И јас знам дека градинката се плаќа во Шведска и тоа се пресметува процентуално од платата што се зема. Не плаќаат сите исто како кај нас.
Имам видено луге што сериозно запаѓаат во тешки депресии поради завист. Одредено време ја набљудував и споредував со таа на Балканот- честата појава на депресија помеѓу лугето во странство и заклучив дека всушност повекето случаи се од претерана завист и љубомора. Зошто тој, а јас? Како и да е, пренагласено е тоа што го приметив за разлика од Балканот.
Ова држи место не знам мн за странство од свое видување ама секаде викаат бегај од нашите подалеку ) зошто, веројатно надвор стануваат бетер. Љубомората и зошто тој не јас, кај секого како мисла може да се јави ама дали ќе дозволи човек тоа да го води во животот е негов избор. Искрено, според мене дали во Македонија или надвор, таков човек никогаш нема да биде задоволен од себе и среќен, секогаш ќе се најде некој кој има повеќе. Човек се мери според споствените успеси, колку пати паднал и колку пати се кренал, што значи најтешката трка да ја издржи, борбата сам со себе, а не се со некој друг. Луѓе имаат милиони и билиони,а може да бидеме исто среќни или несреќни, исто успешни или неуспешни во своите и туѓите очи.
Јас живеам во Романија,тука студирам.иако ова не ми беше прв избор ниту пак втор на крај испадна дека никогаш ништо не оди по планот,но сепак испадна дека тука е супер.Најпрво за образованието не можам да се пожалам,сега не знам како е во Скопје,Штип на факс ама тука е одлично,Не мораш да одиш на предавања ако не сакаш ама кога ќе дојде време за полагање ако паднеш полагаш пак после еден два месеци и не дај Боже пак да паднеш бидејќи губиш просек а со тоа и стипендија,Испити и коловкиуми мора со ред да си бидат земени,не смееш да оставиш некој предмет за одгодина,во еден семестар мораш да ги положиш тие предмети.Второ животот е нормално скап,храна се наоѓа поефтина во Лидл,а во другите поголеми маркети скапо е многу.И трето народот(како и во повеќето странски држави)ми изгледа ладен,не многу заинтересиран,секој си гледа за себе,мада други Македонци што се тука велат дека Романците се баш дружељубиви бидејќи ние странците им сме интересни оти не знаеме да зборуваме романски и љубопитни се од каде сме,што сме.Јас не сум долго време тука(ептен кратко неполн месец),па ќе видиме како ќе биде.Инаку културата им е на место,секој си се поѕдравува,каде и да одиш дали во маркет,во автобус,во школо мора да кажеш здраво,добар ден,што многу ми се допаѓа,а најмогу од се ме воодушеви што сите автомобили БЕЗ ИСКЛУЧОК застануваат на пешачки,ти уште не си стигнал на улица а они веднаш ќе застанат,ѕзакон си е закон значи!
Ve molam pomogneti mi maz mi ima bugarski pasos i momentalno raboti vo Svedska, jas sum bremena 4 ti mesec i bi sakala da se porodam tamu. Me interesiraat site informacii okolu osiguruvanje, viza i sve sto e potrebno pred poragaj
Маж ти треба да има стална работа и да е осигуран. Треба да помине некој период на тоа работно место. Е тоа зависи од држава во држава колкав е тој период. Треба да најде стан со соодветна квадратура за тројца. Тоа би било тоа. Кога ќе земеш виза и средиш здраството автоматски ќе ти го дадат бидјеки ти следува ако си со сите документи комплет Најдобро да си прашаш во амбасада или маж ти да се распраша таму што е потребно.
Мене мнoгу ми се пaтетични oние луѓе кoи се вo стрaнствo, a кoгa ќе дoјдaт вo рoднaтa си земјa сaмo кукaaт кaкo билo скaпo, тешкo и не билo oнaкa кaкo штo ние си мислиме. Пa, aкo тoлку кукaте штo не се врaтите oд кaј штo сте дoшле? Премнoгу ирoнијa кaј некoи луѓе не е нa aрнo.
За Британија читав дека се смета за непријатно и некултурно ако во метро прашаш некого нешто. Дали е така навистина?
Жиотот во странство е премногу општ и широк поим, странство е и Косови и Германија и Нова Гвинеа... а за секоја од земјиве има различен квалитет на живот и различни стандарди што е тоа добар живот. Во Етиопија убав живот е да имаш храна, во Германија пагаш во депресија ако 1 час немаш интернет... Сакам да кажам дека каков живот ќе живееш зависи пред се од тоа како ќе се снајдеш и што очекуваш, ако некој мисли дека таму е така едноставно како што некои кажуаат приказни тогаш многу се лаже. Јас на почетокот кога бев на крстопат што да правам имав две опции, да заминеме во Австралија или да ризикуваме тука да почнеме некаков мал семеен бизнис, го одбрав второто и за среќа не се покајав до ден денешен. Не заработив можеби како што би заработил таму, но сум си дома и свој на своето, таму колку и да се снајдеш секогаш ќе бидеш странец.
А ти мислиш од ќеиф отишле во странство? Кукаат зошто не се заработува толку многу како порано за пократко време.
Никаде не е идеално. Тешко е и таму додека се снајдеш и застанеш на свои нозе, но далеку ти се подобри можностите на професионален план од тука. Мислам дека најсуштинското што им го ништи животот на нашите во туѓина е што не се држат заедно, што се алчни и завидни, зошто овој повеќе од мене, овие вакви вие такви... за тоа алал да им е на Албанците во Швајцарија и Италија или Бугарите и Србите во Америка..
Јас не можам да го сфатам моментот кога луѓето во странство се категоризираат како целосно некомуникативни, ладни, недруштвени...и немаш со кого да испиеш кафе преку недела и коментари од сличен тип. Јас мислам дека кога некој е од понеделник до петок на работа и кога дома стасува во 17-18 часот, децата не си ги видел цел ден и треба раце да засука за да спреми нешто за јадење и кога ќе дојде 20-21 часот гледа само фотељата да ја фати... Па и за викенд што попрво, сеедно е дали си Скопје или Лондон. Ритамот на живот наметнат од секојдневието и обврските би биле тие. А за животот, кој како ќе си ја нареди.
Мене ми се ладни западњаците. Ако немаат поим во едно село кој живее до нив, или знаат се на се три семејства во селото, а при тоа ни кај нив не отишле на едно кафе, тоа се за мене отуѓени луѓе. И ние полека стануваме такви, ама сепак тие се многу време пред нас отуѓени, со децении и векови. Сега можеби ќе кажете дека не ги интересира, ама па тоа што ништо не ги интересира ги прави како роботи. Стани, јади, оди на рбаота, врати се, јади си и легни си. Инаку за средени градови, имаат се и кај нив работата барем се исплати, имаат нормален живот, а кај нас и тоа го нема.
А ние па што сме едни “топли”. Малограѓанштина која допрва треба да се искоренува. Разликата е во тоа што они можат да живеат со помислата дека не знаат се за соседите и подалечна околина и не ги интересира, додека кај нас ако не те истражат до трето колено, живи не се.
И комшиите си ги знаат по селата а и сите трачеви за нив во последните 30-40 години. А животот во градовите е секако поинаков. Зарем оние млади лица/парови/ фамилии штотуку доселени во некија висококатница ги знае сите комшии или оди на кафе кај нив? Мислам не.
Јас во Скопје живеам. Комшиите си ги знам доволно за да им кажам здраво. Дома не сум им стапнала, а 99 посто од нив не знам како се викаат. Ниту ладни сме, ниту отуѓени.
Јас се сложувам со Ан-на. Нашите не ти идат оти го интересира како си и ако не ти е добро да ти помогне, туку баш напротив. Иде од радозналост и после да има со што да си прави гимнастика на вилиците. Мене па ич не ми смета ако не си го знам комшијата и ако не ми дошол на кафе. Така и треба да биде, всушност. Нечија куќа не е штала па да влегува-излегува кој стигне. Напротив, таму се знае дека треба да доаѓаат само одбрани луѓе и најавени! Ај па не како тука, по пижами - СТАВАЈ КАФЕТОООО, се провика. И тука луѓето кои работат, повеќето работат од јутра до сутра. Само што тука кога ќе си дојдеш од работа отепан, комшивката ќе те пречека на врата за кафе и трач (во помалите места најчесто и кај оние кои така се поставиле). А таму, ќе јадеш и ќе одмараш. Викендите излет со семејството некаде, спорт, ручек/вечера со пријатели, било што. Време само за тие што треба, а не за ојле-дојле. Јас го сакам тој начин на живот, мене ова овде ме замара.