Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каков е животот во странство?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mrazam.celulit, 9 јули 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Почнува и овде да замара тоа и се чувствува веќе дека стануваме и ладни, и позлобни и поотуѓени. Инаку странците кои ги имам на фб пријатели од земја која ја имам посетено и знам дека се ладни, имаат едвај 150 пријатели, а со пола од тие имаат само едно здраво. Кај нив сум забележала дека не сакаат блискост, немаат практично пријатели, туку само познаници. Тоа ќе се случи и овде кај нас. Инаку за овде, кај нас, точно е дека скоро секој доаѓа за да чуе нешто, да види како ти е средено дома за да има што да зборува и тоа е навистина одраз на простотилак.
     
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    96.984
    А колку пријатели на ФБ треба да има Тања? 1500?! И тогаш тој е дружељубив , а овие со малку ФБ пријатели се намќори? Или овој првиов е само воајер кој што сака да се бави со сечии животи?
    Еве и јас имам 200... и тоа сосе школски, од фах, роднини...А баш сум комуникативна. Само не сакам со секој да делам секојдневие.
    Чудна си ми искрено. Каков репер е па бројот на ФБ пријатели за тоа кој каква личност е, стварно не ми е јасно.
     
    На WildMk, LaBella, sparklie и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Еве јас имам голема бројка и со повеќе од половина се знам лично. А сепак не сум премногу комунтикативна. Не се намќори, не се комуникативни, не сакаат дружење, за нив тоа е губење на време, замарање. Во семејството се ладни меѓу себе родители со деца, сум се уверила лично, а не па да излезат со пријател на кафе, не дај боже да частат. частење кај нив нема, секој плаќа за себе. Ние сме намќори ако судиме по менталитет, а се правиме фини, а тие се ладни со секој и секаде и тоа е тоа. Така си живеат со векови, не е од сега тоа.
     
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    35.425
    Пол:
    Женски
    Нека има и 10 пријатели ама да се вистински, отколку 100 т.н пријатели. Ти реално мислиш дека во животот ќе можеш да имаш 200-300 вистински пријатели? Откако животот ќе исфилтрира ќе ти останат 20-тина преку сила.
    Погрешна перцепција имаш за странците. Немој да се изненадиш ако во животот тие ладни странци ти помогнат кога ти е тешко, додека нашиве само ќе гледаат сеир најчесто. Оти ние сме само за сеир, ретко да ти помогне некој. Толку сме станале оттуѓени еден од друг, што странците може вода да ни носат. Вистински оттуѓени, оти гоштевањето и трач муабетите, кафе пиењето итн. не ја прави вистинската блискост меѓу луѓето. Kај нас таа за жал одамна е изгубена.
     
    Последна измена: 25 април 2017
    На WildMk, Lolo5, sparklie и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    96.984
    Да не се навредиш, ама ептен ти се заостанати сфаќањата. Генерализација е многу лоша работа, на крај краеви. Небитно која нација е човекот, и едниот и другиот можат да бидат и добри и лоши, и намќори и комуникативни. Така да, до човекот е, а не од каде е истиот.
     
    На WildMk, Lolo5, Sungold и 11 други им се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    40.141
    Пол:
    Женски
    Неможам да се сложам.
    Кај мене барем беше вака, ние тазе доселени.. ни пријдоа сите комшии. Да се запознаеме
    Кога се породив со малото, сите комшии дојдоа да го видат бебето.
    Со поклони со се.
    За родендени на децава исто. Сите дојдоа или пред врата имаше оставено поклони.
    За божик , велигден исто.
    Ние си живееме со сите од зградава, комшиката што зготви од благо , солено знае да донесе. За кафе муабети тука сме.
    Иако сите вработени се , поретко почесто се гледаме. И од соседните згради , со сите комшии се знаеме., поздравувме. Во помалите места е така, со сите на улица се поздравуваш.
    Така да не можам да се согласам дека со твојот став
     
    На WildMk, Esmeralda-MD, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Еве веднаш се фативте да ме напаѓате, знаев. Кој кажа дали се вистински или не, туку колку малку ги има. Овде не збориме дека некој некому ќе помогне или не, туку се ладни и крај. Тоа е моето мислење од посети на Запад, за разлика од нас Балканците. Е сега нашата злоба е нешто друго, нашата љубомора и тоа се граничи со болест во последно време и не е нормално.
     
  8. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    66.752
    Пол:
    Женски
    Очигледно некои луѓе мислат дека ако си во странство се ти е мед и млеко и немаш право да се жалиш.

    Дај Боже сите што сакате да заминете некаде и да видите дали е така како што изгледа кога гледате од далеку. :)
     
    На Lolo5, Esmeralda-MD, toogood и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Не е заостанато, еве го и нашиот менаталитет. Штом некој не мисли како тебе веднаш е заостанат. А што е всушност заостанат?Тоа бабите го користеа за девојки што нема да се омажат навреме според нив. Ајде да направиме споредба, ако јас имам 3000 пријатели и повеќето од нив ги знам, некаде еве 2500 лично, значи комуницирам и се движат, а ако тие имаат 150 пријатели, дали со половина од нив имаат контакти. Затворени се во мал круг на луѓе и не сакаат да го шират. Со една пријателка зборував на оваа тема и таа вели „Таму лесно за мажат и женат. Знаат 3 луѓе преку работа или школо на нивна возраст и се мажат со еден од нив“. И јас имам таков впечаток, дека не сакаат многу комуникација. И кај нив бракот не е некој брак, некоја љубов на Ромео и Јулија, туку наоѓаат некој со кој ќе делат дом, сметки, се под конец делат и тоа е тоа.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    96.984
    СофиМар, ај врати се ако не;).

    Тања, ако продолжам да те коментитрам ќе кажам нешто што не треба оти по мене твоите коментари се безсмислени. Затоа, толку од дискусијата.
     
    На WildMk, Dust, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Ова го кажувам од искуство, не од седење пред компјутер. За мене се ладни брачни партнери кои си плаќаат јадење, пиење секој за себе. Оди во темата за мажи од странство, па ќе видиш како феминките кажуваат дека Германец нема шанси да те части, дури ни на прв состанок. И не знам што толку ве удира на психа ако некој мисли обратно од вас. Јас така ги доживеав, како ладни, ладни родител - дете, маж - жена, брат-сестра, а за соседи, другари, да не зборам, Нормално, имаше и поединци кои сакаат да се дружат и се гледа дека им фали дружба, ама една ластовичка не прави пролет. Со кој ќе се дружи тој кога сите по работа одат дома, затвораат врати, јадат, спијат и од утре иста шема.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.988
    Пол:
    Женски
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)
    Кога бројот на ФБ пријатели ќе ти стане репер за дружељубивост, нешто не е во ред..ама со тебе, не со пријателите.
    Знаете кои ви се пријатели? Тие на кои можеш да им пишеш во секое време и на секоја тема, сигурно не се 2500
    Еве јас пред многу години (7ли се 8 ли се не памтам) имав друг фб профил и на него имав преку 1000 души и скоро сите ги знаев.. На овој сега имам 300 и нешто а помал е процентот на тие што ги знам лично. Другите сум одбрала да не ги додадам кога го правев фб-то поради очигледни причини..
    Луѓето кои имаат потреба да ти се тупосаат на кафе за да дознаат се за тебе, не се ни топли ни дружељубиви..тие се радознали и трачарки.
    Такви на кафе кај мене не се добредојдени.
    Јас моментално живеам во зграда со 30 станови распоредени во 3 влезови. Од нив едвај научив кои живеат во мојот влез а тука сум родена, не сум од вчера. Нонстоп се продаваат станови, се рентаа, идеа нови луѓе.. ако берам сечие гајле, што фајде?!
    Сум живеела и надвор од МК во милионски град и не сум имала ваков впечаток дека луѓето се ладни. Едноставно, си ја гледаат својата работа. Сме оделе на кафиња, ручеци, вечери и сето тоа со претходно закажување од 2-3 дена за да бидеме сигурни дека сите се известени
    Сме оделе на пикник, на натпревари, сме пиеле до рани зори ...и сите тие беа сингл. Оние фамилијарните имаат друг вид на активности и со нив сигурно нема да пиеш цела ноќ или да заглавиш после концерт до 5 сабајле..

    Сепак, на крајот на денот, пријателите сами си ги бираме. И колку се и што со нив

    Животот е убав секаде, зависи како ќе си го направиш.
     
    На WildMk, sparklie, P.S.love и 18 други им се допаѓа ова.
  13. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Мене ми е јасно како е во странство и потполно разбирам зошто кукаат и ич не сакам грешно да ме разбереш.
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Извртувате ептен. Јас не кажав дека имам 2500 вистински пријатели. Имам многу познаници, а тоа е резултат на комуникација, движење меѓу луѓе. Ова го дадов како пример, не дека мора со секој да е така. Човек да не седнува на фемина, аман веќе. Еден ќе нападна, и сите по негооо,,,,,аааа сурија. Повеќето почнувам да мислам дека не кажувате свое мислење, туку се копирате. Не ги знам комшиите. Во зграда не, ама јас живеам во куќа и колку толку знам по име и презиме кој живее до мене, каде работи, кои му се децата, во тој контекст мислев, на Запад не знаат кој е првиот комшија затоа што доброутро му викаат, онака од култура и по навика.
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.301
    Не знам зошто толку дезинформации за Германците:rofl:.
    Не делиме сметки, немаме посебни фондови и никогаш немам платено сметка во негово присуство. За неговата дарежливост кој мојата мајка и фамилија па ич да не зборам. И купи, реновира и опреми 3.5 собен стан на мајка ми а на безбројте поклони за внуците и останати членови на потесна фамилија им нема крај.
    Се било своеволно и со драго срце.
    Секогаш кога ќе чуел некоја фамилијарна трагедија, непогода или сл ми велел да донирам или помогнам.
    Така да, не, не е скржав. Ниту за себе, ниту за мене, ниту за децата ниту за поблиски и подалечни.

    Еве и за свекрва ми да кажам.
    Типична германка, 68 год од едно такво село кое погоре го спомна. Ги знае сите и си го има муабетот со сите од селото. Уствари женава и сите од мое село веќе ги знае :D. Неколку пати неделно иде, сама или со свекор ми, и на ручек седат и кафе пиеме заедно и се муабетиме.
    Кога бев трудна инсистираше она да помага со чистење, перење, пеглање...ме помагаше како мајка што и помага на ќерка. Па со свекор ми и на шопинзи ме носеа, кесите од пазарлук ми носеле нагоре ради мешето да не се килавам, ме носеле на гинеколог, педијатар, термини во концалерии.
    Колку само го сакаат нашето тавче гравче.

    Ќе идат четврток да ја видат нашата чудесна Македонија и многу се радуваат за истото.
     
    На M.B., WildMk, bebaa и 29 други им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    35.425
    Пол:
    Женски
    Живо ме занима зошто мора да знаеш како ти се викаат комшиите, каде работат и слични податоци?
     
    На Lunadeeztac, WildMk, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    135.278
    Пол:
    Женски
    Вака ко шо читам јас не би требало во Мк да живеам, не ги задоволувам критериумите... Имам помалце од 150 пријатели на фб, тие шо сум во постојан контакт, не и тие шо сме на едно ,,здраво,,. Не комуницирам со комшиите, со никој немам пиено кафе, ептен очи во очи ако се сретнеме ,,здраво,, викам. Во една прилика дознав дека во радиус од 50м од куќата има тројца наркомани и страв ме фати дома да си одам :D поарно да не ги знаев. На прв поглед за многу ладен тип делувам, ама не сум до толку. Ај белки ке се преселам позападно, да не двојам од средината :D
     
    На P.S.love, esperansa777, theowndemon и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Не мора, ама сум скршила муабет, дошле на кафе неколку пати во година, ни помогнале, сме помогнале во добри и лоши ситуации. Генерациски тие и моите се тука некаде. Има тука некој грев или грешка или што?
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    А што има погрешно во тоа да бидеш ладна личност? Овде ако си резервиран, ако селектираш кого го сакаш во близина, веднаш ти вадат муабет дека си некаков лош човек, дивјак за во планина... На своја кожа имам почувствувано.
     
    На WildMk, theowndemon, green.eyes и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.988
    Пол:
    Женски
    Па Тања јас не кажав дека комуницираш со 2500 на фб, ти кажа.
    Јас ако комуницирам со 2500 ќе почне мозокот да ми чури и ќе прегреам|(
    Еве јас ти кажав, живеев во зграда повисока од 30ката и ги знаев соседите на мојот кат и ретко некој од подолу/погоре, со кои сме се сретнале во лифт па сме се запознале. Или на некој друг начин, не е важно..
    Која ми е потребата да знам 500-1000 комшии, имам камери за надзор во влез, имам обезбедување, се чувствувам безбедна и немам потреба да знам секого..
    Јас од култура не викам здраво на секого па што сака нека е.. Или го знам и кажувам здраво, како си..имај убав ден од срце, или не кажувам никако..
    Џабе ми е да монтирам маска на љубезност пред ојлевци дојлевци, да се преправам дека сум некоја што реално не сум.

    А да не збориме па колку тешко некој може да ми стане пријател..не тука, не во Њујорк..ма кај и да живеам, до мене е тоа не до околината.
     
    На WildMk, theowndemon, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.