Емоцијата треба да се потисне .Треба да живееме без неа .... За што би се потресила и за што би се плашела? И да здрма сега земјотрес јас сум спремна на све Дали сум робот ако на погреб не заплачам и со смиреност го прифатам тоа , при свест дека и мене ме чека истото (и да не се пристресувам многу бидејки за мене никој не би се потресол) Па тоа е факт.
Ова ти е мислење кое нема везе со реалноста..зошто да ги потиснуваме емоциите, па тие се говор на душата!?
Како бе емоцијата да се поттисне? Знаете дека тоа води до фрустрација, а истава до други психолошки состојби? Што зборувате бе луѓе?
Јас можам да живеам без неа . Не се потпирам на неа . Реално ги гледам и прифакам работите . Лиана знаеш , не знам зошто ме споредуваш со фрустрации ? Јас кажав дека на работите гледам реално и однапред сум спремна да слушнам било каква вест (и добра и лоша) и смирено да ја прифатам , и каде е тука фрустрацијата? Врз кого јас се иживувам ? На кого му нанесувам злоба? Смрта ја прифакам како нешто што на сите мора да ни се случи . Ако знам дека утре ке има апокалипса , јас ке си го облечам најубавиот фустан , ке го ставам најдобриот парфем и ке бидам спремна ... И што има тука фрустрирачки ? Реално би биле да се соочите со реалноста каква што е , и смирено да ги прифатите сите турбуленции .
Зависи која емоција. Има разумен страв и неразумен страв. Неразумниот страв треба да се потиснува, или поточно да се игнорира. Разумен страв е да не се пентариш по карпи без заштитна опрема, да чепкаш по струја без да извадиш осигурачи и сл. а неразумен страв е да се плашиш дека утре може метеор да те удри или земјотрес 9ка да те потрупа. Зошто неразумен? Затоа што не можеш ништо да сториш, ќе се измачуваш и ќе си го нарушиш квалитетот на сегашниот живот. Верата дека се што се случува е под Божја контрола и дека смртта е транзит преку кој сите мора да поминеме драстично го намалува стравот, дава мир, спокој, ослободува од депресивни чувства и го зголемува квалитетот на животот. Уффф би сакал да излезам на еден предапокалиптичен дејт со ваква дама со лавовско срце
Не ме разбра, прочитај уште еднаш. Само кажав какви ризик фактори носи тоа што го напиша. Едно е да поттиснуваш емоции, а сосема друго е да ги контролираш и на позитивен начин да се спаравуваш со нив. Ти така напиша, не јас, не се лути. Ако ти немаш емоција на страв на пример, тоа значи дека немаш физички и физиолошки промени, како и промени во доживувањата кои следствено истиве се случуваат. Претпоставувам дека знаеш што значи тоа.
Ах би се живеел прекрасен живот а не сеа сите судат по религиите ако на некојј спомнеш муслимам се однесуваат ко терорист да е.Но секој си е човек без разлика на која религија припаѓа.
Оф топик кој некако се наметна. Затоа ќе пишувам во спојлер. Модератор може и да премести во соодветна тема. Spoiler: Емоциите Тие означуваат ментално движеење, во смисла на влијание. Тие се психофизиолошки, па дури и психички феномен, поттикнат од свесна или несвесна перцепција на некој настан или ситуација. Перцепцијата е секогаш придружена со физиолошки промени, специфични когниции, субјективни чувства и реактивно социјално однесување. Другото е рассудување за причинско последична врска. Истава почнува од околу 2 годишна возраст. На пример, дете помало од оваа возраст, не може да процени дека може да падне од карпата, па радо би да движи по работ за да да види што ќе се случи. Открива, истражува. Затоа децата се лутат кога нешто што може да ги повреди, им е забрането, оти не разбираат. Исто така, не можат да проценат колку е длабоко, колку е високо итн. Неразумен страв, односно страв надвор од границите на нормалата, може да биде страв од било која и било каква животна околност. Кога веќе доаѓа до истиов, се работи за анксиозност од нешто што е реално непостоечко. Меѓутоа тогаш, индивидуата не може да процени, бидејќи се јавуваат психички и физички симптоми кои се ова го прават реално. Рассудување постои. Индувидуата се плаши, затоа што ги знае последицитие од она од кое се плаши, но не знае, дека причината за стравот е непостоечка. Психа е опасна работа. Секој човек поседува емоции. Тие се составен дел од животот на истиот. Ако се поттиснуваат и не се канализираат правилно, се јавуваат фрустрации и позитивните емоции, стануваат негативни. Јас ако знам дека утре ќе има апокалипса, колку и да се соочувам со емоцијата страв, сепак, самиот мозок, самите телесни процеси, ќе придонесат до промени. Ќе се крене адреналинот, ќе се згрчат мускулите и ред други процеси со кои телото автоматски ќе се подготвува за опасност. И се тоа е нормално. Постојат и негативни емоции, кои не би биле прикладни во јавноста. И тоа е нормално. Човек што е бесен, или гневен, човек кој би плачел, може да го контролира моментот за истото и во јавност да не го покажува. Ама тоа не значи дека во моментот не минува низ емоцијата, со сите нејзини придружни елементи. Тоа се вика контрола на емоции. Сепак, најчесто, бесот негде ќе излезе, кога индивидуата ќе биде сама и тогаш кога ќе има можност да го покаже, оти не може веќе да биде поттиснуван. Смртта, на сите ни е позната. Знаеме сите како на крај ќе завршиме. Тоа значи, дека сме ја прифатиле како дел од животот. Ама не значи дека и сакаме да ни се случи. И не значи дека од истава не постои страв. САмото тело, предизвикува такви процеси.