Абе ја чувствувам блиска. Зошто да не ми каже? Плус, сакам и јас да се иселам, па прашувам каде е подобро. Си собирам искуства. А со мк пасош сте и двајцата?
@franca @Компир Манџа ММ е со бугарски пасош, а јас сум со бугарска семејна виза и со бугарска лична карта преку мм, што значи можам да работам било каде во ЕУ со нив. Сега ќе вадам и возачка пошто многу по ефтино е оддржување на автомобил на бугарски таблици. Инаку да, за тие држави со европски документи мора, освен Германија. Таму даваат со МК пасош да си. Кога барав работа во Холандија голем број од огласите имаа наведено дека нема да ти дадат виза за работење ако немаш европски документи. Слободно прашај си што те интересира ќе ти кажам, ако може и да ти помогнам. Јас не сум тип на човек што не споделувам, баш напротив сакам ако можам и да помогнам.
Дојди кај мене во Германија. Убаво ќе ти биде Работа има. Ама треба да си вреден. Не сакаат неработници. Полесно ќе ти биде ако имаш ЕУ пасош. И за работа, а и за престојот. А за начинот на живот.... Кој како ќе си ја нареди. На мене ми е ок. Познавам луѓе кои се вратија. Не можеа да се снајдат.
Ќе внесуваш број на лични карти на клиентите на црвените ламби. Не ти треба јазик само ќе се смешкаш. И од гледање се стекнува искуство.
И јас сум во Австрија и можам да потврдам. За жал, платите тука не се коооојзнае колкави. Очекував и јас да бидат многу поголеми. Мислам можеш да земаш солидно ако имаш високо образование или ваљда среќа во одредена работа или област. Ама мислам дека просекот е 1800 до 2000 максимум што не е доволно. За наши стандарди тоа е многу/солидно, ама за австриски е малце. Сепак, системот тука функционира - здравство и образование и такви ствари. Стварно не можам да се пожалам. Сегде има несовршености секако, ама функционира системот. Јас тука завршив факултет во Виена. Да завршев во МК образование ваљда ќе си ја фрлев дипломата во канта на крај. Како што кажа членот погоре, АМС е секад тука. Сум бил 2 пати под АМС и ти помагаат да речеме ако изгубиш работа или само што си дошол тука па ти помагаат јазик да научиш и да се интегрираш, ама нормално во одреден момент ќе те тераат и работа да бараш без разлика колку го знаеш јазикот, пошто сепак уствари они ти се како работодавци во меѓувреме додека ти посетуваш курс или што и да праиш кај нив и ќе очекуваат нешто назад за возврат т.е сам да си најдеш работа или они да ти најдат. Не е само идеш посетуваш курс, они те плаќаат и ти колку сакаш седиш кај нив. Сепак ако треба да праам паралела, би ја избрал пак Австрија. Можеш прилично удобен живот да имаш ако го направиш правилниот избор.