1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каков живот би се живеел кога не би постоеле религии?

Дискусија во 'Религија' започната од baba Rada, 24 декември 2017.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.924
    @baba Rada Америка не ја земале затоа што не е најатеистичката држава.
    Меѓу најатеистичките држави спаѓаат Норвешка, Кина, Јапонија, Чешка, Франција, Австралија и Исланд.
    Интересно е како некои луѓе ја земаат Америка за пример за се што е добро кога им одговара и за се што е лошо кога не им.
    Америка е катастрофа од држава, никогаш не би ми била репер за ништо...
     
    На Gosh, Anabelle.Amorette, Capricorn96 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ех, што би било наместо баба да се родеше дедо... Не може да се исклучи нивното постоење, религиите неизбежно се појавиле, тие се важен општочовечки психолошки феномен кој целата човечка раса ја прави случај за посматрање.
    Можеби не би било идеално, но подобро би било кога во денешно време би исчезнале сите религии и вера, во смисла, енергијата не би се вложувала во лаги и приказни. Кога сите би избрале да живеат прагматично...
     
    На Gosh, Anabelle.Amorette, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Нешто изгледа ти си ги помешал брзините - САД е една од најрелигиозните држави на светов (само 2-3% се атеисти), а дури 38% од возрасните луѓе веруваат во т.н. young Earth creationism , т.е. мислат дека Земјата настанала пред помалку од 10000 години. (facepalm)

    На темава, имаше една епизода од South Park, во која во 2546 година во иднината, сите на земјава се атеисти, a атеистичките фракции - United Atheist League, United Atheist Alliance и Allied Atheist Alliance се во меѓусебна војна поради различно толкување на атеизмот и одговорот на „големото прашање“. :D

    Ова отприлика дава соодветен одговор на прашањето на темава - луѓето секогаш ќе успеат да најдат нешто - нација, раса, општествена положба, сексуални преференци - за да се дискриминираат, мразат и убиваат меѓусебно.

    Во моментов, религијата е само уште една ставка на долгиот список на работи кои ги разединуваат луѓето, ништо повеќе.
     
    На Gosh, Antolinaa, theowndemon и 11 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Зарем не е тажно чувството кога не може човештвото да живее секој за себе, да биде добар само за себе...зарем ни треба бајка наречена религија, зарем ни требаат цркви, манастири, џамии, церемонии, униформи, ритуали, олтари...зарем неможеме да бидеме духовни без религија!????:(
     
    На Gosh, Luminary, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Безсмислен. Зборам за себе.
    Кога ми е тешко (а и кога не ми е) , преку молитви, посета на Храмови, литургии, исповед, пост не можам да си го замислам животот. Не можам да легнам без молитва. Тоа го практикувам од моја 10та година. Никој не ме присили, едноставно ми дојде само по себе.
    До пред извесен период (4год) практикував сето ова, но не толку редовно. Како созревав и учев, така и верата се зголемуваше.
    Низа случки и патешествија (за жал неубави, но слава Бога убаво се завршија) само ми потврдија дека сето тоа не е залудно.
    Човек без љубов и вера е празен и сиромав човек.
    Да верувавме сите, многу работи би се смениле. Нема да се трча по материјално, ќе ја гледаме среќата во малите нешта, наместо да целиме по идеали.
     
    На sonuvana, Capricorn96, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.408
    Пол:
    Женски
    Има Радо, во црква и манастир можеш да ги најдеш. :)
     
    На sonuvana, Rama и Petra777 им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Светот ете има религии, нели...па гледај го на што личи!?

    А, не, не, не...па и лично г-дин г-дин Стефан со мечката да ме развозува по сите свети места, знам дека нема да успее.:*
     
    Последна измена од модератор: 24 декември 2017
  8. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Има разлика од верник до верник!
    Може да се декларира но да не води духовен живот.
    Објаснив погоре, сите целат по некакви идеали, среќата ја бараат во материјално.
    Но полека, ќе дојде денот! ;)
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Петра душо, не се разбираме очигледно...тебе не ти треба религија за да бидеш морална и да не бидеш материјалиста!?
    Така нели, или....:^)
     
  10. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Не ми треба, но народов почна да трча по слава и пари, да се клања на директори, наместо на Бога.
    Заборава дека има фамилија, деца оставени сами на себе, па од нив произлегуваат секакви багабонти.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    .
    Точно така, но било и ќе биде...и сега со религијата ли мислиш дека ќе ги вратиме тие на прав пат, со 10 божји закони!?
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.167
    Допаѓања:
    105.728
    Пол:
    Женски
    Прво нешто што ми доаѓа на ум како слика на светот без религија е хаос, неморал, страв, распуштеност...нешто како Дивиот Запад.

    На прашањето зошто и покрај постоење на религии светот е ваков како што е @baba Rada ќе речам само поради се помал број на верници, вистински верници на истите.

    Споменувањето на војните како појава со религиска заднина, пак ќе речам тоа се сведува на религиски фанатизам и не е во ниедна основа на исправно учење на религијата, која и да било.

    Живеев со атеист и често слушав предавања како животот без религија би бил уште во поголем научен напредок и би биле одамна во Стар Трек фаза.
    Многу напредни научници биле палени на клада и записите уништувани.
     
    На Rama, baba Rada и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
  14. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    @baba Rada се согласувам со тебе, апсолутно. Светот би бил подобро место за живеење кога не би постоеле религите и таквите поделби.
    Не мислам дека ако не постојат религиите ние би биле распуштени, неморални итн.
    Некои работи зависат од домашното воспитување, а не од религијата.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    ДА!
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Почитувам твое мислење, твое право..но ајде малку ако размислиме, гледајќи го светот и сите збиднувања, уништувањето на планетава земја...ете, ако почнат нуклеарните војни, човештвото ќе го снема, можеби ќе остане некое животно или растение кое научило како да ја преживее радијацијата, а нели човекот се измисли што е смарт, само он остана глуп...и да не должам, кажи ми кој ќе биде после новата арка, кој ќе биде во неа...или ќе биде некој свемирски брод со патници во скафандери кои ќе населат некоја друга планета?
     
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не може човекот да живее без мала доза на ирационалност инаку би биле животињи (100% нагон и инстинкт) или машини (АИ) но проблемот и трагедијата е кога ирационалноста ќе стане основа на живеачката.
    Јас би рекол дека 90% рационалност и 10% ирационалност се сосема ок, пример знам дека гледање фудбал е ирационално трошење време но тоа ми прави задоволство, не штети на никој и не е лоша артикулација на потребата за ирационалност.

    Кога ирационалноста би зазела поинаква форма, пример клањање намаз, целивање икони или би одобрувал сунет или би жртвувал раја како Ацтеките е тогаш би било гадно :devil:

    The Devil as always, is in the details.
     
    На Gosh, Lianna Anna, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Не би коментирала повеќе бабо.
    Секој ќе си одговара на судниот ден.
    Изборот е наш.
     
    На Rama, baba Rada и carangigia им се допаѓа ова.
  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Хммм.... темава :)
    Да, веројатно би бил подобар животот без религии.
    Во минатото, луѓето не можеле да си објаснат многу работи, па најлесно им било да замислат дека некоја си таму виша сила управува со апсолутно се на Земјава.
    Во денешно време, време на наука, со милиони извори на информации и докази и за Вселената, и за Земјата, за флора и фауна, геологија итн., едноставно е смешно да веруваш дека некоја си таму виша сила, Бог, whatever, го создала светот, или човекот, или било што друго.
    Како што рекол Маркс, религијата е опиум за народот. Леб и игри. Линија на раздвојување.
     
    На Gosh, Anabelle.Amorette, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ок.
    Само не ми е јасно зошто човек треба на некој да му одговара за нешто, кој е тој суден ден.. Е тоа не прифаќам и не верувам.
    Верувам дека некоја виша сила го створила светов, верувам во духовен живот само тогаш кога ќе успееш да се споиш со својата душа..и знам дека животот е вечна војна со еден непријател, а тој непријател го гледаш секое утро во огледалото.
    Поздрав душо:)