Моето мислење е за Америка, не за Европа. Знам и за случај со факс од медицинска гранка одеше повторно на факс таму за истото. Германија пример може да работиш со наши дипломи, но како што кажа ти треба и сертификат за јазик.
За Америка и медицина незнам како е, во право си . А за јазик кај и да си ако сакаш со народ да работиш мораш да знаеш да комуницираш
Можно е да зима 4000 евра ама прашај го по колку саати работи на ден? Познавам еден,хрват ми се фалеше додека работевме заедно во Дубровник дека работел по 16 саати на ден во Германија. Ликот верува дека сите така треба да работиме,а ако некој работи по 8 саати е мрзлив,епа пријателче работи си ти па умри од срце или од не знам што. Некој ако мисли дека е добро да бидеш роб да работиш по 16 саати или по две работи не знам што да му кажам, не е тоа животот за мене,подобро помалце пари,а да можеш и со друштво да се видиш,на водно да идеш, во парк итн.
Самата структура на мед факс таму и во Еу е скроз различна. Американци со нивни дипломи не можат да дојдат во Еу ни во Швајцарија да работат. Сличен случај е и со дипломите од Англија. Зборам за мед. науки.
@*Amethyst* исто е и со правниот факултет. Во Германија не можеш да работиш како адвокат затоа што таму правото е подруго.
Germanija mi e super,iako drugite ziveat samo za vikend,jas si teram kako vo Mkd,ako sakas da izlezis mozis ,se e do covekot kakov e,ekonomski e odlicno
Дали има некој што живее во Грција? Дали често налетува на дискриминација ради тоа што е Македонец? Како е задоволен од училиштата и здравството?
Не сум живеел во Грција,ама сум бил на Еразмус со Грци. Повеќето не се замараат многу со нас,зошто си имаат и они големи проблеми дома . Најчесто се замараат тие што живеат во северниот дел на земјата,т.е. делот што граничи со нас (Егејска Македонија),тој дел е и најсиромашниот во цела земја. Доколку тој дел би ни припаднал пак на нас би изгубиле они се што имаат,а овие што живеат по островиве,во јужниот дел и делот во близина на Бугарија и Турција онаквото ги заболе за нас. Исто така и навивачиве се тешки дивјаци,па они би се замарале и тоа како. Кога сме кај здравството СЗО ја рангира Грција во топ 20 најдобри здравствени системи во светот,за училиштата немам некое инфо,али од нас се многу подобри во тој дел,тоа сум 100% сигурен. Се на се Грција е поразвиена земја од нас во секој поглед,али рака на срце ние не сме репер буквално за ништо. Последниве 30 години само надоле идеме,по распадот на Југославија ние идеме надоле,а Грција во споредба со нас нагоре. Искрено од тоа што сум го видел дур сум идел на одмори во Грција и по муабетов со луѓево на Еразмус што ги сретнав и таму не е баш идеално за живеење,имаат големи проблеми со економијата,со корупцијата,поларизирани се на левица и десница (слично како нас),имаат проблемите со мигрантите (во јануари годинава бев прв пат во Солун после многу долго време и се разочарав од градот,многу црнци и циганишта од Азија што работат за ич пари и го намалуваат дополнително стандардот). Мислам дека ова ќе ти одговори на доста прашања.Јас лично тешко дека би се праселил таму,скептичен сум освен некоја ептен добра работа ако ми излезе. Доброто е што ако пробаш и не испадне како што сакаш можеш одма дома да се вратиш,не е Америка или Австралија па да биде проблем дистанцата.
Живеев 6 години на Крф. Имам супер искуство. Островот е мулти култи и локалците се навикнати на шаренило. Некоја ситна закачка.. дали 2 пати сум имала, што и не се ни сеќавам. Генерално без проблем функционирав и приватно и по институции. Здравството не е сјајно. Со училишта немам искуство. Е сеа зависи и од местото каде планираш да одиш, во северна Грција на пример, поверојатно е да налеташ на некој понепријателски расположен за разлика од остатокот од земјата, ма да и таму е сменето тоа на подобро. Можеби @koritsaki и @Kallias2 ќе споделат повеќе.
Јас живеам во Грција веќе 21 година. Живеев во 4 градови во Грција, не сум имала проблем затоа што не сум патриот и не сакам да мешам политика и историја, а инаку ако сакаш има многу со кои можеш да дојдеш до конфликт, секакви ги има, ти да си кажуваш по твое, тие по нивно и на крај разбирање нема, само нервите ќе ти се скинат за џабе. А ги има и тие луѓе на кои не им е гајле од каде си, со кого си, битно човек да си. Јас лично сум немала до сега, не се сеќавам нешто сериозно да ме омаловажуваат поради моето потекло Мажена сум за Грк инаку и имам 2 деца, големото оди основно училиште и учат историја , си ја учат по нивно, Александар Голем дека е Грк, т.е.Македонец ама нели Македонија територија имаат и во Грција и затоа викаат дека Македонија е Грчка......не се противам на ништо, нашата историја што сме ја учеле во школо беше друга , тука е друга и само му објаснам како ние сме учеле тогаш и тоа мене ми останало во ум, а дали е точно и која историја е точна, тоа никој со сигурност не може да докаже, може да се пишува на кој како му одговара, затоа ни јас не се замарам со историјата.....
Можеш да ни подобјасниш каков е животот во Грција ? Економијата,инфлација,просечна плата,здравство,во кои места си живееле и како било таму,што си работела,што се бара моментално на пазарот?
Јас 13 години живеам во Грција, тука сум мажена и имам две деца што одат на училиште (гимназија и забавиште) накратко ќе пишам зависи на каков човек ќе налеташ, јас избегнувам општи муабети за политика со сите, мислењето ниту моето можат да го сменат па ниту јас нивното, лично сум имала непријатни случки од луѓе иако не сум зборувала за политика , ме провоцирале и сл. Во училиште, ќерка ми во основно не учеа како ние што сме учеле , ниту оцените на крај се реални, на сите им ставаат добри оцени било да учело детето или не. @Kallias2 кажа плус работи и да не се повторам истото. Гимназија е 3 год, средно 3 год. Здравството е каде каде подобро од македонското, сите се одлично организирани. Јас до сега сум била презадоволна.
Објаснив во постот над овој, не знам дали го прочита За Другото што ме прашуваш: Плата просечна е 650 евра Здравството е малку подобро од Македонското, има за некои работи и плус има и минус.... Работев во туристичко место пред 20 години, тогаш имаше пари и не се споредува со денешниот живот Не би да пишувам во кои градови сум живеела од оправдани причини Тоа во кратки црти, инаку има многу да се пишува за животот во Грција ама искрено немам време да пишувам реферати, sorry
Сакам да прашам дали е возможно да се купи голем стан или куќа во некоја од Скандинавските земји? Пример во некој земји во Еу не се толку скапи недвижностите но во некој ретко кој може да си дозволи да има сопстено живеалиште дури ни лугето на кој им е матична државата.И каде во Еу не се толку скапи недвижностите?
Можеби прашањето не е за тука, но се надевам на одговор. Дали некој има добиено фамилијарна виза, а притоа бракот да е склучен по заминување на партнерот во Германија? Бидејќи некои викаат дека треба да си повеќе од 2 години во брак за да можеш да поднесуваш за фамилијарна виза.
Здраво, дали има некој што живее во Шпанија? Размислувам за преселба за таму, па ме интересираат детали каков е животот и како сте заминале?