Најчесто сакам да одам сама да купувам за да можам на раат да си разгледам, без некој да ме брза или ќерка ми да фаќа по рафтови се што и дојде при рака Во последно време одам само по потреба ако нешто ми треба, ама од време на време знам да си излезам онака да опуштам мозок и си разгледувам и си купувам некои ситници. Често знам и од интернет да си порачам.
Обожавам да купувам. Мислам дека мака им е на блиските ако треба да дојдат со мене на шопинг. Сакам да купувам гардероба, козметика, книги, чашки и се уште знам да купам некој нотес, маркери и останати тракатанци иако одамна завршив со школување. Знам во еден бутик да се задржам и по еден час. Ретко ја пробувам гардеробата, си го знам бројчето и веднаш си купувам. Пробувам само во моменти кога не сум сигурна дали би ме личело. Купувам импулсивно она што во моментот ми се допаднало, без да размислам дали имам со што да го искомбинирам. Доколку после видам дека нема со што да го искомбинирам, тогаш се купува и нешто друго за да може да се направи комбинација. Кога одам да купувам книги, можам да се изгубам. Мислам дека скоро цела смена со вработените можам да ја седам. Сакам да гледам наслов по наслов, па да прочитам содржина. Уживам во целиот тој процес. Купувам се додека не ги потрошам сите пари.
Уживам додека шетам. Ама кога ќе влезам не излегувам со празни раце кога станува збор за добра облека, козметика и благо.
Онлајн купувач бидејќи најчесто ме демотивира однесувањето на вработените во помалите продавници. Ако веќе морам да излезам, тоа би било со мајка ми, секогаш и се допаѓа нешто па нема да се вратам со празни раце. Многу сум неодлучна кога се работи за облека. Се двоумам и на крај колку и да ми се допаѓа нема да купам од причина што мислам дека нема да ми треба (скромен купувач, ама не и досаден, надвор си размислувам ). Затоа после следува познатата "немам што да облечам". Ако има некој да ми купи да не морам сама, уште поубаво.
Купувач кој сам оди на шопинг Прво детално си ги гледам каталозите онлајн и после директно одам и ги пробувам парчињата што сум засакала од каталогот. Ако се совршени во поглед на материјал и како стојат, купувам, ако не, дополнително разгледувам, ако сум расположена Не купувам ради реда, да мора дома да се вратам со ќеси, туку ако стварно вреди. Плус купувач кој одма се фаќа за најскапото
Уживам да шопингувам, ама пред се’ треба да сум во “high” расположение, за да не се вратам без ништо да купам. Преферирам брендирани парчиња, но понекогаш може да купам и нешто надвор од тоа, ако стварно ми се бендиса. Сакам да разгледувам релаксирано, без да ме брза некој, зашто во спротивно шопингот ми нема филинг. Избирам да го купам она за кое сум сигурна дека е адекватно на мојот специфичен вкус.
Многу едноставен шетам само кога треба дс купам нешто, а претежно купувам онлајн Е кога ќе треба дс пазаруваме јадење можам со саати да останам во маркет