А1 и незадоволна. Се случува ако има дефект, со часови да чекам да средат. Вртам во кол центар, ги правам лом, е тогаш се потрудуваат да бидат ажурни. Ви се случува истото? Ако си љубезен со нив не реагираат, не им е гајле. Многу лошо. Да ги молиш да си ја завршат работата. Се случувало и по 12 часа да трае прекинот, епа како да не ум урлам. Жива брука ако се снимаат разговорите, ама тоа е.
Јас сум на Телекабел, ама планирам да се префрлам на T home. Вие што користите може ли да споделите како сте задоволни и цените како се движат?
Супер е. Само еднаш имало проблеми и тоа бидејќи некој ги изместил каблите во сандучето надвор од станот. Нашиот е сигурно 10 години стар пакет и тој веќе не постои. Автоматски се продолжува. А за цените можеш да видиш на нивниот сајт.
Случајно да не знаеш дали при преселување мора повторно да се плати за приклучок за оптички интернет 1500?
За Телекабел, си бираш, т.е. доколку сакаш оптички ќе им напоменеш. Првично вршат проверка(компјутерски) дали е достапен во тој реон, ако да, тогаш закажуваат термин за инсталација. Јас пред некој месец ставив оптички, приклучокот би требало се уште да не се плаќа, со шо поставуваат нова инсталација, бидејќи таа за оптички се разликува од онаа за кабелски интернет.
На Телекабел. Услугата им е просечна и се случува да те остават без услуга и по 14-15 часа. И кога и да се јавиш од техничката служба ти викаат: На проблемо се работе.
Imam net od A1 okej e ama bi sakala da se prefrlam na Telekabel i zaradi kabelska (imaat podobri programi) dali da stavam obicen il opticki net od telekabel? sto e razlikata doma vo kabli?