1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каков живот би се живеел кога не би постоеле религии?

Дискусија во 'Религија' започната од baba Rada, 24 декември 2017.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш ако се ампутира религијата дека светот ќе стане пасивен!?

    Доволен доказ се научните достигнување, технолошката револуција, уметноста идр.
    Сите фураат турбо и не им воопшто потребна религија...таа е само едно сметало што на човекот му го одзема неговиот сопствен живот во име на нешто непознато...ништо корисно нема, никакви позитивни придобивки за човештвото...
     
    На dedrade му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Апсолутно се сложувам со ова. Освен неколку исклучоци, речиси и да нема војна која била од верски причини водена. Точно е дека некои на пример го злоупотребувале христијанството за да војуваат „крстоносни“ војни, но тоа биле војни водена од алчност, од политчки и империјалистички мотиви, а не затоа што се следело „Исусовото учење“. И најчесто тие што ги водат ваквите војни немаат поима од верата. Така што не е верата таа што е проблемот, туку алчноста и злото во луѓето. И да не е верата, и цел свет да се атеисти, ќе си најдат пак други причини за поделба (како што била националната поделба на пример).
    Доказ дека на пример крстоносните војни не биле водени од верски причини е тоа што еден од крстоносните походи (четвртиот) бил упатен кон Ерусалим (за нели да го ослободат од муслиманите), но војниците бидејќи поима немале од вера, туку сакале само да грабаат и пљачкосуваат, наместо во Ерусалим, се упатиле кон Константинопол - главниот град на христијанската Византија. Значи „христијани“ напаѓале, убавиле, ограбувале и силувале „христијани“ (ги потенцирам наводниците). Очигледно никој овде не бил мотивиран да војува од митската кауза „мојата религија е вистинска, а твојата не е“ :)

    Инаку има бројни примери каде што луѓето биле поделени на пример по национален основ, а сепак верата ги соединувала. Таков е случајот на пример меѓу христијаните од северна и јужна Кореја, протестантите македонци и албанци си имаат и заеднички богослужби итн.
     
  3. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ех, времињата кога вие протестантите имавте жестоки теолошки несогласувања со католиците па тоа знаело да потрае и 30 години, и да земе милиони мртви и да уназади централна Европа за 200 години :devil:
    Швеѓаните биле страв и трепет тогаш, нешто како боргови кои газеле во име на реформацијата :party:
     
    На Gosh, Lella, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Nobadys.Perfect

    Nobadys.Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    IMG_20170219_111728_992.jpg

    Толку имам да кажам.
     
    На Capricorn96, Anabelle.Amorette, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Кога се критикува религијата, луѓето најчесто се фокусираат на онаа нејзина фаворизаторско-дискриминаторска компонента – фаворизирање на припадниците на сопствената, односно дискриминирање/омраза/убивање на припадниците на другите религии.

    Но ова не е нешто што се должи на религијата само по себе, тука се работи за начинот на кој нашиот мозок е програмиран да функционира.

    Човечкиот мозок е hard-wired да ги фаворизира припадниците на сопствената група, а да биде сомничав, недоверлив, дискриминирачки или непријателски настроен кон останатите групи. Во минатото, ова била своевидна предност – затоа што жителите на малите првобитни заедници најчесто биле блиски роднини, па од еволутивен аспект нивното фаворизирање значело поголема можност за пренесување на (барем дел) од сопствените гени на наредните генерации.

    Со создавање на современото општество, ова чувство на припадност е целосно излишно и ирационално – зошто би чувствувале некаква поврзаност, симпатии или чувство на должност кон одредена група на луѓе, само затоа што имаме иста боја на кожата, сме родени во рамките на истата држава или веруваме во истиот Бог? – особено затоа што 99% од овие луѓе никогаш нема ни да ги сретнеме во животот.

    Но работите се такви какви што се и изборот е или свесно да го потиснеме негативниот аспект на ова – дискриминацијата и омразата кон оние кои не се дел од нашата имагинарна група, или трпеливо да чекаме еволуцијата да ја искорени оваа емоција од нас.

    Еден од негативните аспекти на религијата кој често се занемарува е фатализмот кој таа неминовно го носи во себе.

    На пример, ако човек верува во вечен задргобен живот (како што, мање-више, веруваат сите религии), тогаш нашиов живот на Земјава е само мала, минлива фаза во нашето постоење. А ако е така, тогаш сите проблеми на денешницава – глобалното затоплување, уништувањето на животната средина, загадувањето, болестите, итн. – уствари не се никакви реални проблеми.

    Што има врска ако од загадениов воздух закачам рак или некое друго заболување и умрам на 40? – ако сум добар верник, ќе одам во рајот и таму ќе ме чека вечен живот. Уствари, нема потреба безвезе да се трошат пари за намалување на загадувањето – она што ни треба се повеќе цркви, џамии и верски објекти, за повеќе да се молиме и подобро да си го осигураме местото во задгробниот живот.

    За жал, многу верници размислуваат на овој начин.

    Некои одат и еден чекор подалеку – активно посакуваат глобална катаклизма или крај на светот, затоа што мислат дека тогаш всушност ќе дојде Судниот ден, кога Бог ќе им пресуди на сите, а оние заслужните ќе воскреснат и ќе добијат вечен и благодетен живот.

    Замислете само колку е опасно ваквото размислување, особено ако човек со вакви верувања стане државник кој има авторитет да нареди користење на нуклеарно, хемиско или биолошко оружје или едноставно, дојде до оружје за масовно уништување.

    Од овој аспект, кога сите би биле свесни дека овој живот и оваа планета се сѐ што имаме и најдоброто на кое можеме да се надеваме, би можеле да речеме дека животот би бил подобар без религија.
     
    На Gosh, Lella, Anabelle.Amorette и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Една секта активно се бавеше со предизвикување на Судниот ден, употребиле хемиско а планираа и атомска да акнат :angel:

    Инаку еволутивните процеси нема да ја искоренат потребата за групирање, потребно е да се променат неколку аспекти само, ирационалното припаѓање кон замислени заедници да биде во аут а да се врати припаѓањето во реални заедници поради реални причини, секако не како дел од класично племе од времето на ловци собирачи него племе на лица кои имаат заеднички интереси, желби, гледања на животот...
    Нацијата на пример е ептен нова мода историски, како што се појавила така може и да си оди на ѓубриштето на историјата.

    И тоа би било тоа :)
    Само што луѓето немаат храброст.
    Во ред е да се каже јас сум атеист, но следниот чекор, јас сум анационален, е тек тогаш имаме проблеми...:devil:
     
    На Gosh, Lella, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos тебе да те прашам сакам..
    Зошто ниту една религија не успеа со своите учења да успее кај човекот да го избрише стравот од смртта?

    Јас ја "прераснав" религијата но истовремено ја снижив вербата...како годините одминуваат, стравот е се поприсутен, помислата дека ќе се претворам во прав е се пострашна...
    Работам во здравство и нажалост имам можности да бидам сведок на страшните моменти кога човекот ќе се соочи со смртта, кога ќе му соопштат дека му дошол крајот на животот.
    Ова прашање навистина ме мачи, зошто во ниедна религија нема совети или правила, учења, како да го напуштиме овој свет а да не бидеме тажни.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ако не беше религиjaта, ке беше нешто друго. Таа е само концепт, креациja на човекот за поорганизирано живеенje. И наjсовршено да беше замислена, ке ja злоупотребевме. Таква ни е природата. Така што, тоа што е погрешно толкувана и злоупотребена за лоши цели, не ja прави лоша. Не е таа злото. Ко што зло не е уредуванjeто и управуванjeто на државата. Злото сме ние, нашето чувствуванje, поиманje, делуванje. Злото е во тоа што сите имаме лоши карактеристики, но не сите имаат позитивни. Во група, ко шо вика Чомски (мислам) се дуплираат и делуваме ко морони. Груп тинк. Дури и да наjдат начин да не 'превоспитаат' (да ни ги подесат мозоците), или да измислат ултра совршен концепт по коj да функционираме ко единки и општество, мислам дека сме сетирани да неуспееме. И како стареам, толку повеке го сфакам jунговото дека светот, нештата сами си се редат, со или без мене, вас во сето. И се повеке фокусоот кон макрото, ми се стеснува и стеснува кон моето ммикро. Религиjaта не ме плаши, ми пречи, ми пречат шизофрените трендови да се спаси светот, човештво, уката, буката коja, на по неколку генерации се повторува..и никако дс го спасиме, никако да се олjудиме, очовечиме. Досадно е дури, ко вечно настинати. Битно мислиме, ова е тоj момент, сега, веднаш. И после умираш па, неколку генераци ке се борат со /за истото...само они ке живеат во Нешто понапреден свет,као, тв-то ке им е вградено во окото.
     
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez и @Црна Ружа, ја ви симнувам капа на муабетов, камо луѓе со идеали ко вас да беа фактор у државава и општествово :bow:

    Би додала дека за развивање на свеста кај луѓето, сметам дека еден од клучните фактори е да почнеме општо да се гордееме многу повеќе со она позитивното што зависи од самите нас, на пр. со ситуации кога сме помогнале со човечноста кон некого, со нешто сме го достигнале или постигнале размислувајќи со сопствен ум и делувајќи со свој труд (па зошто да не и материјалното ако е постигнато самостојно и по правилен пат) - отколку со припадноста во некоја група којашто не зависи од нас, како што е боја на кожа, етникум, сексуална ориентација, и секако тука спаѓа и државата во чии граници сме се родиле.
    Мислам, сведоци сме колку патриотизмот е срамно злоупотребуван, посебно во не толку развиени земји како нашава... дури со оваа традиционална вредност тоа се случува и повеќе и поизразено отколку со религијата.
    Во врска со религијата и нејзиното место во оваа поента, покомплексно е бидејќи има луѓе кои припаѓаат на наметната религија од раѓање, а има такви што ја истражуваат со свој ум, па има од двете ситуации океј верници полни со љубов и емпатија, но и онакви што се горди со дискриминациите што ги извлекле од истата...

    И јас сум на мислење како Лелка, реков во првото мислење дека религиите сами по себе не се негативна појава и не се единствена злоупотребена алка од психологијата на луѓето, и тука баш доаѓа и до другите групирања како што се државите со своите граници... Овие мисли се врв на утопија до која којзнае кога и дали човечката свест ќе се доближи, којзнае сега некои што си мислат кога нè читаат :D
    Засега останува да бидеме среќни времето, достапните информации и развојот да прават на што повеќе луѓе што ги имаат овие чувства за вера, националност и слично - да им се воздигне и созрее перцепцијата за истите, и да се искорени чувството на повисока вредност од останатите луѓе само поради тие припадности.
     
    На Lella, Gosh, Црна Ружа и 3 други им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Може, ама ајде, терај како си убеден.

    Околу колективните идентитети и припадноста. Оти е тоа бесмислено, ирационално, прашање на личен избор... Сигурен си дека можеш да пројдеш како Кинез? Онака, без да вршиш корекции некакви.
    Не е само физички изглед, колективите вршат доминантно влијание врз индивидуа, нејзиниот начин на размислување, однесување, дејствување, колку и да не е свесна единката.
    Јас сум ориентирана кон себе исклучиво, оти не ми се допаѓа средината и менталитетот на луѓето во мкд, ама гледам како со општеството управуваат оние што се групирале. Лично, не можам да бидам таква, ама не одрекувам дека за нив е секогаш се полесно.
     
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Мислам дека еволуцијата на човекот, развојот на општеството и неутралната природа на човекот довела до тоа религијата луѓето да ја замислуваат и користат како што е тоа случајот денес.

    Имено, на почетокот кога човекот не можел да ги сфати појавите, промените и настаните околу него,тој морал умствено да креира нешто во кое што подоцна ќе верува, но што е уште поважно да се плаши и покорува.
    Така всушност настанале замислите за Божицата- Мајка и другите натприродни сили.

    Ова е многу важно поради фактот што понатаму како што човекот ќе се развива со созадавањето на општеството, тој оваа замисла за нешто што е натприродно и е над негово разбирање ќе ја адаптира во нешто друго, но со сличен концепт.

    Со развојот на првите држави во античкиот свет како Грција, Египет, Рим, верувањето во натприродните сили преминало во паганство, односно верување во повеќе богови. Овде може да согледаме дека сеуште е присутен тој инстинкт кај човекот дека постои нешто над него кое влијае на се околу него, па дури и врз неговиот живот.

    Ова всушност ја потенцирала религијата да се создаде и подоцна да прерасне во верувањето само во еден бог. Овој ,, напредок ,, во размислувањето се случувал скоро кај сите луѓе без разлика на кој дел од светот тие се наоѓале.
    Така, се развиле религиите како христијанство, ислам итн каде секаде имаме слично толкување на нештата а тоа е дека постои еден бог- создавач на се материјално и нематеријално, загрибниот живот, заплашување со пекол и спротивноста на богот, односно сатаната.

    Всушност, со тоа што накратко ни е вака опишана развојот на религијата, сфаќаме деќа таа се враснала во самата психологија, односно самата свест на човекот како што тој се развивал во општеството.

    Со ова кај човекот се појавила потребата да верува во нешто, скоро како инстинкт, кој секако потекнува од неговиот настанок.

    Меѓутоа она што прави голем пресврт е природата на човекот, односно самото прашање дали човекот е природно добар или лош.

    Секако одговорот е дека ова зависи од развивањето на нашето однесување кое ги зголемува шансите за преживување и репродукција, како и дека ние се колебаме преку доброто и злото, а од историски аспект тоа би зависело од тоа како паралелно би дејствувале нашето верување во нешто натприродно со состојбата на животната средина.

    Кога во стабилна и безбедна средина со доволно храна , имајќи ја биологијата на моралот го одржува нашето место во заедницата на луѓе кои помагаат во обезбедувањето на нашите биолошки императиви, додека во многу стресни, сиромашни ситуации ние сме подготвени да згаснеме преку било кој ако тоа ни помогне да преживееме.

    Така, во зависност од тоа каква била животната заедница во минатото, така и се менувало самото значење на религијата за луѓето, односно дали тие искрено ќе веруваат во бог или само ќе го искористат тоа за да оставарат поголеми цели.

    Секако од природата на човекот и неговиот внатрешен суд за доброто и злото, всушност ја имаме адаптацијата дека постои бог (добро) и сатана (зло) но овие само ги објаснуваат екстремностите на човечки однесувања во целокупниот спектар. Како што од околностите зависи дали едното или другото ќе доминира, на таков сличен начин и ќе се сфаќа религијата, секако во комбинација со самиот факт дека потребата човекот да верува во нешто останала силно врежана во неговата свест.

    Сепак, ако хипотетски претпоставиме дека сите луѓе на планетата Земја одеднаш престанат да веруваат во нивната религија, односно би станале атеисти, претпоставувам само дека или сите луѓе би почнале да размислуваат логично и рационално и повеќе би се посветувале на науката. Но ова би важело за луѓето кој во текот на својот живот додека верувале во одредена религија секако биле добри и морални луѓе додека спротивно од нив - луѓето кои додека верувале во одредена религија не биле целосно морални луѓе или биле добри само поради заплашеноста од божјата казна и желбата за ветениот вечен живот, во голема мера би надвладеал нихилизмот како филозофска школа која би аргументирала дека светот, минатото и сегашното постоење на човекот се без цел или вредност, а нихилистите како што знаеме ги негираат вредностите на законот, нормите и моралните принципи.

    Ова докажува дека и врз одредена претпоставка, ние сме свесни дека моралот, односно нашето расудување и нашата определба на доброто и злото се присутни во самите нас, како што биле и на самиот почеток.

    Но со престанокот на постоењето на религијата, сепак луѓето во нивните очи нема целосно да се перципираат како еднакви, однсно секогаш ќе постојат одредени нешта и карактеристики по кои ќе се разликуваат и делат, како боја на кожа, пол, националност итн.

    И бидејќи човекот не може да биде целосно добар или целосно злобен, тој повторно ќе го искористи способноста да варира меѓу добар и злобен да создаде некоја друга замена за религијата која до нејзиното постоење ја користел за сопствени себични цели, како и искористувајќи ја добрината и наивноста на одредени луѓе- силните верници.
     
    На Anabelle.Amorette, Gosh, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Не е религијата лоша туку луѓето. Непостоењето на религии воопшто не значи живеење во утопија. Се согласувам со сите претходно што напишаа дека луѓето би си нашле куп причини за омраза, поделеност, војни итн.
    Религијата воопшто не е лоша и не е само верување во Бог, туку е на некој начин воспитание, нѐ учи на морал и да бидеме подобри личности. Како може тоа да е лошо? Како што кажав, сѐ е до она што човекот го има во глава.
    Нерелигиозниот живот и животот без вера за мене лично беше хаос. Кога ги вклучив тие работи, сѐ си дојде на свое место. Така да, сликата на светот без религија ми е безредие, бесрамност, разврат, себичност, нечовечност.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Religijata nema nikakva vrska so zlobata na covekot . Alcnosta za bogatstvo , mok i teritorija i te kako ima vrska so podelbata i zlobata na lugjeto . Religijata, bojata na kozhata , politikata i se ostanato e samo izgovor .
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не може да се злоупотреби патриотизмот пошто од раѓање е таков, зло, може да се употреби само, од друга страна не постои универзална дефиниција за него, она што во Битола е патриотизам (solunenas, napalmite, obedineta) во Солун би се сметало за најцрн и гаден шовинизам и национализам, и обратно :party:
    Низ Драва пловеле лешеви пошто перцепциите за тоа биле различни на двете страни од брегот.

    Не може, :D јас споменав само гледањето на фудбал а не тренирање, играње, заработка и слично, значи гледање, ти го иницира муабетот на бенефитите од наведените ствари кои не се гледање фудбал, значи имаш барем милијарда народ во светот кој гледа фудбал и неколку десетици илјади кои имаат корист од него. Од колку души кои гледаат фудбал некој ќе почне да тренира? Можеби 1 од 1000 ако и толку, и тоа мора да е на многу млада возраст пошто некој во Малезија да речеме кој почнал да гледа како 27 годишник и купува сега во моментов пиратска копија од дрес од Манчестер Сити на тезга некаде...not much to go for...

    Зошто би се декларирал како кинез, друг е муабетот околу колективните идентитети, ете се декларирам како секташ да кажеме :devil:, сосема доброволна и свесна одлука која не подлежи на напорите на средината да ме вметне во некоја своја група, етно-национална или религиска без разлика.
    Значи делам интереси со рандом лица од рандом места (слушање на лоша музика, винилки однаопаку па ѓаоло прикажува нешто, црни свеќи, било што) и колку и да се банални или секојдневни тие интереси или да не се, можат да бидат сосема бизарни - тие се реални и рационалната одлука е да се припаѓа на група со која се дели нешто заедничко. Мислам не мора поединец да припаѓа ниту на една група во крајна линија но ако веќе припаѓа,, подобро тоа да биде рационална одлука.

    Секогаш се судирам со истава дилема низ муабети, значи не е дихотомија помеѓу
    1.Припаѓање на наметнат колективен идентитет
    2.Неприпаѓање воопшто на колективен идентитет.

    Туку разликата е :
    1.Припаѓање на наметнат колективен идентитет
    2.Припаѓање доброволно на колективен идентитет.

    Отфрлањето на наметнатите колективни идентитети не значи изолација, волк самотник или нешто слично него отфрлање на сите такви идентитети, значи кинез е еднакво ирационално со бидување кореец, перуанец, иранец или замбиец, шиа муслиман, адвентист, грчки православец...

    1.Религијата ја направиле луѓето
    2.Луѓето се лоши
    3.Од тоа следува дека религијата е каква?:devil:
     
    На Anabelle.Amorette, Someonespecial, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Значи има разлика меѓу Кинез и Замбиец, физички, прво и основно. Исто ко што има разлики меѓу мкд и Холанѓанец, првенствено во главата, нешто што со генерации се таложело, за да не може да излезе од нечија психа, ама нема везе, ти реков, терај како си убеден.
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Каква де? Кажи.

    Човекот е лош, Бог е милостив, според Библијата, Бог е љубов. Така да, човек може да биде добар само преку Бог. Ама ти си по сектите...
     
    На Orthophill, Capricorn96, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Што да терам и каде, имам понешто читнато на тема колективни идентити и размислено околу тоа, ти мешаш расни карактеристики и етно-национални, значи не оди тоа така, треба да се респектира нечие знаење за некоја област, не сакаш да си како мкд раја ама правиш иста грешка како нив, значи не си прочитала ништо околу таа тематика, не си размислила околу тие прашања, освен можеби 5 мин, на темава и си дозволуваш изрази како терај, јас треба да ти кажам да тераш само што сум културен и воспитан 8) Почни со Бенедикт Андерсон ако те интересира :party:

    Тоа се расни карактеристики, друга ситуација, иако имаш купови кинези како мигранти со генерации кои се сметаат себеси за амери, британци, французи и што све не...е сеа не знам за Замбија али што ако се каже девојкава е чиста родена Зимбабвеанка плод на генерации домицилна раја во ...Зимбабве.

    [​IMG]

    Црна Ружа забегал нешто? :worried:
    Не, женската е повеќекратен олимписки и светски шампион во пливање :devil: И бела како снег.

    Перцепцијата за кинез и за замбиец се социјални конструкти, има секакви, некои побизарни од другите.
    Од вчера имаме и косоварска...нација. Јасно дека наметнатиот колективен идентитет познат како холандски е помало зло од фиромски, но тоа е денес, некогаш било и поинаку и на олтарот на холандизмот паѓале еден куп жртви. Но денес има и црни и кафеави холанѓани :party:
    Знаеш за феноменот на микронации? Ги има милион по светот, интересна ствар се.
    Уште сега може да се формира нов социјален конструкт, вечерва и да се нарече со некое име, и да се гради како нова нација.
     
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Јас сум агностик . Немам ништо против ниту еден човек што верува , само ме нервира што многу ме замараат со нивните верувања и коа ке ми прекурчи им викам :бевте вие кај господ ? Го видовте? Тој ви рече гости да правите и да се прејадувате и опијаните како стоки на секоја слава?? И они ми се лутат и повторно продолжуваат со нивните убедувања(facepalm)
    Би бил понормален од сега ако нема религии , некои работи што ги прават ми наликуваат на некој африкански вештерски ритуал.
     
    На baba Rada, sjdgo и LollySky им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ти си само многу досаден... на темава. Не ми наметнувај работи кои ниту ги напишав, ниту ми беа на ум. Не ме „просветлувај“, кога не си ме разбрал. Дали ти е јасно колкави се шансите тешко да се вклопиш помеѓу косооките, само врз база на твојот физички изглед? Голем дел од нив нема да те прифаќаат. Колку сакаш живеј со твоите идеали, биди и во право, некој таму или ваму некаде, има други, спротивни на твоите, и тоа е.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Леле ама се имам карано за колективни идентитети со професори хардкор патриоти (daziveevmro). :D
    Не само што ме направија неедуцирана за македонцката историја, туку муабетот заврши со ,,што се разбираш ти од политика, недомаќинке една".

    Мислев дека само јас сметав дека нациите се сосема ужасна и реално непотребна работа, што произлегува од онаа токсична потреба на припадност. Ако се искорени таа слабост на човекот, веројатно би можеле да живееме во свет без нации, држави и религии.

    @baba Rada Да не го барам назад мислењето, отприлика се сеќавам што ме праша. Кога реков дека ќе се достигне пасивност, мислев на досадата на луѓето која е всушност најголемото зло. И таква состојба не би се достигнала само со искоренување на религијата, туку секоја форма и идеја за утопија. Луѓето мораат постојано да прават нешто, па затоа кај што нема основа за поделба измислуваат. Така впрочем и настанала цивилизацијата и се развило општеството. Верувам дека секогаш кога доаѓала ,,закана" за мирен утописки живот луѓето си измислиле нешто да се занимаваат со што патем го сјебале целото општество натака, како нации и религии.

    Патем, да разграничиме. Кога велам религии мислам на целосно одредени верски идеали сосе пост, сосе бројаници, слави, поклонување на дрвја, фрлање бебиња од десетти спрат, сунети, жртвување кози итн.
    Дали светов би бил подобар без овие примитивни измишљотини? Секако.
    Дали би бил подобар без верба во натприродно? Веројатно пак да, ама таква состојба е невозможно да се достигне засега, за разлика од горенаведените работи, кои можеме да престанеме да ги правиме ако сите колективно одлучиме.

    Тоа дека светот не би бил подобар без религија бидејќи бидејќи од религијата доаѓал моралот, ви се молам, со тоа само кажувате дека сте жртви на масовно перење мозоци, а и искрено страв ми е да помислам што ќе се случи ако сите морални верници сфатат дека не ќе бидат казнети ако не бидат добри.
     
    На Anabelle.Amorette, Justicija, baba Rada и 3 други им се допаѓа ова.