Користам од ONE 10 Gb месечно, супер е брз, паѓа еднаш месечно, ама колку крадат не се свесни ! За секој надминат Gb доплаѓам 100 денари, секој месец имам минимум 5 Gb над предвиденото, едвај чекам да ми заврши договорот едвај, уште цела година со овие лопови ќе се расправам
Во Италија сум моментално и користиме на "Infostrada", неограничен е и за некои си 20 евра е одприлика, а дома си имам кабелски интернет од кабелската ТВ што ја имам дома, тој е 500 денари со 25 гига. Задоволна сум од брзината и на двата.
Мax Adsl .. презадоволна сум.. па супер е нетот, мноогу ретко паѓа - пу пу .. само што ми е до 10GB со брат ми чекаме да дојде крајот на месецот за да си слегнеме некое филмче но сепак ако не ги истрошиме 10гб цело време е многу брз
Браво што си погодил, и јас имам таков 3 Max, но поголема катастрофа не сум видела, ни интернет ни телевизија, ни телефон, Телевизијата се замрзнува барем 4-5 пати во денот, автоматски пага интернетот па после треба 10 -20 мин да се дигни конекцијата, а телефонот може да ти преќини на секој раговор
Јас во пакетот немам вклучено телевизија, значи само интернет и телефон и како што кажав презадоволна сум, немам никакви проблеми и никогаш не би го менувала. позз
Телекабел од незнам колку гигабајти (500 денари го плаќам) и за ценава е добар. Знае да падне некогаш, посебно во последно време, а одма се крева конекцијата.
Јас користам ADSL преку пошта ми е и НЕ СУМ ЗАДОВОЛНА ИЧ ! Конекцијата многууу паѓа .. кинам живци секој ден -.-
И јасс користам ADSL но воопшто не сум задоволна постојано паѓа конекцијатаа и тоаа на секоја мин -.-
Јас од кога сум дојдена во МК користам wireless на t-mobile,модемот ме кошташе 2900 со вклучени 2гб интернет и може само еднаш месечно да ја надополнуваш сметката со 530 денари за наредните 2 гб. Е сега тие 2 гб одпрвин ми беа доволни за околу 10 дена,а ги користам само за фб,скајп и форумов,после 10 дена си купував нова сим картичка за наредните 10 дена додека не ми кажаа дека имаш право на само 3 сим картички Сега тие 2 гб ми траат не повеќе од 5 дена и ме чинаат 700денари а не 530 како што кажуваат Јас воопшто несум задоволна ме исушија од пари давање Кога ќе ставам кредит од 590 денари имам интернет 10 мин после нема,се јавувам во контакт центар прашувам зошто немам нивен одговор е дека немам доволно пари на сметка,да ставам уште 100 денари па да функционира,а зошто ми вклучиле web&walk услугата ако немам доволно кредит немаат одговор
користам max adsl со 15G и ептен сум задоволна ,пред три години имав кабелски и катастрофа беше еднаш ќе згрми и оп го исклучуваат
Исто и јас -MaxAdsl и презадоволна сум може да се случи само еднаш во месецот да падне конекцијата но одма се крева (многу ретко се случува да ми падне конекцијата)