Каков е животот во странство?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mrazam.celulit, 9 јули 2010.

  1. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Немаме бугарски пасош, би оделе со виза.
     
  2. Bubiška

    Bubiška Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2021
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.143
    Пол:
    Женски
    Фирмата ѕреба да ви направи виза ,со кпја сте обврзани таму да работите околу 2 години.Потоа ја продолжуваш сампстојно визата и можеш да бараш и друга работа .Јазикот се учи ,има беплатни курсеви и можеш да се разбереш било каде на српско-хрватски.
     
    На Tam4yy, SummerGirl, Amellie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    14.284
    Пол:
    Женски
    Со работна виза секаде би било 2 години? Или некаде и помалку?
     
  4. Bubiška

    Bubiška Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2021
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.143
    Пол:
    Женски
    За Словенија не сум сигурна дали е 18 месеци или 24,но повеќе не е сигурно.
     
    На Amellie и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.148
    Допаѓања:
    196.372
    Немам искуство со словенечки завод, имам со друг, знам на времето имаа барања од фирми според критериумите на фирмата. Ако те земе фирма без оглед на непознавање јазик, зошто да не. Мада што гледам по интернет огласи, не се некој којзнае каков пазар на труд, ама штом организираат саем, ваљда им фалат луѓе. Само јас не им фалам, да ме пречекаат со црвен тепих, на морето;(
    Не знам ни зошто објаснувам вакви глупости, ама мене ми беше чудно, зошто фирма би барала кадар преку завод за вработување :tmi:. Пошто тој Заводот во мк, не знам за што служи:D
     
    Последна измена: 12 ноември 2025 во 20:28
    На Mumoftwo30, Tam4yy и Amellie им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.285
    Допаѓања:
    26.508
    Пол:
    Женски
    За виза треба да најдете прво работа која ќе ви обезбеди виза, условите се такви да ако е по струка мора нели факс диплома, ако е за професија за која има слабо работна рака, треба бирото за работа да ви одобри дека може да работате и покрај најдено работа во Австрија. За почеток А1-2 е од Гете во Мк признаено, на страната онлајн имате точно кои документи ги бараат и може да соберите да видите колку бодоби имате собрано, дали воопшто имате шанса за виза. Јас не се сложувам дека не е битно местото во кое ќе живеете, дали е село или мало гратче. Според мене треба да се бара место кај што нуди добри школи, да има слободно време каде ќе го поминеш, да има за деца доста опции. Љубљана како што кажав е убава, има за шетање, има факултети, добра место положба, близу ви е Италија, Австрија, Хрватска. Близу сте до море или ски центри. Преселба од град во град не е лесно и кошта доста пари, така да стварно треба најдоброто од понудените да се одбере. Ние сме во Грац, предходно бевме Виена. Како град можам да ти го препорачам.
     
    На Amellie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    11.078
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира како е за со деца? Градинки, училишта? Како е таму ситемот, еве фамилијарно здравствено осигурување на пример дали може? Колку време е породилно?
    Дали многу се разликува од Германија ете?
    Како е состојба со мигранти? Од каде ги има најмногу?
    Каква е климата?

    Еве за нас да си кажам, мене градов кај сум ми е преценет полека. Се ми е многу, од гужва до цени, апсолутно се ми ененормално веќе. И географски да речам Град ми се допаѓа каде лежи, може полека и натаму да се преселиме ко што тргнало. Швајцарија не е за нас, со мали деца, без помош од никој, ама еве Австрија може подобро е. Се добива ли лесно место во градинка?
     
    На Amellie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.285
    Допаѓања:
    26.508
    Пол:
    Женски
    Вака, јас Виена многу си ја сакам таму живеев 15години, но сакавме помирно место со мм и не направивме грешка. Грац е таман град околу 300.000 највеќе од странци се хрвати или босанци пошо близу им е нели. Грац е универзитетски град и затоа после Виена ни беше опција нели заради децава. Има многу забава за нив, игротеки, кина, театри. Доколку двајцата се на работа градинка има, проблем е ако еден е дома, за разлика од Виена што работата не е услов за место. Големата в година ми е прваче, па концептот за образование од 1-4 ми е мноогу добар, за од 5одд го знам пошо јас од 5одд сум тука и завршено школа. Значи воопшто не е тешко и таман прилагодено за возраста, сигурно е слично со Германија за тоа. Здраствено осигурување нели секој има, дали преку работа или преку биро.
    Многу сладок град е, личи на италијански гратче само му фали море :rofl: центарот е преполн со барови,ресторанчиња и секогаш е фул ама луѓето се ептен пријатни, за разлика од Виена валда ради пребрзиот живот, имаат забораено да се смеат ама буквално сите, околу Грац има многу езера со плажи, близу е за на еден ден и Клагенфурт прееубо езеро за бањање. Лето не е прежешко, макс 30 степени,на вечер дувка и е баш пријатно, често знае да има невреме и тоа летно време посебно јули е претежно врнежлив. Ете како што кажав повеќе опции има за на 3 саати со кола за на море, еден саат до скијачки центар. Породилно е до 2 и пол години 80% од плата, Ams ( биро за вработување) нема завршна граница ако недај Боже се остане без работа или долго не може да се најде нова. Има 14 задолжителни плати, детски додаток и еднаш годишно бонус за секое дете.
    Јас Швајцарија никогаш не би ја одбрала, некако 8 недели породилно за мене е големо Не. Најблиски лет за Ск ни е преку Љубљана, ние така летаме.
     
    На јolene и Amellie им се допаѓа ова.
  9. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    1.588
    Пол:
    Женски
    Ако одите во странство, секако почнувате од нула.
    Нема да ѓи изгубите пријателите и роднините, само ќе се оддалечите од нив, ама на крајот од денот важна е вашата среќа. Во странство немаш дружби по ресторанти, паркови, кафани итн. Таму сте еден со друг.
    Во странство не можеш да очекуваш иста работа како што ја имаш овде. Таму си секако граѓанин од втор ред. Доволно ти е да почнеш да работиш било што, да почнеш јазик да учиш поради тоа што јазикот си го бараат, што е нормално.
    Ризикот е вреден, не губиш ништо и за почеток со добра организација на финансиите можеш да живееш на страна.
    Те читам немаш БГ пасош, можеш да аплицираш за работа и фирмата каде што аплицираш треба да ти издаде виза и со таа виза одиш. Сега зависи на колкав период ќе ти ја издаде, али после тој период ти ја продолжуваш и имаш можност да си бараш друга работа.
    Јас би ти кажала искуство во Холандија поради тоа што сум тука моментално и јас дојдов со Бугарска виза преку мм, тој има БГ пасош. Тука ќириите на становите ти се малку по скапи, маркетите исто и ние кога одиме да пазаруваме одиме во Германија заради тоа што многу е по ефтино таму. За деца е погодно, државата ти пушта пари и секој ден имаш платена дадилка од државата да доаѓа дома кај тебе и да ти помага со бебето.
     
    На Amellie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.148
    Допаѓања:
    196.372
    Ама зависи каде. Секако дека имам иста работа како во мк, а ни граѓанин од втор ред не сум. На кој му се дружи, може да се дружи, и тоа зависи кај си.
     
    На јolene и Amellie им се допаѓа ова.
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.549
    Допаѓања:
    6.816
    Пол:
    Машки
    Животот во странство е х10 пати подобар од тој во Македонија. Од странство мислам на Романија, Унгарија, Чешка, Полска, Америка, Малта, Германија, Албанија, Хрватска и тн.
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.