот народ, традицијата и обичаите. Голем дел од оние кои се покајале и се вратиле е заради тоа што доживеале културен шок и не успеале никако да се привикнат на тамошниот начин на живот. Луѓето се залажуваат дека се е мед и млеко "на запад" и не се свесни за тоа какво разочарување можат да доживеат доколку заминат неспремни, без план или идеја што ќе прават доколку не тргне се според замислата која неретко е нереална фантазија. Оние поупорните никогаш не се вратиле и нема да се вратат зашто успеале да се снајдат и да достигнат барем дел од очекувањата и успеваат да ја занемарат носталгијата која верувам дека е присутна кај секој еден кој се одвоил од родното место, од семејството, пријателите и луѓето кои ги познавал и сакал. Постои уште еден тип на луѓе, кои ги спомна некој пред мене, тоа се лажните печалбари односно гастабајтери кои мака мачат да заработат некое евро и јадат сув леб и маргарин секој ден ама затоа кога ќе дојдат тука ја рентаат најскапата кола на ден, се китат со злато (наследство од прапра баби и дедовци), се пуваат со скапи пијачки додека вегетираат по кафичите и обавезно зборат со некој нагласок со кој се стекнале во таа година додека р'мбале ко црнци Во секој случај носталгијата кон дома е голема, но не и пресудна за некој да не остане во туѓина доколку сите други коцки му се наредени и има живот за каков тука може само да сонува.
Живеење во друга држава Апартман на Менхетен...??? Ако си ќерка на Доналд Трамп, може. Нашите во странство едвај една ќука ако купат и тоа земаат доживотен кредит за тоа. А тоа богами, можеш и тука да си го дозволиш. Се живее, онака ...од пижами директно во одело за работа и така секој ден. Братучедка ми во Минхен работи 2 работи, а едвај чекаше да и дадат одмор за да види море во Грција и езеро во Македонија. Таму, од Германијата ни Г не виделе. Признавам да си во странство, ама барем да си прошетан човек. Ако седиш дома по цел ден и само на работа, поарно тоа нека биде барем твојата дома. (мој став)
Живеење во друга држава Дефинтивно Германија! Сум била и сакам да одам но мора да кажам дека имам кој да ме подрже и да ме донесе до голем степен па потоа да продолжам инаку така треба многуууу да се трудаш за да постигнеш де куќа па кола па тоа па она ова!
ако може некој да ми каже нешто повеќе за животот во Италија...рим или милано..сигурна сум дека е подобро од скопје..али сепак..сакам да напредувам некаде во странство..бидејки тука знам дека колку и да се трудам ,мали се шансите многу да успеам..иако сум многу амбициозна
ние сме во Германија и супер ми е,веќе 4 години.во меѓувреме бев 8 месеци во Скопје,супер ми дојде,се видов со сите роднини пријатели,излегував секој ден,работев па не ме исплатија,си уживав,ама многу работи ми сметаа порано што не сум ги приметувала многу-нередот,корупција,се со врски што иде,такви работи.Европа и не е далеку,за 2ипол саати сум со авион во Скопје.сакам тука да останам а да доаѓам често во Мк,тоа би било идеално.сега имам и детенце и сакам тој да ја засака Македонија и да ја чувствува како втора татковина. qqq сум слушнала дека и во Шпанија и Италија е слично ко кај нас,и со менталитетите сме тука некаде. И таму има многу корупција,невработеност и слично.имам тетка во Рим и она го кажува истото. Ја на секого би препорачала да дојде на некое време во Германија,има многу опции да се надоградуваш,да работиш,да учиш,а ако ти се погодат луѓето и тука има добар ноќен живот,не е така како што викаат тука само работиш и ништо друго
Живеење во друга држава Не сум имала шанса, но како и повеќето млади луѓе сакам да си ја пробам среќата надвор од земјава. Тоа ми е приоритет . Животот секако е подобар, зависи каде но во Западно Европските држави има поголема култура, подобро образование, поголеми шанси за вработување. Покрај другото тие таму знаат повеќе да уживаат, се многу поопуштени. На пр. незнам некој роднина од татко ми сега излегол на пензија,после долги години живот и работа таму па со жена му си купиле оние како ги викаат комбиња со се внатре и патуваат низ Европа. Тоа е како дедо ми и баба ми да одат низ Европа на авантура, па јас тоа не можам да си го дозволам и воопшто младите луѓе., па камо ли тие. Ако не сте носталгични, ич да не му ја мислите. Прва прилика и магла .
Живеење во друга држава Стварно еј. Видете ги бабите и дедовците од поразвиените држави...Германија, Англија, Франција и останатите... Си одат на одмори, си го печат задникот на плажа, си одат по забележителности... И како се облечени...не како нашите со стара облека купена пред 10 години и истата ја носи милата за надвор, зш нема пари да си плати струјата, камо ли да оди на шопинг... Во Шпанија ти требат 15 години стаж, да излезнеш на пензија, не како тука 40 и кусур години...Таму е пензијата е 1000 евра - да немаш трпение да се пензионираш , а ...ами кога се двајцата живи и земат по таква пензија, како да не си дозволат да појдат во Египет?!?! Ебате глупавите држави, кои ги има на Балканите... Го терам мојот да одиме во Англија, малце се дрпа, сака да се занимава со тоа, кое е почнал и да отвориме книжара. Ако заминеме за Англија, нема да отвориме книжара после 5 години мачење, а ќе отвориме после 2 години мачење. И во двата случаја ќе е тешко, али ако е во Англија, ќе е по скоро! Другарка ми живее таму 2 години веке. Работи како бебиситерка по цел ден и зема 400 фунти на НЕДЕЛА Стандарта на живот е по добар и никак не е скапо. Таа ми праќа облека за Мартин од Англија, зш е по квалитетно, по убо и по ефтино!!!! Тешко и е, по цел ден со 3 лигави деца да се разправа, да им готви и чисти собите, да им помага за домашните и така на така, али си зема 400 фунти...Завчера имаше роден ден и ми кажа, дека била во Чешка да си го слави со маж си... А тија, кои немаат трпение да се вратат во родината си, е затоа што имаат мајка, татко, пријатели, роднини... детската соба... ах како ми недостигат