Каков е животот во странство?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mrazam.celulit, 9 јули 2010.

  1. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Јас сега за сега не би се отселила од нашава мила Македонија.
    Од една страна зошто сум патриот, од друга зошто не сакам да ги оставам мооте родители сами плус задоволна сум со работата и се што постигнав тука.
    Тука ми се спомените, пријателите, роднините и се што сакам.
    Носталгијата би ме убила..
     
    На Unread, Badii, Alex.T и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Robbi40

    Robbi40 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2024
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Машки
    Најубав
     
    На Alex.T и Selena01 им се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.717
    Допаѓања:
    13.488
    Пол:
    Женски
    Ве читам и се чудам.. Еве јас сум во Македонија, па зарем секој ден барате дружби? Никогаш не можев да го разберам тоа. Од работа, дома обврски, дете, учење, одмор и капак на се дружење. Можеби и јас сум затворен тип ама мене еднаш месечно ми е доволно дружба, пред се немам време, а и колку сака нека сум чудак сакам време со семејството. Кога немав дете имаше почести дружби ама сега не.
    Плус како што сме сами со мм, жонглираме со време, ни на крај памет не ми текнува на 4,5дена да барам дружење па колку сака нека сум чудна.
    Кај нас од работа одма на кафе. Одеш дома се пресоблекуваш дете под рака и на кафе. Епа не е нормално. Не се чудни странците ние сме. Ние подразбираме шетање по кафичи и кафани акање, странците си имаат квалитетно шетање, плус и стандард. Ние каде немаме пари па и постојано по кафани.
    Разбирам шетање во природа, пешачење тоа и јас го правам скоро секој ден ама да морам со некој да висам на кафе секој ден, не фала!
    Да се преселам ништо од ова нема да ми фали освен домот и семејството ако не е со мене. Убава ни е земјата, ова е наш дом ама дека претераме со тоа немало дружење та не знам што, како да не. Секоја чест на исклучоците ама па и едни пријатели тука, секој од корист само.
     
    На sweet.november, Tanjamm, MakeDamnSure и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Lilith_3

    Lilith_3 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2024
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е соодветно мислењето за овде, не знам во која тема да пишам. Дали има некој што живее Дубаи/Абу Даби?
    I need a favor :$
     
  5. Mandak

    Mandak Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    21
    Живеев во Абу Даби
    Повели што те интересира пиши!
     
    На Lilith_3 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilith_3

    Lilith_3 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2024
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Дали живеете во Емиратите сеуште? Ми останаа мал дел работи кои би ги собрало во средно кесе, барам некој што би можел да ми ги донеси а јас секако ќе си платам за услугата. :$
     
  7. Mandak

    Mandak Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    21
    Sorry,заминав од емиратите...барај на ФБ македонци во УАЕ се надевам некој ке ти помогне
     
    На Alex.T и Lilith_3 им се допаѓа ова.
  8. Ivana222

    Ivana222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Zdravo. Dali nekoj polagal integraciski test za permit za holandija? Da spodeli iskustvo
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ikigai Iki

    Ikigai Iki Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Да, што те интересира поточно?
     
  10. Lilly.

    Lilly. Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Здраво

    Некој што се отселил со деца во Америка да пише искуство?

    Ви благодарам. Поздрав.
     
  11. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.014
    Допаѓања:
    12.394
    Пол:
    Женски
    Здраво наши во странство!

    Се мислам напати за преселување во некоја странска, европска земја.
    Вака ако се навратам наназад, уште во детството си замислувам да поживеам надвор, да го осетам странскиот стил. Но од замисла само не бидува.

    Дали ве има некои во Италија, северна пример?
    Или во Холандија?
    Дали мора да имам баш од тие урнебесните професии за да се обидам за странство? З
    Зашто мене лично во поглед на работа, не ми се гледа сјајно ако некој не е од професија финансии, ИТ, наука, медицина...
    Ништо од тоа не сум.

    Сепак, по некое искуство е убаво да се слушне.
    Од каде да се почне.
     
    На mihaelceto__, MakeDamnSure и Amelia им се допаѓа ова.
  12. pianogirl

    pianogirl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене. Доколку има некој на форумот кој што живее во Словенија, би ве замолила да ми пишете порака. Благодарам однапред.
     
  13. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, ќе ве замолам за мислење или споделување искуство, многу би ми значело.

    Со сопругот сакаме да се преселиме во некоја држава во Европа - Словенија, Германија, Шпанија. Причина за преселбата е што не сме задоволни од животот во МК - здравство, правосудство, загаден воздух, и генерално лошо секојдневие. Засега сме сами, немаме деца.

    Е сега, дилемата што ме мачи е следнава: животот во МК ни е донекаде фино обезбеден. Имаме сигурни работни позиции, солидно платени, живееме под кирија веќе 3 години (во моментот кога би решиле да купиме стан имаме родители кои би не подржале финансиски), имаме автомобил, пријатели и роднини со кои имаме одлични релации и ни се многу важни. Кога би се преселиле во странство, имам чувство дека сѐ од ова би изгубиле и дека би почнале од нула.

    Свесни сме дека пазарот за работа е ограничен и дека генерално потребни се работници кои знаат занает или се медицинари (ние не сме ни тоа, ни тоа за жал). И двајцата сме дипломирани, јас имам и мастер, меѓутоа нашите профили не се воодушевувачки за некој специјално да не земе баш нас и да ни даде канцелариска/менаџерска позиција какви што имаме тука.

    Она што го најдовме како најверојатна/реална опција за да отидеме и двајцата веднаш е да се вработиме во хотелска индустрија во Словенија - собари, на рецепција, паркирање коли, келнери, итн. Не ги потценувам овие работни места, но реалноста е дека се захтевни (6 дена во неделата) а никогаш не сме ги работеле.

    Прашањето ми е - дали со минимални примања во странство (барем на почеток) може да се живее достоен живот и заедница која во иднина би можела да обезбеди достоен живот и за деца? Дали вреди ризикот?

    Ви благодарам на сите што ќе прочитате, ќе споделите ваше мислење/искуство и ќе ме советувате. Навистина многу ми значи!
     
    На Tam4yy и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.549
    Допаѓања:
    6.816
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека е добро да пробате. И јас сакам да се исселам од Мк, баш поради истата причина.

    Германија, Италија, Шведска, Шпанија, Англија - заборави ги!
    Едни од најдобрите земји за живеење и работа според мене се Чешка и Словачка. Сум бил и на двете места (на прошетка) и можам да кажам дека се ок земји. На листава би ја додал и Малта.

    Малта бидејќи е поегзотична земја, верувам дека би нашле побрзо и подобра работа.

    Доколку вашите би сакале да ви инвестираат во стан, подобро нека ви инвестираат во стан во странство.
     
    На SummerGirl, sanja.burgundy и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.285
    Допаѓања:
    26.508
    Пол:
    Женски
    Јас можам да ти кажам за Австрија која е тука негде со Германија отприлика да знаете колку се давачки во месецот, а колку ви нудат вас плата.
    Доколку причината за иселување е финансии тогаш со минимална плата или професија која не се зема плата повеќе од 1800 евра треба да се знае дека нема да сте во некои плус ( сметки рачунај се околу 1500 минимум месечно). Е сега во однос на здраство, на образование, здравје потоа деца кога ќе имате, да тоа е најбитно и тоа ви го нудат. За иднината на децата се прави жртва нели. Значи со 1200-1500 плата ќе живеете, но нема реално можност за заштеда и за нешто во месецот многу да си приуштиш. Кафе/ресторани се скапи и тоа ќе ви фали на некој начин доколу не се заработува добро. Добро е што Германија има 13 плати, тука Австрија 14. Породилно платено до 2 и пол години. Ако се остане без работа се има право на Амс ( биро за вработување) кои дава месечно 60% од платата. Така да нуди многу, но како што кажав зависно од колкава е платата може да се тргне на страна или да се живее комотен живот.
    Ние одиме често за Љубљана и Марибор, па стварно е убаво, има многу хрвати, па и македонци, јазикот ни е многу сличен, многу полесно би се снашле во тој однос или со склопување на пријателства.
    Чекорот е огромен, но без деца многу полесен. Треба да си направите добри калкулации и што уствари вас ви е најбитно. Крај краева Македонија не бега, секогаш можете да се вратите назад.
     
    На Tam4yy, SummerGirl, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.148
    Допаѓања:
    196.372
    Словенија е одлична идеја, можеби последната опција за нормална држава во светов. Хотелска индустрија немам поим колку плата вади ама двајца без деца со 2 плати ќе живеат ок. Башка мислам образование е признато, искуството го имате, да поднаучите јазик реална е работа во струка. Може нема да се збогатите, ама некој нормален живот е сеуште возможен.
     
    На SummerGirl, riba79 и Amellie им се допаѓа ова.
  17. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.549
    Допаѓања:
    6.816
    Пол:
    Машки
    На Тик Ток што ги гледам што снимале, навечер нема глуво куче во тие помалите градови како Копер итн. Не знам во Љубљана како е, ама во помалите градови пусто било. Они ако си бараат и живот, најверојатно Љубљана подобра опција би била, ама па таму не знам како е.
     
    На Momichka и Amellie им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.148
    Допаѓања:
    196.372
    Секој, во различна фаза од животот има различна дефиниција за живот. Ко ќе работиш 8-12 саати, баш те заболе кој има навечер, поарно никој да нема, да се наспиеш:D.
    @Amellie би ти рекла, од искуство, прво кајшто ќе добиете понуда таму ви е среќата. Нема врска мало место, големо, село, град, се си има предности и мани.
     
    На Tam4yy, riba79, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Вчера бевме на саем кој го организираше Заводот за вработување од Словенија, имаше презентација од вработени во Заводот за административните обврски, работнички права, начин на живот, итн. И плус имаше претставници од некои индустрии (работодавци кои би вработиле од МК) меѓу кои и синџир на хотели Eurotas. Од сѐ што видовме тие имаа понуди кои ни одговараат најмногу - плата од 1200 евра нето, исплаќаат регрес и „божиќница“ и првите 3 месеци нудат и сместување. Имаат хотели на неколку локации.

    Дали можеби имаш некакво искуство со барање работа преку Заводот? Денес истражував, гледам дека има некои огласи и за мојата струка, но си велам да не бараат странци само за услужни дејности/занаетчии, а поплатените работни места да не се резервирани само за словенци?

    Фала ти многу на инфо!

    Фала многу за споделеното искуство, ме охрабривте! Германија/Австрија исто така разгледуваме, но бидејќи не знаеме јазик, си викаме да не е потешко за снаоѓање... И во однос на административните процедури, помалку познати ни се.
     
    Последна измена од модератор: 12 ноември 2025 во 15:46
  20. Bubiška

    Bubiška Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2021
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.143
    Пол:
    Женски
    Дали планирате со виза да работите или имате бг пасош?