1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каков живот би се живеел кога не би постоеле религии?

Дискусија во 'Религија' започната од baba Rada, 24 декември 2017.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Тоа што наметнатиот колективен идентитет познат како кинез вклучува во себе расна карактеристика не го прави помалку ирационален и помала измислица, лице кое се смета за кореанец, јапанец, монгол, ујгур... би можел да излаже барем милијарда кинези дека е кинез...и после кој е кинез? :worried: па тие цел милениум биле царувани од Монголски и Манчу династии, имало и интересни дешавки со една секта и најголемата војна во историјата (покрај ЊЊ-2) кога рисјанството се обидело да влезе на пазарот на колективни идентитети во Кина, 32 милиони мртви подоцна, не биднало ништо од тоа.
    Не постои физичка инкарнација на кинез, постои жолта раса а во нејзини рамки има многу колективни идентитети, нема генетика својствена за кинез, нема биологија типична за кинез, све е тоа измислица.
    А порано фино селаните во Кина ги сметале за потрошен материјал, животињи, кинезите не биле ниту кинези, после тоа се појавило :D

    Јас живеам со моите идеали али не би рекол дека е досадно пишување околу сосема нова парадигма во човековото битисување на планетава, нешто кое допрва доаѓа, отрфлање на секуларните божанства.:party:
     
    На Someonespecial и DAngel им се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    За жал тоа потценување врз основа на полова припадност е сеуште премногу честа појава тука, не ги заобиколува ниту оние високообразованите, може да е само потиснато или маскирано малку, особено ако егото бидне загрозено тогаш муабетот веднаш ќе се симне на дното со вулгарни еуфемизми за женска особа :x
     
    На CameliaMiller, Someonespecial и Lella им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Една од главните финти што атеистите ги прават кога ги критикуваат верниците е кога религиите ги ословуваат во еднинска форма „религијата“ и со тоа сите религии ги ставаат во еден кош и на тој начин го ставаат верникот (на одредена вера/религија) во позиција да „брани“ верувања кои воопшто не се негови/нејзини. Ова го истакнувам како апел до верниците да не паѓаат на вакви атеистички финти. Обавезно прашајте го/ја на која религија/вера поточно мисли кога вели „религијата“ и потоа можете да имате разумна и основана дискусија.

    Во овој коментар спомнуваш вечен задгробен живот, цркви, Суден ден, воскресение, крај на светот - работи кои се поврзани со христијанството, па претпоставувам дека мислиш на него или И на него. Сепак како христијанин морам да го демантирам ова дека не важи за христијанството заради следниве причини:

    1. Иако христијаните веруваат во задгробен живот, тие го ценат и вреднуваат и предгробниот живот. Христијаните биле активно вклучени во екологијата, во справување со општествени кризи, па дури и во унапредувањето на медицината и науката воопшто. Христијаните не би биле основоположници на речиси сите науки ако веруваат дека овој свет е минлив и ништожен. Христијаните не би биле околу 65% добитници на Нобеловите награди ако сметаа дека е залудно да се вложува во наука (за споредба атеистите се околу 2-4%).

    2. На христијаните не им требаат повеќе цркви и повеќе молитва за да си го осигураат местото во рајот. Христијаните (барем оние кои ја читаат Библијата) веруваат дека со положување вера во Исус е веќе обезбедено простување на нивните гревови и вечен живот.

    3. Христијаните веруваат во апокалипса на светот, ама не дека тие треба да ја предизвикаат :) туку во онаа апокалипса каква што е опишана во истоимената последна библиска книга - Апокалипса. (апокалипса на грчки значи Откровение). Таму се вели дека антихристот ќе ја започне и води армагедонската војна која ќе започне блиску до Ерусалим, но ќе се прошири низ целиот свет. Христијаните го следат Исусовото пацифистичко учење.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Христијанството успеа да го изгони стравот од смртта кај верникот. Потенцирам „кај верникот“, затоа што само верниците веруваат дека по смртта духот продолжува да живее, дека со верата во Исус ни се простени гревовите и нема осуда за нив и дека ќе воскреснат и телесно во иднина.
    Кога умираше еден брат од мојата локална црква (терминална фаза од рак) и мојот пастор го посети 2-3 дена пред смртта, он рекол: Не се плашам од смртта бидејќи знам кај одам, ама тешко ми е зашто моите дома (жена му и син му) не поверуваа и не знам дали ќе ги видам таму...“
    Како што можеби знаеш, јас бев болен од канцер, во трет стадиум. Две години се лечев и многу дечки како мене што лежеа лево и десно од мене, починаа. Можев да починам и јас. Во тие мигови смртта ја осеќав некако поблиску од обично и не се правам херој дека воопшто не ми било страв, ама сепак знаев дека смртта не е крај, дека е запирка, а не точка, и тоа дава сосема нова димензија и воља за поминување низ таквите кризи. Секако не е само стравот присутен како емоција, туку и тагата што би им ја донел на родителите и другите блиски, особено на оние кои не се верници и кои потешко ќе се утешат од таа разделба.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ivimis

    ivimis Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    523
    Религијта е измислена со причина, но многу малку луѓе ја знаат таа причина. Сите тие книги кријат длабока порака.. Не мора да бидеш поп за да разбереш, и одењето во црква не те прави религиозен!!
     
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Кој тоа ти рече дека постои биологија типична за Кинез? Фокусирај се пред да реплицираш, или не реплицирај воопшто најдобро. И така еден куп прашања остави неодговорени, цело време ја пренесуваш водата повторувајќи ги истите работи.
    Мал процент се тие кои можат да „избегаат“ од своето потекло. Најголемиот дел го преземаат речиси во целост менталниот склоп од предците, па бил тој полн со перспективи, или тотално закочен... сведочи правецот во кој се движи или не се движи одредено општество.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Capricorn96

    Capricorn96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Религијата не е причина за војни и поделби туку алчноста и лакомоста на човекот, а оној кој верува во Бог, не е алчен, ниту лаком, ниту ги мрази луѓето.
    Се што е лошо во светов доаѓа од неверниците, а религијата, вистинската религија а не искривена и злоупотребена, не’ обединува, не’ насочува и неизбежно не’ прави подобри луѓе. Без разлика на која вера припаѓаме, основните правила се исти: љубов, мир и слога, почит кон секого. Ниту една религија не вели да убиваме и да наштетуваме на други. Религијата воопшто не е причина за злото во светот туку оние кои не ја почитуваат.

    А каков живот би се живеел кога сите би ја практикувале религијата? Далеку подобар... ама секој со свое размислување.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Цела една генерализација за атеистички финти, ако неколкумина од нив се послужиле со еднинска форма, а речиси сум сигурна дека мислеле на колективитет. Скроз е ова неважно за дебата, оти сум сигурна дека повеќето на форумов знаат кој каде припаѓа и кој како се декларира, а особено постарите членови. Освен тоа, верник, ако е верник, би требало да знае чии верувања брани и не може еднината да му наметне ништо спротивно на тоа.

    -----
    Човекот, е по природа зло, себичен, саможивен, егоцентрик. Теорија на Хобс, во пракса, вистинита. Човекот е волк, за сопствени цели и идеали.

    Има навистина многу примери кои покажуваат дека религиите водат кон насилство и судири. Но, секоја форма на разлика може да доведе до насилство. Односно, ова не важи само за религиозни, ами и за етнички, културни, економски, политички и останати разлики. Порано, низ вековите, насилството и војните, се сметале за легитимни средства во многу области. Порано се воделе крстоносни војни, се палеле вештерки, денес се случуваат терористички напади. Разликите се извор на насилство и не секогаш се религиозен феномен. Очекувањата дека светот би бил ослободен од насилство, кога не би постоеле религиите, е можеби погрешен. Човекот одамна го изгубил моралот и чувството за праведност. И зарем само атеистите се праведни, затоа што не му се поклонуваат на невидливиот Бог?

    Ама добро, вистината е дека, речиси сите религии на овој свет сакаат и имаат претензии на моќ, кои помалку или повеќе ги спроведуваат. Она што сакам да го кажам, е дека во основа, ми личат на диктаторски системи. Што значи да, од таков аспект, светот без религии би бил подобар. И можам да го замислам истото, ама не и последиците. Прво, човекот не би бил ограничен во слободната волја и тоа веројатно би било и добро и лошо и ако не припаѓа на религија, која, на некој начин би ја контролирала истава, тогаш, од особено значење би било, задржување во рамките на моралните и општесвени карактеристики. Сепак, и да не е така, постојат општествени ограничувања и би постоело нешто што би контролирало народ, да не биде истиов вратен во првобитна состојба. Од друга страна, вербата во Бог, не ја поврзувам со религијата. Та нели е тој еден, следствено, нема потреба од делби на религија. Човекот и натаму ќе може да верува, а да не постојат религииве кои ќе го убедуваат оти едната е вистинита, а другата не е, неретко, до степен на фанатизам.

    Фактите на астрономијата учат дека она што се случува на земјата нема религиозно значење.

    Според мое мислење, апсолутното тврдење за вистината од страна на една црква никогаш не може да биде вистинито и тоа го гледам како застарен поглед. Како една институција може да тврди дека ја поседува вистината и на некој начин им брани или им влијае на луѓето да имаат свое мислење. Тоа е таа психологија на колективитетот. Малку повеќе налудничаво личи идејата, да се убива за богови, да се умира за истиве, да се мрази заради нив. Значи, не се доближува народ до љубов, ами сите овие се делат, па дури и врз основа на проклета економија и политиак.

    Да, дајте свет без религија. :rofl: :devil:
     
    На Bender Rodriguez, Someonespecial, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Воопшто не е вистина ова твое тврдење, ниту една религија не се стреми да го изгони стравот од смртта, напротив тие сите и овој земејн живот ни го сакатат, ни влеваат страв...познавам многу прави верницикако што ти велиш, но никој не сака да умре, сите бараат лек и под дрво и под камен, тешки пари даваат, одат во странство за да се лечат..и да не должам, значи прават се само за да го продолжат овој живот..епа ако во другиот живот е подобро , што толку не сакаат да се одвојат од овој??
     
    На crimson, Briar Rose и SV1911 им се допаѓа ова.
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Религијата е една од алатките за манипулација. Доколку не би постоела религијата како таква, би постоело нешто друго за заплашување и контролирање на масите.
    Низ историјата сите лидери ја користеле религијата како алатка за контролирање - што ме носи кон заклучокот дека ние самите сме си виновни за светот во кој живееме бидејќи ние, луѓето ги носиме решенијата, не ги носи некој трет за нас.
     
    На Bender Rodriguez, Anabelle.Amorette, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Едно е да не сакаш да умреш, а друго е да немаш претеран страв од смртта. Другиот живот не ти бега па за да мораш да брзаш да отидеш таму. Телесната смрт и тој транзит е неизбежен. За верникот и овој живот си има смисла и цел. Смртта најчесто е болен процес, како што пишав има повеќе емоции поврзани со смртта. Луѓе се тажни кога се разделуваат со некои и на 6 месеци, а не па при смрт.
     
    На Capricorn96 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Многу работи можат да се користат како алатка за манипулација. И медицината и фармацијата можат да се користат како алатка за манипулација, создавање страв кај луѓето од болести и потоа да им се продава одреден плацебо превентивен лек или одредена „здрава храна“. Дали тоа значи дека светот без медицина и без фармацијата би бил подобар?

    Бидејќи повторно религијата се спомнува во еднинска форма, морам да истакнам дека не ги застапувам сите религии. Јас сум христијанин и верувам дека светот би бил добар без сите религии, освен христијанството :)
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Абе дај кажете ми кој нема страв од смрт, абе реално. Има ли некој што не се плаши од непознато? Или глумите нешто, или не знам што е работа. Па стравот е бе луѓе нормален дел од човекот.
    @EvAngelos серизоно пак со еднината?
     
    На crimson, DAngel, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ваљда си саркастичен со ова... Ако не, многу објективно размислување, нема што. :D
     
    На +++ и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Христијанството е вистинита. Затоа. Така, неколку мажи собрани и облечени во црно велат. :rofl:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Исто толку објективно колку што е објективно и мислењето на атеистите кои велат дека светот би бил подобар без сите други светогледи (религии, верувања, филозофии) освен нивниот атеистички (натуралистички) светоглед :)

    *Овде намерно користам еден поширок кош - „светоглед“ за да може да се смести и атеизмот, кој не е систематизирана религија, но сепак има одредени филозофски убедувања како што е на пример филозофскиот натурализам.
    https://en.wikipedia.org/wiki/Naturalism_(philosophy)
     
  17. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Јас сум верник, верувам во математика.
     
    На baba Rada, +++ и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Евангелос. Ако ти си верник. Ако си прав христијанин би требало да научиш да ги почитуваш сите религии а да си ја негуваш твојата нормално.
    Ама за мене не е христијански воопшто да велиш дека светот би бил подобар ако нема други религии освен христијанството оти баш христијанството проповеда кон почитување на секој и секого односно секаква религија.
    Настрана тоа. Најпрвин христијанството те учи да прифаќаш, да сакаш и да почитуваш а не да правиш поделби :)
    Баш христијански е да го сакаш своето а да го почитуваш туѓото :)
     
    На crimson, Rama, baba Rada и 4 други им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    А каде реков дека јас не ги почитувам другите религии? Нема полажна и полицемерна толеранција од онаа кога некој вели дека се сложува со сите религии и верува дека сите религии и верувања се исти.
    Не можам јас да тврдам дека сум христијанин кој верува дека Исус бил распнат за гревовите на луѓето и воскреснал на третиот ден, а во исто време да се сложувам со Исламот кој вели дека Исус не бил распнат и не воскреснал. Тоа се контрадикторни верувања и само човек со контрадикторен ум може да ги верува и двете истовремено. Ако едното е во право, другото не е, и обратно. Не може некоја жена да е малку трудна. Или е трудна или не е. Ако веруваш дека е трудна, ти автоматски не се согласуваш со оние кои тврдат дека не е трудна и обратно. Ти можеш да го толерираш нивното мислење, можеш и да го почитуваш, но крајно лицемерно би било да кажеш дека се „согласуваш“ со нив. Толеранцијата по дефиниција постои само таму каде што има различни убедувања. Таа нема теореска смисла кај луѓе со исти размислувања. До кога ќе учиме што е тоа толеранција и почитување на форумов?

    И бај д веј, атеистите јасно и гласно се изјаснија дека светот би бил подобар без сите религии, освен атеизмот како убедување. Зошто на нив не им забележавте дека се нетолерантни и непочитувачки кон останатите верници? Зошто атеизмот би бил ексклузивен по ова прашање?
     
    Последна измена: 26 декември 2017
    На Rama, Stephen Amell и Bridget им се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Каде во мојот пост виде дека религијата се споменува како единствена алатка за манипулација? Темата е за религија конкретно, нема сигурно да пишувам за нешто сосема неповрзано.

    Мене не ми пречат религиозни луѓе, самата потекнувам од православно семејство, но иако моите се религиозни, никогаш не се труделе да ми наметнат или да ме плашат со библиски приказни. Доколу сакаш да веруваш, твое право е, исто ко што е мое право да имам различно мислење од твоето.
     
    На Anabelle.Amorette, Lianna Anna и Someonespecial им се допаѓа ова.