Јас сум од оние купувачи кои предвреме, најчесто, знаат што сакаат. Кога сум излезена ако ми е успат продавница одам и гледам што има. И под одам и гледам мислам дека вртам еден круг не повеќе од една минута и ако ми фати око нешто само го гледам подобро и си одам. Ако нешто ми фати многу око, тогаш или го земам одма ако имам пари при рака, или ќе го земам следниот ден. Сакам купувањето алишта да не ми е обврска, туку ако нешто навистина ми се допадни да го имам, а не да морам да најдам нешто што ќе ми се допадни. Да уживам во разгледување на алишта и шопинг - не. Гледам се да купам што побрзо. Ако има некој настан и јас од прилика знам што сакам да облечам за тој настан. Па одам во прва продавница, ако најдам тоа што сакав во прва, не се ни мачам да влезам во втора продавница. Ако ми се допадни нешто друго што не беше по план - ќе го земам тоа нешто. Често да, купувам импулсивно. Секогаш нешто премногу ќе ми се допадни, ќе го купам, излегувам од продавница и сфаќам дека уствари не го сакам толку многу. До продавница, за храна, најчесто одам со список или со wish list. Не секогаш се придржувам до тоа, сепак земам тоа што ќе ми фати око. Мислења на интернет не разгледувам. Ако веќе барам на интернет, ќе го купам од интернет. Едино, многу сакам да одам на пазар. Ќеф имам да одам од тезга на тезга и после да носам најлони полни зеленчук, зошто знам дека штом стигнам дома одма ги мијам и си прам салата. Е за одење на пазар голем ќеф имам.
Секогаш знам точно што треба да купам и ретко излегувам со прозивод плус кој не сум го планирала претходно за купување. Некогаш повеќе разгледувам и сум неодлучна а некогаш само се упатувам кон производот што ми треба, го земам и си одам. Во секој случај не сум таков купувач кој само купува се и сешто ако го најде на попуст или кој купува нешто што не му треба во моментот велејќи Ќе се најде за подоцна.
Најчесто сум рационален купувач..ретко фрлам пари за нешто што не ми треба. Но, сепак и кога ќе одлучам да штедам пак не можам да го постигнам тоа и на крајот не знам каде уствари сум ги потрошила тие пари. Во секој случај избирам квалитет пред квантитет..обично тоа го практикувам кога купувам обувки.. Тоа не значи дека давам кузнај колку пари ама кога купувам на пример патики не се штедам оти тоа мислам е клучно нешто бидејќи сепак најчесто сум во такви обувки и сакам да ми е удобно. Исто така како придружба при купување убаво ми е кога купувам сама или пак со мајка ми бидејќи најискрено ми кажува дали тоа ми одговара или не. Кога сум со другарки осеќам грижа на совест дека им одземам од времето и најчесто брзам. Сепак, се ставам и во нивна положба односно јас не би сакала да изгубам пола ден заради нивната неодлучност. И така..за тие работи си имам разбирање Исто така имам забележано дека во последно време на некој начин ми е незгодно да влезам во помал бутик заради тоа што 70% од продавачките буквално не знаат да си ја работат работата т.е или се мешаат во личниот вкус, или се мрштат зошто си ги станал од кафе итн. и заради тоа си купувам во поголеми места каде си рает и колку сакаш време си се задржуваш без да му сметаш на некој Претходново за облека и лични работи,, а кога купувам технологија 2 месеци уназад истражувам и се распрашувам за искуства од луѓе бидејќи ипак се дава поголема сума на пари.. Во секој случај мислам дека не сум комплициран купувач
Во последно време купувам облека/обувки кога другарка ќе ме повика да гледаме за неа. Да не ми се другарките без облека ќе си останам. И ми нема поодбивно нешто од кога продавачка ќе почне да ме загледува од глава до пети. Кога пазарувам храна обожавам да гледа по рафтови па гледам да погодам некој голем маркет. Се одмарам и релаксирам.
Јас сум шопингхоличарка. Секогаш знам што ми треба, (а се ми треба). Ги поминувам сите можни бутици и на крај се враќам во првиот За по маркети исто така сум прва. Може со саати да се шетам, и цел маркет да го купам (кога би имала толку пари) Буквално ме праќаат по еден производ, јас се враќам со пет Ќе се најде/ изеде дома Ме расположува шопингот, ко терапија ми е
Не би рекол одговорен.. импулсивно купувам што и да не ми треба а ми фати око. Do as i say, not as i do.. не практивувам работи што проповедам, редно би било да си послушам советите..
Сите што одењето у шопинг ги опушта и релаксира нека се запрашаат каков им е животот и што им прави голем стрес. Пошо и онака има други анти-стрес терапии кои се поевтини. Јас купувам само тоа што имам потреба И да е на 80% попуст ако не ни треба, нема да го купам. Тоа ми е правило за шо и да треба да купам (храна, облека, кондони, технологија) ( Гледајте ги Американците на црн петок како се кољаат себе си за да купат нешто што не им треба само затоа што е на попуст. Ама тоа пали кај просечен земјоживеач) Облека најмногу мрзам да купувам. Едвај одам. Однапред знам шо ми треба. Тоа одам мн ретко а и кога одам гледам што побрзо да завршам. За храна у секое време ќе си купам ако ми треба. И у сред спиење да ме разбудиш и ми кажеш дека за доручек сабајле ќе немам јајца .. ќе станам да си купам. Тоа ми е приоритет Да се сите како мене, многу компании би пропаднале од фактот што маркетингот не ме допира. Се проаѓа низ филтрација. Сакам да сум свесен и да имам контрола кога одам у "шопинг" As always, RUN
Ако имам планирано што да купам во продавница не седам со саати во продавницата, земам и одма излегувам. А некогаш и така си влегувам да видам што има па земам ако нешто ми се допаѓа ако не излегувам. Ама не се задржувам долго во продавница. Освен кога пазариме повеќе работи.
Сега скоро барав фустан за свадба и не ми се ни одеше по продавници, ќе го купев првиот во кој се протнав да не ме разубедија да видам и во други продавници. Кога одам со план да купам нешто конкретно, како да осеќам притисок и губам нерви додека се мотам по бутици и се туткам во соблекувални. А ако разгледувам лагано, без некој план да купам нешто, можам и со саати да окапам. По маркети обично следам производи на акција, имам картички скоро од секој маркет, каталозите на dm и Космо исто така ги следам редовно, па за такви работи најчесто одам со веќе готова листа во глава што треба да купам. Макар што секогаш и нешто плус непланирано се протнува во кошничка
Ретко се случува да тргнам по продавници без претходо да знам што би купила. Не ми претставува задоволство да се влечам по бутици и да пробувам облека. Од дома имам зацртано какво парче ми треба, одам, го барам низ рафтови и првото го земам. Пробувањето облека во соблекувални го гледам како нешто најнапорно. По маркети за храна и козметика многу повеќе сакам да разгледувам, отколку за облека и обувки. Во последно време и викам на мајка ми да разгледа прво, пошто таа си ужива во тоа, и после ми кажува кај има облека само да ја земам набрзина Кога ќе видам дека продавачките ме оставаат на мира да си гледам можам да се расположам и да продолжам со разгледањето, инаку ако ми стои над глава гледам што побрзо да избегам
Оф леле .. Секогаш на пазарување излегувам со список , со СТРОГО ПОТРЕБНИ работи , ама неее , јас се враќам со уште + 5 СТРОГО НЕПОТРЕБНИ работи . Да не е маж ми , да ми каже жено доста е не ни треба ова , мислам дека ќе неможам да се донатоварам во кола А кога се работи за облека , купувам по сопствена замисла . Имам поспортски стил , па ќе ги прошетам сите бутици , додека си најдам нешто по моја мерка . Во 1000 ќе влезам , во еден ќе купам 2 парчиња и завршувам со шопингот
Мене купувањето облека не ми е терапија, туку напорна активност која ми е прилично стресна и затоа се обидувам да се спасам себе си од нервози на секој можен начин. Прво правам план што ми треба, да речеме, ако ми требаат фармерки, планирам конкретно какви ми требаат. Потоа, отварам веб страни од продавниците за да видам како одат цените и каде би можела да го најдам тоа што ми го треба. Последен чекор е купувањето - барам и купувам. Ако има премногу гужва не го облекувам парчето - и онака имам 30 дена да го заменам. Зошто да се препотувам кога можам фино да си пробам дома? А и облекување фармерки кога си испотен е невозможна мисија. Ме нервира гужвата и туркањето во продавниците, како да нема утре, ама поголем проблем ми е прашината во соблекувалните. Непланирано можам да купам ташна или марама, ама доколку истите ми се потребни и можам да ги комбинирам. Ако планирам да купам патики, ке купам патики. И најбитен момент е тоа што никогаш не излегувам надвор од планираниот буџет. На тема храна и производи за дома, прво проверувам по фб какви акции има. Истото важи и за козметика. Не ми е проблем да одам до Тинекс или Рамстор ако има значителна разлика во цени. За технологија прво одредувам цена, бирам модел и читам рецензии. Ама тука правиме муабет за поголеми суми на пари, па не е баш сеедно каков фрижидер ке купиш.
За облека веќе не сум имплусивен купувач ко порано.Купувам ама по парче или две месечно и толку,и тоа ако претходно сум го видела низ некоја страна на нет па само влегувам и го земам и тоа е тоа.Здосадено ми е од тоа со часови да разгледувам ,бирам,комбинирам. Е затоа во маркет (особоено оние големите) знам саглам да заглавам.Покрај основното од список секогаш иде и некој нов производ(да се проба нели) па некоја акција и на крај на каса сметка од 4 цифри
Обично кога купувам облека или обувки имам замисла што конкретно барам (и најчесто баш ко што сум замислила не наоѓам ) Низ бутици не шетам, повеќе нарачувам од бутици на фб, за среќа до сега не ми се случила утка Е низ маркети ми е уживање пазарењето, си шетам лежерно низ рафтови, од страна гледано може и ко замаена изгледам Се' на се' сум рационална во купувањето
Секогаш кога одам на купување си правам некој мини план претходно за тоа што точно ми треба. Идам, земам се што ми требало, па успат ако уште нешто ми се допадне земам и тоа, па толку. Главно си уживам во шопингот, тоа ми е еден вид релаксација.
Секогаш си планирам што да купам пред да тргнам да купувам, било да е за облека или храна. И секогаш се обидувам да купам што побрзо, наместо со саати да шетам низ бутици. Гледам нешто ми се бендисува, обично не му се мислам многу и го земам. Бидејќи ако не најдам на прво нешто многу се демотивирам и не сакам да барам повеќе. Понекогаш се случува да земам нешто непланирано, ако многу ми се допадне. За храна правам список, или мајка ми прави ако таа ме натера да купувам, земам се што треба и излегувам одма.
Искачам знам што сакам знам што ми треба идам во една продавница тоа што ми треба ако најдам таму купувам таму ако не идам во следна . Не одам од една во друга па ваму не ми се свига таму ке одам па ваму ми било поскапо ај да видам во др поевтино е НЕМА ШАНСИ. Идам во една наогам купувам и чао
Купувањето облека ми е малтретирање , не сакам шопинг воопшто бидејќи сум гооолема маанџика и се ми е скапо или маана наоѓам на секое парче облека поклони сакам .... А пазарување во маркет обожавам дека сум секогаш гладна Во Скопје купувам во еден маркет и од друг не пазарам исто и во градот кај што живеам пазарам само од една продавница Гледам што има акција и купувам она што ми е нај потребно за цел месец Во главно јас сум скржав купувач , сакам за малку пари многу да купам
Уживам во купувањето и не ми представува никаков проблем. Особено кога шетам по продавници за облека и трговски, можам да заглавам со часови одбирајќи и пробувајќи разни парчиња. Поради тоа, често се случува да купам и нешта кои подоцна сфаќам дека не ми се воопшто потребни. Наспроти тоа пак, кога одам на пазарување најчесто се ограничувам на она кое е навистина потребно со исклучок на по некоја ситница колку за проба.
Сум за умерен и исконтролиран шопинг и воглавно го практикувам, со избор на парчиња што навистина ми требаат и често со план однапред. Иако сум љубител на мода, не сум огромен фан на долг шопинг по бутици како повеќето женски Знам понекогаш кога сум расположена да се опуштам малце подолго со добро друштво и ако има добра музика на радио/парфем во бутикот , ама почесто гледам побрзо да одберам убави парчиња што одма во глава имам со што да ги искомбинирам. Гардероби и пробување апсолутно хејтам, посебен склет ми се на топло време Најмногу знам да се задржам и уживам во разгледување книги како сега на саем, со читање краток осврт на последната страница, па тежок избор во согласност со тоа како стојам финансиски, а другите што ми паднале во очи си ги памтам за да ги барам на нет Исто и за други ситници како маркери, тефтери, па шољи за кафе и по некои украси знам да се занесам како и за козметика. Храна и производи за домаќинство по список и механички купувам, и пазари не сакам многу, посебно со многу гужва А, да, и мене како и повеќето, ме нервираат во било каква продавница нападни продавач(к)и кои те следат и убедуваат да купиш нешто што не ти е во план или обично нешто поскапо, дури да ти стане незгодно ако не купиш