Max-tv заедно со интернет. Ужас. Обавезно после 20ти секој месец, интернетот е преспор, само messenger брзо се отвара. За google и youtube ќе си чекаш 10тина дена да дојде 1ви..
Ај ве молам мислење за Телекабел Сакам да ги баталам Телеком затоа што бричат со цените,плаќам околу 3000 а и од кога ги укинаа дискавери и уште некои други канали шо ги гледав ми прекипа...
Јас сум задоволна од Телекабел. Ги има скоро сите мои омилени канали (Animal Planet, Discovery, TLC, сите FOX). Имам околу 90 канали и неограничен интернет и плаќам 820 денари, а сега од јуни прееска видов ќе поскапуваат на 950, ќе имало неколку нови. Поевтина варијанта од Телеком ти се, а скоро подеднакво добри.
И 950 е многу помалце од ова што плаќам јас...тоа е супер,а како се покажале...мислам нешто пречки,кочење и слични ствари? Пошто телеком за тоа е топ,секогаш се стабилни
Лично јас, досега не сум имала проблем со кочење, ни со пречки. 3 години користам и ниту еднаш не се случило да кочи или да снема. Е сега исклучок еднаш, два пати при страшно невреме, снег итн. Инаку е топ.
За тоа не се сеќавам, да не те излажам. Јас сум сама и користам само еден телевизор. Најдобро е да си прашаш .
Дечки имам проблем со фб не ми се уклучува целосно не знам како да објаснам, уклучен е ама не ми се прикажува ниту home ниту профилот...пробав се ама ништо. Ако има ваква тема нека префрлат јас не најдов.
На Телеком и домашен и мобилен интернет и презадоволна сум.И со брзина и со јачина и тоа што секаде во земјава имам интернет освен во апла дупка некоја.
Имам интернет 289 mbps Download и 200 mbps Upload, пингот му е константно 2 и се тоа за Џабе пари Зборам за „Сателитски„ интернет воедно едно десктопче, кое шиба како сервер.. (пошо интернетот иде преку Sky Star картица нормално) порано имав креирано и конекции на кој им определував брзина на интенрет, и шиткав на 20 души им пуштив интернетче.. воедно преку тоа серверче.. шандара бандара софтверче, хардверска преправка... ете ти и free тв преку 500 најдобри канали со преводи со све Е сеа малце се помачив, ама искрено ми е смачено од „нашиве“ тако звани оператори.. гледаат само пари а услуги ужас. П.с нека дојдат да видат што е интернет.
Имам поднесено за пакет оптика 20 мб и ми кажаа за проверка се чека 2 месеци дали знаете колку се чека и дали местат во цела зграда или само во стан по барање на корисникот
На Vip, до сега беше ок, последниов период има краткотраен пад на сигналот, пријавив, па ќе видиме дали ќе се среди. Среќа што е краткотраен, брзо се средува.
Може некој што се разбира во интернет и технологија да ми пише лп да го прашам нешто? Бидејќи живци скинав со интернетов. @ЕденЧлен те бива ли и за ова