1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каков живот би се живеел кога не би постоеле религии?

Дискусија во 'Религија' започната од baba Rada, 24 декември 2017.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Засега, претпоставувам дека е така. Човекот треба да еволуира, не да стагнира, според мене.

    А која е големата лага во фудбалот? :) Некои деца, гледајќи фудбал, го засакале, почнале да се занимаваат со истиот, и станале милионери. Или, не мора да те збогати, спортот е добар по здравјето и изгледот, колку повеќе си изложен на него, толку поголема мотивација добиваш да го практикуваш. Сепак е тоа нешто постоечко, кое можеш да го свртиш во своја полза.
    Од религија нема фајде, освен ако не си поп. Над 95% само се залажуваат себе со детски приказни и ги иритираат другите луѓе со истите. Добро, добиваш и слободни, неработни денови, повод да внесуваш зголемена количина на прасешко и јагнешко во организмот. Ама Божиќ и Велигден потекнуваат од одбележувањето на зимската краткоденица и пролетната рамноденица, ништо посебно. Потребата за одмор, прослава, рекреација, не е ирационална.
     
    На Anabelle.Amorette, Lianna Anna, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Паа...имаш 22 души кои бркаат кожна топка на рандом ограничен простор и се трудат да ја шутнат со нога меѓу три алуминиумски греди во мрежа, please help me out here :D
    На трибини имаш десетици илјади кои платиле пара тоа да го гледаат :worried: а пред ТВ милиони и милијарди кои го гледаат истото :devil:

    Настрана емотивната поврзаност со тим кој се наоѓа на 3000 км далечина, пример мојот клуб е некаде таму, на север, никоаш не сум бил таму нит познавам некого оттаму али ете...биднало :x

    Играњето фудбал секако е помалку ирационално од гледањето фудбал, секако дека постојат вежби и тренинзи кои се далеку подобри за оргазнизмот него тренирањето фудбал, како према резултат така и према потрошено време за тоа, така што рационалноста би налагала да се тренира нешто сосема друго а фудбалската топка да биде гледана како реликт на варварското минато :devil:

    Но, тоа нешто друго, иако би било супериорно на фудбалот = би било и бескрајно подосадно, така што опцијата фудбал е добра за надминување на досадата, таа надисториска појава која никој историчар, социолог и психолог не ја земал како фактор :party:

    Може причината што ХСС се одвоил од животињето е баш ирационалната нишка која вирее само и само во умот на ХСС, е сеа тоа што подоцна ситуацијата ексалирала и раја сеуште верува во безгрешно зачнати еврејски народни херои или некакви злоставувачи на девојчиња од арапските пустелии, тоа е кога ирационалноста забегува над 50%.

    Но, 5-10% е секако зачин кој ќе ја разбие монотонијата, кој ќе ја надмине егзистенцијалната криза, кој ќе даде смисла на бесмисленото постоење и вртење бескрајни кругови со земјава околу топчеста нуклеарна фурна која пак се врти околу некаква црна дупка на 100К светлосни години далечина, бесцелно, студено, безначајно, космички досадно :)
     
    На Gosh и Lella им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ги заборави навивачите кога ќе се спукаат од двете екипи...:D
     
  4. dedrade

    dedrade Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Машки
    Така е бапче,го делам моето мислење со тебе!
    Земајки во обзир дека религиите во човештво се створени за поголема тупавост помеѓу народите и полесна манипулација со истите,не е на одмет поубавиот и послободен живот без самата таа религија!
    Големата дилема кој што с'е почесто опстојува помеѓу народите кои сме ние,а кои сте вие,(дали е наш или ваш)секогаш постоела и ќе постои,благодарение на истата таа религиозност,зачната со голема омраза помеѓу самиот народ.
    Затоа мислам дека идејата"живот без религија" за мене е добар избор!;)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ex Luna Scientia

    Ex Luna Scientia Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    847
    Пол:
    Женски
    Убавиот наш капитализам бара и бара причини за безкрупулозна поделба на масата, со што едните се супериорни а другите се инфериорни. Се’ додека теророт на трката за власт трае, религијата може да биде само изговор за правење поделба но исклучувањето на религијата не мора да значи дека таа поделба ќе престане.
    За да се достигне утопискиот начин на живот за кој зборувате мора да се поместат повеќе морални граници и вредности, со што и универзалното сфаќање за што е добро а што лошо во општеството. За среќа утописко Н И К А К О не значи и лошо, затоа што само инспирирани од идеалот кој можеме или не можеме да го достигнеме можеме да се подобриме како човечки род.
    Не сум верник и никогаш нема да бидам. Ми се блуе од историскиот развој на верата и начинот на кој верата е злоупотребувана во минатото а и денеска. Самата идеја на нешто кое луѓето го сметаат добро и возвишено би требала да биде токму за љубов, милосрдие и еднаквост наместо за покољ и омраза кон еретиците. Но не, ништо не би било поразлично бидејќи во овој дух во кој луѓето растат тие би се делеле за нешто друго. За бојата на очите. За тоа кој колку влакна има на мустаќите.
    Не оди тоа така. Не се анхилира мало зло за да се заврши големото. Проблемот кој го адресираме се сече од корен.
     
    На Gosh, Anabelle.Amorette, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Оу..дека си бе деде, камен фрли:hug:

    Така е навистина, никаква корист нема светот од постоењето на религиите:)

    Можеби некогаш замислата за религијата била една патека за духовен развој на човекот, морално издигување, но ете, нешто не излегло како замислиле.
    Религијата е најперфиден облик на поробување, ти го одзема овој живот во замена или ветување за некој друг, поубав...:wasntme:
     
    На dedrade му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dedrade

    dedrade Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Машки
    Батали религија,билокоја партија да остане на власт повеќе од три мандата,комотно може да напише нова библија!
    Штом останала повеќе од три мандата,значи се согласува народот со самите нив,па затоа лесно би промениле се што сакат,со самиот тој гест,значи дека полесно можат да манипулира власта со тој народ!
    Религиите се заправо на сличен начин створени!
    Кој во која религија ќе иде,така ќе се вика!
    во една мала земја како нашава,има безброј религии,а што останало за другите и поголеми земји!
    Нема крај на тоа верување!
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Што е толку ирационално во фудбалот, човекот смислил игра, правила кои понатаму ги усовршил, за на крај да разработи шеми за богатење, насочувајќи го интересот на рајата кон таа игра. Фудбалот (или вметни рандом популарен спорт, сеедно) можеби порано ќе здосадеше и ќе се напуштеше, ќе беше вратен на маргините, да не станеше машинерија за пари. Маркетингот и медиумското бомбардирање го одржаа на врвот. Покрај ова што некој рационализирал многу успешно и остварува огромен профит, се работи за рекреација. И играта со нејзините правила, и гледањето, и посетата на велелепни стадиони, и атмосферата таму, се е занимација (и натпреварувачкиот карактер на човекот, желбата за доминирање, која го придвижува). На овој степен на развој на човештвото, забава се уште му е потребна, и мислам дека ќе биде така уште долго. Мене занимација во облик на игра или уметност ми е ОК, верба во натприродното (во најголемите лаги некогаш измислени), не ми треба, не ме исполнува на ниту еден начин, па тоа е :).
    И не заборавај дека огромен дел од публика, потрошувачи на дресови и слични продукти - се деца, и целиот концепт е прилагоден за да им привлече внимание ним. Навивачки фанатици во поодминати години, се приказна за себе. Не е лошо да се забавуваш навивајќи, да се обидуваш да се навратиш на детето во себе, да го оживуваш оној период кога си имал идоли на теренот, ама да се трескаш, расправаш и тепаш за фудбал, а си полнолетен, не ми говори позитивно за капацитетот на личноста.

    А да беше добар спортски коментатор, немаше да ги задржиш емоциите во име на објективноста? А и шо така по колективните спортови, човек би претпоставил дека претпочиташ индивидуални :D .

    Полесно и поинтересно за average лик, е играњето фудбал во друштво, отколку најпродуктивните вежби :whew:.
    Но, можат фудбалери и да ти бидат репер во животот како сакаш да ти изгледа телесната градба отприлика, на пример, и да се заинтересираш како се доаѓа до тоа.

    Ама зошто да се перцепира како нешто страшно, се уште не ми е јасно. Јас живеам со сознанието, и не ми претставува никаков проблем, не ме депримира. Зошто на луѓето им е тешко да се соочат?
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Во ред, но со ова не се адресира ирационалноста на консумација на професионален спорт, значи трошењето време и пари на фудбал е сосема ирационално во споредба со еден куп порационални ствари кои можат да се прават со тоа време и пари, од физичка активност, преку учење и самоусовршување, вложување на пари во нешто кое ќе донесе return и слично.

    Тоа што се врти пара на профи спорт не го прави рационален, како што тоа што Ватикан е побогат од барем пола земји во ООН не го прави рисјанството рационално, има разлика меѓу утилитаризам и рационалност.

    Не е муабетот дали се работи за авериџ ликови или не, и авериџ и генијалец и нешто измеѓу = за сите нив би било порационално доколку прават нешто друго него да консумираат фудбал.
    Во животот нивен на ниту еден план нема да им биде полошо ако го баталат фудбалот скроз, гледано од строго рационален аспекат.
    Значи гледањето фудбал е ирационална ствар, но е бенигна, не штети никому, не наметнува начин на живот или правила и прописи, не бара сунет...

    Невозможно е да се живее 100% рационален живот, како прво таква особа постојано би била во судир со околина 24/7 (јас со 90% сум постојано во судир, можам да замислам што би било со 100% :devil: ) ете пример знам дека етно-националната припадност е бескорисна ирационална ситуација и не припаѓам на ниту една, вклучувајќи ги и локалниве секако, свеједно ми е за 2.август, 11.октомври а 8,септември ми е дно на дното и со самото тоа човек си црта мета на грбот :worried:
    А дали е рационално човек свесно да се двои од средината и да биде антагонизиран?!

    [​IMG]

    Настрана сето тоа, 100% рационалност би била крајно досадна, цело време треба човек да пресметува што е подобро, да не пие алкохол, никотини, шеќери и остали дроги, да живее по некоја програма, нешто измеѓу супер-нерд, стрејт еџ и вехабија ќе биде :D
    Настрана што мозокот не ни е баш умрежен на тој начин, секогаш чоекот бара нешто поинакво, нешто чудно, нешто плус.
     
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    без религии, без раси, без граници. е така треба да се живее. ама јбг тогаш нема да има политика демократија и не знам што не ти не во превод што значи раздор меѓу човештвото и така би било глатко. а тоа не смее..
     
    На Amellie13, baba Rada и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Прво, не мислам дека може да постои живот или општество без религија, поточно без збир од идеали.
    Имаше еден интересен пример во Гуливеровите патувања, го имам спомнато и во обработката во соодветната тема ако не се лажам.
    Имено, во едно друго општество кое е некој вид извитоперена слика на нашето имало војна. Кога човеков праша на што се базира војната, кралот одговори дека едните сметале дека јајцето треба да се крши од острата, а другите од тапата страна.

    Многу интересно ми беше тоа, бидејќи од една страна фрла шејд на актуелните религии кои се препираат за небитни работи, а исто така, поважно, кажува дека во општеството секогаш ќе има борба на идеали, дури и да не постојат проблемите кои ги сметаме за најголеми трња во очи во моментот, независно дали тоа се религии, граници, нуклеарни оружја, Трамп итн.

    Од друга страна, последнава книга што ја читав беше главно посветена на пречките кои религијата и' ги поставува на науката и на разумот воопшто. Главниот научник овде, хардкор атеист, прави едно откритие со кое тврди дека целосно ќе ги уништи религиите. На крај книгата се фокусира на АИ па ова некако остана да лебди. Е сега, дали навистина може науката, или кој било друг, да направи нешто што ќе ги убие религиите, не верувам. Зошто? Да можеа верниците да бидат убедени од страна на разумот, немаше да постојат.

    А исто така, дури и религии да не постојат во форма во која ја знаеме сега, ќе постојат други форми на религии, поточно идеали и ќе постоеја други мотиви за конфликт, како начин на кршење јајца, како сексуалност, како боја на кожа... за жал. Немам надеж дека човештвото ќе се опамети.
     
    На Gosh, Anabelle.Amorette, Читател и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не постои повеќе потреба од традиционалните религии, тие се застарени системи на верувања кои ги прегази времето, штетни начини за артикулација на вродената склоност на чоекот кон ирационалното а секако и физичка опасност, особено во суни-исламските средини.

    Религиите постојат затоа што се врзани со државниот апарат насекаде и затоа што концептот на артикулација на вродена ирационалност е нешто ново, непознато, неистражено = можеби во иднина ќе има повеќе простор за тоа, ќе се учат некои нови генерации да бидат порационални а она што е надвор од рационалното да не го прават на штета на друга раја.

    Она што пред пар векови бил атеизмот утре можеби ќе биде одбивањето на припаѓање кон секуларни божанства (етноси, нации) и тука ќе се уштедат еден куп страданија, милиони животи и трилиони долари и можеби ќе може енергија да се насочи кон нешто друго.

    До тогаш, ќе мора да се трпат бесмислените ситуации :worried:
     
    На Anabelle.Amorette, Bender Rodriguez, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Imagine there's no heaven, it's easy if you try
    No hell below us, above us only sky
    Imagine all the people living for today...

    Imagine there's no countries, it isn't hard to do
    Nothing to kill or die for
    And no religion, too
    Imagine all the people living life in peace...

    You may say I'm a dreamer
    But I'm not the only one
    I hope someday you'll join us
    And the world will be as one
    :music:

    Ме потсети на песнава, токму заради поракава толку ја сакам :D
     
    На Anabelle.Amorette, Црна Ружа, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Религијата е навреда на човечкото достоинство...и да нема религија, добрите луѓе ќе прават добро а лошите луѓе ќе прават лошо..НО, за да добрите луѓе прават лошо потребна е религија!

    (ова е цитат од Stephen Weinger)...
     
    На Gosh и dedrade им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ова би било мојата утопија, ама не гледам начин на кој би се остварила, бидејќи ако ги исфрлиме сите токсични работи во светов како религија, нации и сл. ќе се достигне состојба на пасивност, со која човештвото не е способно да се справи.
    Истата пасивост имам чувство дека ќе се достигне и ако стигнеме до анархија.

    Сепак, некои научници навистина веруваат дека со тек на време ќе се исфилтрираат сите овие попатни нечистотии, ако може така да се каже, за да се достигне состојба на чист прогрес. Се надевам дека се во право, ама морам да ја заземам песимистичката страна на ова. :(
     
    На Anabelle.Amorette, Bender Rodriguez, Црна Ружа и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ќе си живееме во нихилизам, ама исто како и верите така и него, кој како ќе го протолкува односно ќе имаш радикалисти кои ќе ја исцрпат неговата мрачна страна (или ќе ја создадат по свое) и нема да го видиме натчовекот за кој еднаш некој пишувал. Идеал кој можеби во иднина ќе се оствари.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Лично за мене светот без вера и религија би бил многу празен.
    Крај краева,луѓето се тие кои погрешно ја интерпретираат религијата и злоупотребувајќи ја вршат лоши и гадни дела во "нејзино име".
    Ете,и кога би немало религии,светот пак не би бил совршено место за живеење-сигурна сум 100%.
    Пак ќе има војни,глад,болести,сиромаштија,разни класни и социјални разлики и слично.
    Пак немаше да биде идеално.
    Секако дека многу зависи и до домашното воспитување,но многу грешници се вратиле на вистинскиот пат токму под покровот на религијата ;)
     
    На sonuvana и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    @Црна Ружа, не значи дека е ирационално нештото, само затоа што одбиваш да го разбереш. За се постои добро објаснување зошто е така (дури и за лудило). Токму силно и развиено рацио го двои човекот од животните, а не ирационалност. Ирационалност = глупоштина.

    Инаку, самата вера е таа која е ирационална, христијанството е неуспешен обид да се рационализира истата. Има библијата свои светли моменти, практични и корисни за тоа време кога биле пишувани.

    Нема ништо ирационално ако сум одбрала да се рекреирам гледајќи фудбал. Знам што правам и зошто го правам. Со ништо не се залажувам. Има разлика од забава, до искрено верување во воскреснување и суден ден, ова второто е загрижувачко стање во умовите на милијарди.

    Емоциите се променливи и минливи и не треба да се истрчуваат пред разумот.
     
    Последна измена: 25 декември 2017
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    52.600
    Пол:
    Женски
    Религијата во теорија треба да ги обединува луѓето, да го истакнува доброто во нив, сите да се почитуваме и сите да се сакаме. Дали тоа во реалноста е секогаш така? Не. Религијата има направено премногу поделби меѓу луѓето, премногу војни (иако мислам дека алчноста е поголем проблем од религијата кога станува збор за војни). Во нејзино име луѓето сеат зло, се убиваат меѓусебно, "мојата религија е вистина, твојата не". Факт е дека за секој од верниците својата религија е вистинската религија. И на крајот која е највистинската? Нема едноставно. Нема универзална вистина тука, туку секој за себе си има своја вистина. Јас сум израсната како верник и така ќе продолжам бидејќи сите околу мене се верници и ги почитуваат верските празници. Но никогаш нема слепо да ја следам религијата, секогаш ќе ја гледам поголемата слика. Повеќе наука, помалку религија. Да престане да постои религијата веднаш една поделба помалку меѓу луѓето многу значи, колку војни би престанале, колку би се зближиле луѓето од различни вери.
    Да кажам пример што ни го кажа еднаш една професорка во средно: Била таа со семејството во некоја арапска земја (заборавив која) и на пат сретнале како маж си ја тепа својата жена бидејќи била без фереџе (или како и да се вика), "се шетала така да ја гледаат други мажи". Најлошото од се е што не смееш да интервенираш, ќе те казнат. На сите таму тоа им е нормално и секојдневно. Се згрозив едноставно. Не го напаѓам исламот, ама како што слушам вакви работи стварно се запрашувам што религијата им прави толку на луѓето. Како дозволуваат до толку да управува со нивните мозоци. Татковци си убиваат ќерки ако таа постапила "спротивно од религијата". Едноставно религијата ги засенува човековите права. Сетете се и на ЛГБТ.
    Тоа е мојот став во врска со оваа тема, да нема религија дефинитивно ќе живееме подобро. На крајот на краиштата човекот ја измислил религијата и само тој може да ја избриши, ама не е туку-така тоа.
     
    На baba Rada и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    За тоа да се оствари потребно е менување на некои парадигми и докажување дека тоа е можно.
    На прво место мора да се најде простор за новите идеи. Неприпаѓањето на наметнат колективен идентитет е нешто сеуште ново, никој нема чуено за тоа. Припаѓањето кон "племе" на доброволна основа, па и неколку истовремено според мотивите, желбите, склоностите, интересите на поединецот кој би членувал таму, на своја радост и корист и на радост и корист на останатите во групата - е сеуште табу, незамисливо нешто.

    Често низ муабети сум се обидувал да ja "протнам" оваа нова парадигма но тешко оди тоа :x
    Нема да има пасивност, повторно светот ќе биде интересно и фасцинантно место со отсуство на наметнатите колективни идентитети, иако помалку смртноносно :)

    Значи ако немам ништо заедничко со Петре од Мирафци како особа, нема што да припаѓам во иста група, особено што нит го знам петрета, нит сум го видел ниту ме интересира нешто околу него или останатите 2 милиони демек раја со кои би требало да сум во иста наметната група.
    Од друга страна може да имам заедничко со рандом лик кој живее во Андалузија во моментов (може е секташ и тој :devil: )

    И јас сум песимист но од друга страна не можам да се вратам назад и да членувам во наметнатите идентитети, не само интелектуално туку и емоционално ми е мртва ситуација таа, готово е, point of no return беше одамна.

    Гледање на 22 запотени мажи како трчаат по кожна топка на тревнат терен не може според никакво објективно мерило да се сведе на рационално однесување :D
    Гледањето не е рекреација, тоа е забава, значи две различни ситуации ти се тие, а тоа дека си донела баш свесна одлука околу тоа, ако се лажеме сега :devil:

    Инаку да, капацитетот за свесна рационалност е одлика на ХСС, кај животињето кои се скроз рационални иако не се свесни за тоа, нема избор, нема начин за нешто повеќе, програмирани се да бидат такви, сите нивни нагони и инсинкти се базираат на билошките еволутивни премиси за 1.опстанок и 2.ширење на ДНК понатаму. Биодронови со еден збор. :)

    Но и ирационалноста е одлика на ХСС тоа е таа животиња која свесно може да одлучи дали ќе се пари и дали ќе опстане или не.
     
    На Gosh и Lella им се допаѓа ова.