1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каков живот би се живеел кога не би постоеле религии?

Дискусија во 'Религија' започната од baba Rada, 24 декември 2017.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Подобар ли би бил животов на планетава земја кога не би постоеле разниве религии, верски организации, верска поделба меѓу народот и...!???

    Мое мислење дека подобро и порелаксирано ќе живееме, не би имало бомбаши самоубици, верското крвопролевање нема да постои, товарот на душа што го носиме дека сме грешници...хм, да, јас мислам дека многу подобро би живееле...
    Ваше мислење?:wasntme:
     
    На Petar80, elimkd, Јаневски и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Padre

    Padre Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    https://en.wikipedia.org/wiki/Gulag
    https://en.wikipedia.org/wiki/Goli_otok
    https://en.wikipedia.org/wiki/Khmer_Rouge

    Испробано е, си најдовме нови линии за поделба. Религиите се само изговор, не причина за наведеното.
     
    На Victorian, EvAngelos, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.715
    Допаѓања:
    42.930
    Пол:
    Женски
    Што знам чудно ќе е,па добро и во минатото верувале во многубошци и тотемизам па добро функционирале.
    Не сум размислувала на темава многу, од една страна може ќе е подобро така народот нема да се мрзи и коли а од друга страна пак на што би личел светот кога секој би верувал во што сака.Пак на истото ќе дојдеме:!:
     
    На Briar Rose и baba Rada им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Кога религијата би била на едно копче и да имаме можност да ја исклучиме како никогаш да не постоела, 9/10 војни би престанале, превирањата ќе замрат...на "овците"нема да им треба пастир;)...на форумо не ќе расправаа кој е верник а кој е неверник, немаше да се навредуваат:)
     
    На Indiegurl, Briar Rose и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Нели би било малце глупаво да бидеме сите исто, да нема различни култури.. Како роботи. :?:
    Војни пак би имало бидејќи главно војните се за територија и богатство а не за религија. Кавги пак би имало бидејќи глупи луѓе и тогаш би имало. Злото пак би останало во луѓето.
     
    На Victorian, WarriorAngel, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Па што знам. Многу има да се размислува на темава. Па не се сите конфликти од религиозна природа. Освен на форумов можеби. :rofl:

    Мислам дека религијата, не е неминовно одлучувачки фактор и толку опасна за да биде етикетирана како таква, која прави толку разлики, до екстремност, за да предизвикува исто такви конфликти. Општа причинска врска, меѓу религиите и конфликтите, има, но нема толкава застапеност во процент, како останати причини. Сите конфликти вклучуваат ппоголема бројка причини, а најчестиот мотив е отпор кон владата на економски, идеолошки, политички или социјален систем на една држава. Религијата тука има многу мала, а не и главна улога.

    И колку атеистите влијаат врз состојата на мир бе луѓе? Земји со најатеистички пропорции не биле и нужно најстабилни и без конфликти.

    ИСИС од друга страна, е друга приказна, подем на Исламската држава и се повеќе поддржувачи на т.н света војна. Не знам што има тука свето, ама воспоставувањето на повторен калифат има и политички и религиозен ентитет.

    Верски војни, имало, ама освен религија, имале и други причини, како моќ и економија.

    Јас мислам дека не е толку до религијата, колку што е до човекот.
     
    На Gosh, Anabelle.Amorette, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Искрено, размислувам и никако не гледам ништо глупаво.
    Различноста меѓу луѓето ќе постои како што е и светот шарен, културата секој за себе стекната од поднебјето на живеење...
    Не можам никако да ги видам придобивките од религијата..ете Витали душо, ај објасни ми ти мене, што добиваш ти од тоа што си верник!?
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Не може да постои живот без религија. И да нема нешто што би го нарекле религија, човечката психа сама си создава верувања, препреки, табуа, ограничувања.
    Чист пример, зборувате за живот без религија, а ви сметаат луѓе кои се залагаат за еднакви права за сите, ви сметаат ЛГБТИ, ви сметаат организации кои подржуваат било каква идеја со која вие не се сложувате.
    Не е до култура, не е до моралност, не е до религијата.
    Војните нема да престанат, човекот нема магично да стане поморален, полиберален, послободен.
    Религијата не ограничува, луѓето се оние кои си ги ставаат препреките и прават религијата да изгледа злобна, страшна и одвратна. Човекот создава војни во име на религијата. Ако не постои религијата, ќе создава војни во име на својата алчност, моќност, лакомост или психоза.
    Со или без религија, ништо во светот не би се променило.
     
    На filip4, Anabelle.Amorette, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Си наоѓам мир така во душата. Поубаво се чувствувам така. А и незнам зошто да не постои религија, зошто да се буниме во нечиј живот? Нели религијате е факултативно нешто, ако сакаш верувај ако не не, ама работава е зошто другите да веруваат а ако некој верник рече сите верници да бидат да нема атеисти замислувам како се не би го нарекле.. А и што според тебе би било поинаку ако немало религии?
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Живот на Викинзи.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Сум кажала и пак ќе кажам - не е до самите религии, припадноста и степенот на посветеност на нив, туку клучниот фактор е толкувањето на истите.
    Познавам и се дружам во реалниот живот, а и тука читам многу луѓе што се верници, си ја сакаат и почитуваат својата религија - но не се сметаат поради истата за повредни од верниците од други религии или атеистите, не ја наметнуваат, не морализираат со дискриминација на различности и не се мешаат во туѓи животи во име на таа религија, разумно гледаат на работите и се далеку од игнорантни кон науката. Па зошто да им се одземе тоа позитивно верување, мир и радост од верата на ваквите верници?
    Плус тоа, религијата е само еден начин на контрола на луѓето (и тоа кога е злоупотребен), има и други елементи кои луѓето желни за моќ можат да ги искористат.
    За мене идеално општество, утопија не би било да се искорени религијата, туку сите верници да се однесуваат како таквите што ги опишав погоре.
     
    На Gosh, Anabelle.Amorette, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    За разлика од тебе, јас не можам како верник да најдам мир во душа...нешто не ми штима...опасна алатка е религијата за човечкиот ум.
    Многу подобар би бил животот кога би имале друштвена вера, социјална вера...а не живот во страв од пеколот.
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Радо, штом е така, нешто не правиш како што треба.
     
    На sonuvana, Capricorn96, BabyStyle и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    И јас неможев ама најдов. Господ е љубов, ако си ти верник, ако Исус е твој спасител нема што да се плашиш од никаков пекол бидејќи си човек и правиш грешки како и сите други а Господ простува ако од срце се покаеш за направените грешки а ако ѓаволот е твој господар тогаш религијата не е виновна што некој се плаши од пекол.
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Нема добри учители од кои би гледала каде грешам, како треба правилно да работам;)

    Докажано е дека во најнерелигиозните држави, тс.со најмногу неверници, криминалот е на најниско ниво, затворите полупразни..што е доволен доказ дека на народот не му треба религија за биде добар или да има мир во душа.
    Ти верувај си во што сакаш, откопај го твоето ковчезе со сокриено богатство длабоко во твојата душа, најди си го твојот бог а не некој наметнат.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Да еве ја гледаме САД.... Баш е безгрешна нели... :rofl: :rofl: Светот плаче од неа. Нешто си помешала.
    Знаеш ли воопшто колку војни има започнато Америка а е една од најатеистичките држави.
     
    На Rama, Petra777, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Quincy

    Quincy Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2015
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    8.008
    Вера и Религија се два различни поими.
     
    На ***nekoja*** и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Знаев дека пропуштив нешто ама старост, тоа ќе е...значи, кога се правеле тие анализи, Америка не ја вклучиле поради многу работи кои јас не ги знам..ако пронајдам зошто и од кои причини не ја земале за анализирање, ќе пишам.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    религии и вера се два различни поима..јас така мислам...инаку да подобро би било кога сите би биле исти без да се гледа на националност,раса,боја на кожа и секако да не гледаме која веросиповед сме сепак без разлика на бојата верата религијата и националноста сите сме луге НА ГОСПОД ВО ОЧИТЕ СМЕ СИТЕ ИСТИ сепак постојат луге што бојата националноста верата им смета и ги понижават лугето лицно јас сум ПРОТИВ тие кој каков е таков е треба да се почитуваме никогас не сум понижила или навредила некој кој е поразличен од мене....
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Холандскиот сликар Hieronymus Bosch замислил свет без религија во неговото иконично сликарство "Градината на земните задоволства"
    Погледнете ја добро оваа слика, видете што прават луѓето во неа без никаков поим за религија и размислете кон каква насока би се движел светот.
    [​IMG]

    Јас би го споредила ова со книгата на Frans de Waal наречена The Bonobo and the Atheist: In Search of Humanism Among the Primates која истражува примери на алтруистичко однесување кај приматите како што се шимпанзата и се поставува прашањето дали човештвото може да биде алтруистичко без религија?
    Меѓутоа со цел човештвото да применува алтруистичко однесување, односно да покажува незаинтересирани и несебични грижи за благосостојбата на другите; несебичен, би требало како прво да имаме совршена илустрација за хуманизам.

    Гледајќи ја главната цел на религијата, а тоа е моралот, би рекла дека не може да кажеме дека луѓето кои се верници се морални личности, а атеистите се неморални личности.

    Всушност моралот денес се дефинира како збир на правила на определено општество или општествена класа за содржината и начинот на меѓусебните односи на луѓето и на човечките заедници и претставува разлика помеѓу доброто и лошото.

    Бидејќи сум го прочитала делото на Чарлс Дарвин - The Descent of Man (1871),можам да кажам дека моралот е нуспроизвод на еволуцијата, човечка особина што се појавила како човечка природна форма во високо општествени видови, а капацитетот за моралност лежи во мали, суптилни разлики меѓу нас и нашите најблиски животински роднини.

    Еве и еден цитат од книгата на Дарвин: “The difference in mind between man and the higher animals, great as it is, certainly is one of degree and not of kind,”

    Ова би докажало дека моралот не зависи од религијата и дека таа всушност се појавила пред појавата на религијата, односно верувањето на натприродни сили, божества и тотеми.

    Исто така може да направиме споредба и со животните; Иако тие не поседуваат морално однесување, сите социјални животни морале да ги модификуваат или да ги ограничат своите однесувања за да живеат во групен живот, како што се мравките, термитите и пчелите.
    Основната причина што социјалните животни живеат во групи е дека можностите за опстанок и репродукција се многу подобри во групите отколку самостојното живеење додека општественото однесување на цицачите им е познато на луѓето. Високо социјалните цицачи, како што се приматите и слоновите, се изложени на особини за кои некогаш се сметало дека се уникатно човечки, како емпатијата и алтруизмот.

    Така, според ова би рекла дека религијата се појавила по моралот и била изградена преку проширување на општествената контрола на индивидуалното однесување за да вклучи натприродни ликови. Со вклучување на претпазливи претци, духови и богови во општествената сфера, луѓето откриле ефикасна стратегија за ограничување на себичноста и градење на повеќе кооперативни групи.

    Мојот заклучок овде би бил дека иако религијата настанала по моралот, сепак нејзината цел била извртоперена со развојот на човековите општества. Денес религијата преставува одличен изговор за многу акции спроведени против човештвото и поради тоа некои луѓе мислат дека религијата е целосна виновна за истите.
    Сепак, овде исто така не ја оправдувам религијата во целост бидејќи религијата и верувањето на натприродни ликови, како човекова креација првично служеле за да се објаснат природните случувања за кои човекот сеуште немал логичко и рационално објаснување.

    Иако религијата ја уживала оваа релевантност во човековиот живот, сетете се само на улогата на црквата во средниот век и како таа на клада го запалувала секој научник кој имал спротивно мислење од неа и се обидувал преку наука да ги објасни случувањата околу луѓето.

    Во однос на прашањето на @baba Rada Каков живот би се живеел кога не би постоеле религии, мојот рационален и логичен одговор би бил дека не би можеле со сигурност да знаеме бидејќи религијата била присутна во нашите животи пред многу години и за жал влијаела врз нашето размислување на настанокот и функционирањето на светот и животот воопшто. Така, таквата замисла денес за некои луѓе би била невозможна со оглед на фактот што религијата игра многу голема улога во нивните животи и го диригира нивниот начин на размислување, па ваквата идеја би ја протолкувале како богохулие.
     
    На Anabelle.Amorette, Lella, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.