јас користам max adsl од 15 GB и презадоволна сум....брз е и досега нема ниеднаш паднато конекција, а висам на нет 24/7 не би го менувала за ништо, освен можеби да го зголемам лимитот инаку од cabletel мајка ми ми има кажувано дека е крш, кај нејзе на работа имале и нон стоп паѓал, малце да задува ветер и одма го исклучувале
Да не имаш вирус. И јас имав проблем мислев дека ме крадат , но откако го преинсталирав компјутерот е ок. Сега надминатите GB ги намалија на 49 ден. A и сообраќајот го зголемија.
Имам 3 мах пакет старт со 10 гига. Што да кажам, на 10ти ми снемува нет и неможам да гледам ништо на youtube
Нe не , барем вируси немам, информатичар сум си го средувам редовно РС-во )) не сум знаела дека ги намалиле, стандард сметки ми доаѓаа по 2500 Од февруари имаат пуштено по 40 Gb, па сега ќе видиме како ќе се покажат во лоповството )
ОНЕ wadsl(бежичен) веќе 4 години и сум задоволен за uptime на конекцијата но не и за нивната корисничка подршка. офтопик gossip-girl 10гб и не се така многу,користење фејсбук,јутуб,...си троши.мене само фејсбук ми троши 10гб месечно,ко ке видиш секој пријател дневно има најмалку 5 поста,кои тебе ти се отчитуваат на домашна страна на фб.поготово ако играат игри ке имаат и 50 поста дневно а тоа ти троши...исто поседување на добар антивирус не значи 100% заштита.види си на конекција ако upload ти е превише ондак дефинитвно станува за вируси.
На one и сум задоволна.....имав 20 gb ама видов дека овој месец на сите им ги дуплирале така да сега имам 40 за истата цена
Макс Адесел и сум презадоволна-брз,многу ретко снемува, и ми се допаѓа тоа што кога ќе има некој проблем слободно можеш да се јавиш и да ти објаснат, веројатно кај сите можеш,но овие ми се многу љубезни и професионални.
Имам 3max пакет, и се надевам дека го погодив името. Ќе се осврнам директно на интернетот, не навлагам понатаму. Од интернетот сум задоволна, колку што тој ми дозволува да бидам. Се случува да паѓа конекцијата и тоа е бидејќи кабелот е малку подскршен во делот каде што се пика во куќиштето а мене пуста толку ме мрзи да се пикам под биро да го местам, па си чекам 10тина минути секогаш да се опорави сам од себе.
Имам од One. Boom TV. Интернет, телефон и ТВ. Се заедно 1000 денари. Лимитот и не е баш голем, но нема врска. Интернетот е брз. И задоволна сум
Мене ме интересира дали некој знае дали можам преку t-home да имам пакет само дигитална телевизија, поради тоа што домашен телефон не ми треба а се заедно со интернет плаќам прилично висока цена со многу мал лимит на интернет (телевизијата е ФЕНОМЕНАЛНА ! )
Мене ме интересира дали некој знае дали можам преку t-home да имам пакет само дигитална телевизија, поради тоа што домашен телефон не ми треба а се заедно со интернет плаќам прилично висока цена со многу мал лимит на интернет (телевизијата е ФЕНОМЕНАЛНА ! )
Имам MaxAdsl ама последниве денови почна да паѓа нетов не знам зошто,и кога проверувам си е најнормално,покажува дека е приклучено, а не можам ништо да отворам. Чекам деновиве да видам дали ќе се оправи,ако не кога ќе им се јавам ќе видат тие убаво!