Каков купувач сте?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SofiMar_, 2 мај 2018.

  1. SofiMar_

    SofiMar_ Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    1.942
    Допаѓања:
    53.145
    Пол:
    Женски
    Дали кога одите во продавница/трговски ( без разлика дали за храна, облека, козметика, технологија ) уживате додека шетате и разгледувате или гледате што побргу да земете тоа за што сте дојдени и да си заминете?
    Дали купувате импулсивно, зависи во моментот што ке ви се допадне или имате однапред напишан список и се придржувате до него? Сакате да истражувате во нови продавници или купувате секогаш од исто место?
    Дали пред да купите нешто разгледувате мислења по интернет? :)

    За мене да си кажам, си го одмарам мозокот дури шетам по продавници, по можност сама, да не ме брза никој. :D
    Обично читам мислења на интернет за се, дури и за храна некогаш.

    За дома пазариме еднаш во неделата и секогаш си имам список, ама кога ке одам во продавница за секој случај сакам да поминам низ сите рафтови да не ми треба нешто што сум заборавила да го напишам или нешто ново. :D

    Во детски продавници зајдувам де ова да видам, де она. :wasntme:

    Кога купувам козметика губам време и за читање декларации.

    Ова само кога сум сама. Кога сум со маж ми и ќерка ми морам турбо.:whew:

    Вие? :lol:
     
    На Ivan4e04, SV1911, КикиМаус и 5 други им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.141
    Пол:
    Женски
    Најчесто одам сама да пазарувам. На раат си разгледувам. Не обожавам да шетам по бутици. Ако планирам да купам нешто и ако тоа го најдам во првиот бутик кај што сум влегла, го купувам. Не сум од оние што ги поминуваат сите можни бутици. Знам некогаш да влезам во некои нови бутици само за да видам каква гардероба нудат. Што се однесува до маркетите, ретко одам по список. Поминувајќи низ рафтовите знам што треба да купам. Обавезно гледам рок на траење.
     
    На Feminka192, SV1911, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    1.443
    Пол:
    Женски
    Кога одам да купувам земам и она што ми треба и она што не ми треба(facepalm)
     
    На SummerGirl, Lolo5 и SofiMar_ им се допаѓа ова.
  4. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    7.966
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам да купувам, да шетам по бутици и да гледам каква нова роба има донесено. А по маркетите да не зборувам, тоа ми е како уживање.
     
    На EraBon, marija1907, Плавуша123 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    240
    Лани летото во еден мол направив рекордни 8 саати шетајќи по бутици. :$ Барав облека нешто да искомбинирам за на свадба кај мој пријател, и на крај ништо не купив :D
    Инаку никогаш не се брзам, сакам се полека и внимателно да си одберам. Тоа што ќе го видам а и во меѓувреме ќе ми текне тоа го купувам.
    Шопингот ми е терапија :sun:
     
    Последна измена: 2 мај 2018
    На marija1907, Lolo5, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.401
    Допаѓања:
    18.468
    Пол:
    Женски
    За во маркет купувам тоа што ќе ми напишат и нешто по своја желба.
    За козметика само тоа што ми треба и за облека исто.Ретко кога сум расположена за акања по продавници, во првите 2-3 ќе земам неколку парчиња и се откажувам.Ама има денови кога можам да шетам по цел ден о да искочам само со 1 парче.Најубаво ми е сама да си одберам тогаш наш мерачки го носам тоа што сум го одбрала :D .Со мајка ми когс шетам повеќе е стрес отколку терапија.Не ова не тоа не ти стои не ми се сфиѓа и тако даље.
     
    На Lolo5, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.267
    Допаѓања:
    4.687
    Пол:
    Женски
    На пример ако одам на шопинг и имам во мене 5 илјади би купила едно парче облека отколку 10 некако побитно ми е да е едно и квалитетно бирам и си одам не се задржувам повеќе од 10 минути.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    11.265
    Пол:
    Женски
    Јас сум гњаважа, и кога купувам од каталози по милијарда пати разгледувам и кога купувам од продавници 3 дена треба да поминам со разгледување
     
    На RoseRain, Lolo5, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Женски
    Многу мрааааазам коа продавачката ке почне да иде по мене и да ме прашува дали може некако да ми помогне по 100 пати. Знам дека и е тоа работа, ама јас сум особа шо влага у 60 бутици пред да купи нешто. И мене 60 пати да ме праша некоја дали ми треба помош, а јас да кажам исто толку пати не.....не иде пошо ми е срам на крај да си искочам од бутикот пошо нишо неам купено. Уживам у шопинг, а у последно време уште поише и у онлајн шопиннг, што не е добро за мојата картичка :^):^):^)
     
    На КикиМаус, Lolo5, RoseRain и 2 други им се допаѓа ова.
  10. iskraFem

    iskraFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    2.474
    Пол:
    Женски
    Не сум по оној класичниот шопинг од бутик во бутик. Кога станува збор за пазарење облека после пола час сум како да ме прегазил брзи воз. Неможам да ја поднесам гужвата и затворениот простор во бутиците. Најчесто знам што ми треба и што барам а богами и кај да го најдам (јер пред тоа сум прочепкала по интернет). Вообичаено пазарам од 3/4 места и само таму и влегувам.

    Е сега кога станува збор за пазарење храна, средства и ствари за по дома едноставно уживам. Дома имам каталог од скоро се па сум информирана каде и што е на акција.

    Храна пазарам еднаш неделно во главно од Реве. Лидл и Алди ги посетувам според акциите што ги нудат. Најчесто за не прехрамбени продукти. Во текот на неделата запишувам се што мислам дека ќе треба да се купи но шетам по цел маркет и многу често купувам и не предвидени работи. Во врска со акции и смалувања на цени: купувам по повеќе пакувања за да има до наредното снижување.(facepalm) тоа обично е кафе, зејтин, тестенини и чоколади (милка и ритер спорт). Рок на траење гледам на месо, млечни производи и производите што се на акција. Преферирам да одам сама во маркет, да земам количка и на тенане да испазарам, не сакам никој да ме брза. Имам навика секое пазарење да си купам и свежо цвеќе за во вазна. Таман по една недела ми стојат :):f:

    Што се однесува до средства за хигиена и козметика секогаш пазарам од ДМ. Исто и таму можам да заглавам со часови ама среќа има автомат за вода, се освежувам и продолжувам. Со задоволство купувам средства за хигиена, од четка и паста до средство за шпорет и бања, прашок и омекнувачи ма свее :party::party: Во одделот за шминка, креми и производи за коса заглавувам зошто понекогаш читам и декларации.

    Посебно место во моето срце имаат продавничките од типот за се и свашта во нив. Влегувам и незнам кој рафт попрво да го фатам. Таму си наоѓам работи за кои не сум ни знаела дека постојат а сега веќе ми се неопходни.

    П.С. Имам картичка за собирање поени која може да се користи на повеќе места па така после некое време си се почастувам од неа :$
     
    На cresa-jagoda, КикиМаус, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.908
    Допаѓања:
    37.121
    Пол:
    Машки
    Oбичнo oднaпред си имaм зaмисленo штo сaкaм дa си купaм и бaрaм пo oфицијaлните стрaни нa прoдaвниците дaли ќе нaјдaм нештo тaквo. Акo нaјдaм, oдaм дa гo купaм. Генерaлнo, не сaкaм влечкaње пo прoдaвници и пресoблекувaње пo 100 пaти. Честo знaм дa се изнервирaм aкo брoјчетo штo секoгaш гo нoсaм, нa тoј мoдел штo гo прoбувaм, ми испaдне мaлo или гoлемo и требa пaк дa прoбувaм друг брoј. Дa мoжев, сè oнлaјн ќе си купувaв. :lol:
     
    На cresa-jagoda, КикиМаус, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    30.035
    Пол:
    Женски
    Купувањето ми претставува задоволство и најчесто сама ја завршувам таа обврска. Купувам со претходно направен план без оглед на видот на производот (храна, детергенти, козметика, облека, обувки) од конкретно место (маркет, бутик, локална продавница). На тој начин избегнувам брзање, а сепак го имам тоа што ми треба. Следам каталози и намалувања и скоро се земам по пониска цена.
    Ретко се случува да купам нешто на намалување, а да не ми е потребно во моментот.
     
    На cresa-jagoda, КикиМаус, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.896
    Допаѓања:
    280.299
    Лесен клиент.
    Не разгелдувам со саати, зашто точно знам што ми треба и што сакам од производот, било да е крем за раце било да е сукња.
    Ме нервира кога продавачките ми дишат во врат или ме убедуваат дека некој производ е одличен.
     
    На cresa-jagoda, Mari*, КикиМаус и 3 други им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    48.165
    Зависи од расположение :lol:

    Обично кога одам сама знам што ми треба и зимам само тоа. До душа, ако нешто на поминување ми фати око секако дека нема да издржам. :angel: Кога одам со маж ми, со саати заглавуваме низ продавници, нема брза постапка кај него, па затоа секогаш купуваме повеќе од што ни треба.
     
    На cresa-jagoda, КикиМаус, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    10.011
    Пол:
    Машки
    Јас сум Топ клиент за сите маркети...
    Се што ќе ми напишат на список од дома купувам и испорачувам во најкус можен рок!!:D Groceries.png

    или со други зборови: Магарето на свадба не го викаат ради големиот алат туку ради јакиот грб!
     
    На cresa-jagoda, Dust, КикиМаус и 2 други им се допаѓа ова.
  16. RoseRain

    RoseRain Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.674
    Пол:
    Женски
    Од тие што им се плачи на моите кога ќе му кажам дека ќе одам :D.
    Си сакам убаво да си прошетам, видам, пробам. После 2 саати се думам помеѓу опциите. Пробувам уште еднаш. Се думам што ќе јадам ако купам се. Купувам нешто. Се враќам да го купам и другото. Си одам дома. Карана сум. Им поминува. Сите среќни :D.
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.145
    Допаѓања:
    35.606
    Пол:
    Женски
    Уживам додека пазарувам и брзо купувам не размислувам многу.
    Највеќе сакам да пазарувам во маркети бидејќи некој не ме замра како во бутиците на пример како фустан тражиш свечен, едноставен, каква боја и ткн.
    А вака во маркет си се шетам претходно што сум испланирала си земам, па продолжувам да разгледувам други производи, па ако нешто ми се допадне и тоа го зимам.
     
    На cresa-jagoda, КикиМаус и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    17.593
    Темава ја меркам уште од сабајле :D

    Променливо е моето разположение а и самиот став кон пазарувањето во зависност од производите.
    Што значи, обожавам да пазарувам храна и воопшто се што е за дома. Е тука веќе уживам, медитативни моменти :lol: Сакам кога си шетам низ рафтови сконцентитано разгледувајќи ги сите произоди кои се изложени, истоврмено си правам камбинации кои одлично би се уиграле во едно исто тенџерче :D Па секој производ пред да го ставам во количка, го вртам од задната страна и сконцентитано читам се, од состојќи кои ги има во него до земја на потекло, иако воопшто не ме интересира ништо од тоа ама ете... ни јас не сваќам зошто го правам тоа.

    А што се однесува до гардароба и обувки ... :x измачување! Да не сум со дотолку нестандардни димензии на тело и стапала, се би нарачувала од интенет. Само да не морам да губам време и нерви за влези/излези во кој знае колку продавници додека да најдам нешто соодветно што нема да ми е мало (патики) или кратко (панталони, маици, фустанчиња).
    И секако морам да ја напомнам најважната причина за мојата шопингхобија - продавач/ки (wtf)
    На топ 5 листа работи што најмногу ме нервираат се досадни продавачки. Ми оди на нерви нивното дишење во врат и убдување да барем пробам нешто што ни на маскембал не би го облекла |(
    Затоа кога нешто ми треба, нормално знам точно што сакам, прво на нет пребарувам каде го има и колку чини, доколку ми се допаѓа и ми одговара цената, одам во продавницата, пробувам и купувам. И целиот тој шопинг момент не трае повеќе од 10 минути, се со наплаќањето.
    За козметика, нормално не екпериментирам, знам што користам и од каде купувам, па така да тоа не ми одзема ни 10минути.

    А и да не заборавам да напоменам дека обожавам пазари. Ја сакам таа енергијата која ја нема на ниедно друго место. Интересно ми е да се ценкам дури и кога немам намера да купам :D
     
    На cresa-jagoda, Читател, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    45.803
    Пол:
    Женски
    Облека и обувки обично сакам да купувам сама,и не шетам многу,за ептен кратко време се одлучувам што ќе купам,едноставно не шетам по многу места.
    Повеќе време губам во маркет по рафтови,ќе читам декларации,ќе барам пониски цени,ќе споредувам производи и слично :D
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl, КикиМаус и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. filip4

    filip4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Машки
    Ako e neshto hrana kupuvam bash ona shto mi se svigja.
    Nekogash se srekjavame isti proizvod a od povekje firmi pa tuka najpovekje zaglavuvam :D
    Paa pak i pokraj mnogu dvoumica mozham bash najkrsh toa shto e da go izberam :D znae toa da mi se desi.
    Za obleka odam vo butik,ako mi padne na ochi go probuvam i go kupuvam.
    Povekje pati mi se deshava onaka so drugi da pojdam ako kupuva neshto a mene na ochi mi padne nekoe parche,ce mi ostane vo um i koga ce bide za kupuvanje po mesec dva ce go kupam istoto i ne zagleduvam drugo :D
    Za obuvki znam da se povrtkam,ama pa ne i bash tolku mnogu.
    Go izbiram poskapoto shto znam kaj nas ne vredi bash toa,si nabivaat astronomski ceni.
    Posledno mi se desi,shto znam i za obuvka sum takov kako i za obleka,od zimoto izmerkav patiki pa gi kupiv pred mesec dena :D
    Mi ostanaa vo um be :D umot od ficho :D napraviv taktika,istite patiki si gi probav vo butik,pa si gi poracav preku net :D a zashto da ne koga ulavive kaj nas nabivaat nenormalni ceni,kolku treba i netreba.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.