Го земав овој хонор од Т-мобиле само го имаше, некои си 20.000ден , мислам реална вредност му е 10.000ден, камерата не е добра , премногу заматен ефект има и како расипана камера делува , навистина не можам да сфатам што ти се допадна кај камерата , башка тоа што личи на фејк ајфон , друга прича , ама мислам требаше реално да кажеш дека камерата не е добра, денски може е ок стакло чисти, ама некогаш и денски внатре кога сликаш камерата има чуден ефект , не е добар телефонов, во однос на камерата, ама за брз ,брз е и може има други квалитети , ама ако на некој му е важна камерата , нека го прескокне овој телефон ,како излезе прошлата година прилично нов ,па за 20.000??? Не не не, не вреди , телефон без камера ....не би го купила повторно и не би го предложила некој да го купи. * Последно што ми се случи со телефонов, ставив позадина која ми се свиѓаше ,екранот/камерата покажуваше лоша градација на нијансите, што создава ефект на концентрични кругови или бранови, ништо поразлично не се случува и со другите слики нажалост телефонов прескапо го платив за услугите кои ги добив
8/256 нема за 10к. Плус процесор најнова генерација, и ред др работи. Не е само камера на телефон, или зависи за кој како
Во овие две недели јас сум презадоволен. Од се ова што го наброја сите проблеми, јас немам ни еден проблем ни со камера, ни со позадина. Сеа ок, не можеш да очекуваш професионални слики или екстра од буџетски телефон во средна класа со цена од 200 евра, толку е цената, 215 евра во Сетек и Нептун. Тоа шо си го купила 20.000 во Телеком е друга работа, факт е дека кај операторите се поскапи телефоните. Сликите мене ми се фантастични. Верувај ни кругови ни заматување, ништо нема, стакло се чисти. И на светлина, и ноќни фотки ги вади чисти дури и кога зумот е на макс и со исклучена AI функција и без Beauty mode. Исто и други луѓе што го имаат викаат дека се презадоволни. Позадините си се ок нема такви кругови, екранот е чист и многу светол. Телефонот е брз и побрз и од брзината на звукот. Системот е пречист и интерфејсот и самиот си се оптимизира шо е за пофалба. Јас сум презадоволен. За цената подобар телефон нема, за 13.300 денари добиваш 8/256, Медиатек Ултра 7025 Процесор. Камерата за мои потреби е предобра. Хонор е Хуавеи само прилагоден e да има Гугл сервиси. Honor 400 серијата е фактички Huawei Pura 80 Не знам зошто кај тебе тоа се случува, види со гарантниот лист прашај таму или направи hard factory reset. А дизајнот е суптилен, некому ќе му се свиѓа некому не, за вкусови не се расправа.
Еве кога ќе ставам слика на позадина , како се прави небото или слики кои треба да имаат чиста позадина , имав Хуавеи уште поевтин од овој ,т.е. дупло па такви сликите не беа, мислам срамота ваков телефон да има вакви проблеми со слики , да јас го земав одма кога искочи така да ,може на почеток не приметуваш ама жал ми е што ќе те разочарам , ќе приметиш понатака како ги прави сликите крш , еве пример ако се забележуваат линии и бранови . Спојлер Факт е дека телефонот не е за човек на кои му се битни сликите ,па дури и на позадина на телефон , на што акмав 20.000 веќе хонор не.
Па сосема е ок сликава, може и таква е сликата а не до телефонот. И види, за телефон од 200 евра не можеш да бараш влакно во јајцето. Преодличен е. Пробај Ultra HD позадина да ставиш. Без проблем ги прима позадините кај мене.
Слика со бранови и линии е ок ? Не знам дали исто гледаме ,ама како и да е телефонов не би го препорачала на некој кој му е битна слика па дури и на позадина , очај ! Хуавеиот од 5.000ден немаше вакви проблеми
Може е до сликата а не до телефонот. Може телефонот треба да го сервисираш. Кај мене нема никакви проблеми со позадини, слики а и други луѓе шо прашав се презадоволни. Телефонот е за препорака зошто подобра опција за 200 евра нема. Се друго е 0, Самсунг за 200 евра ти го нуди обичниот А17 со дебели рамки а Шаоми е преполн со реклами.
Ама ти ако го имаш земено за 12.000, јас го земав 20.000 и за тие пари очекував повеќе а не бранови и линии па дури и на слика на позадина значи до камерата на телефонот е , ми викаа другарки дека хонор е познат по најкатастрофална камера не им верував , ама сега кога сама се уверив знам дека хонор никогаш повеќе не би земала , убаво е што тебе ти е погодено ама треба искрено да се каже дека камерата на телефонов е една голема нула.
Абе Ики, а да го однесеш у телеком да видат може стварно му треба сервис? Ја да сум,ќе се бунам, реално. Си го платила и фер е да си задоволна, а штом го имате истиот телефон (скроз исти), значи нешто е до телефонот. Однеси го не си мачи душа.
Таква е камерата , другарки имаа постари модели на хонор ми викаа да не купувам хонор ,јас како да не овој е нов сигурно е подобар и други коментари низ интернет што имам читано , хонор има проблем со камерата ,а мене важна ми е ,така да веќе хонор не, ги отпишав , на кој не му е битна телефонот е навистина ок .
Мислев само јас сум го купила овој хонор и морам да се согласам со членката @Irenaiki , камерата не му е јака страна, ама за други работи искрено прв телефон од кој не ме болат очи и цел ден да сум на него и батерија е ок и брзина ама за камерата и мене нешто не ми е покеиф , ама мора нешто да има
И мојата е лудница баш никаква ама искрено не се замарам. Го земав (редми 15) ради добри перформанси, како на пример има 8 рам 256 стораџ, што не е малку воопшто, и цел ми е да ми трае... А камера, на друг форум читав, G-Cam да се инсталира наводно ги оправа сликите ги прави џам. Ама многу замарање ми е тоа
Дали некоја девојка од овде користи The Samsung Galaxy S25 и како е задоволна? Се мислам да го земам. Барам компактно телефонче да ми брка работа, немам некои специјални побарувања.
Го знам тоа , сум пробала ама џабе , штом е таква камерата на телефонот тоа е , колку пари толку музика , идеален маж нема, не па телефон
За цената телефонот е супер и пребрз. Камерата не може да биде како на Pro серијата или Magic серијата бидејќи е средна класа буџетски. Нема подобра понуда во Македонија од Honor 400 серија.
Не се разбравме ама ок е. Јас сакам да кажам дека камерата нормално не може да е таква како кај про моделите ама ваква камера не смее да биде за телефон кој јас го платив 20.000ден а не 13.000 мада и за 13.000 не чини , на поевтин телефон имав боље камера ,ете може некој ќе види кој сака да го купи и нема да се зезне да купи телефон една минимална плата а вреди многу помалце !
Камерите кај Хонор телефоните се доста слаби и многу поназад од тоа што нуди конкуренцијата. Не е само до хардверот, туку проблем е софтверот. Тука треба да се има напредни алгоритми за твикање на фотографијата да биде на едно одлично ниво. Хонор, како млада фирма, откога се оддели од Хуавеи, за жал софтверски сеуште не може да најде решение за камерите. Па така имаме случај каде што исти телефони хардверски, кај Хуавеи камерите се едни од најдобрите, а кај Хонор се чист медиокритет. Magic сериите имаат подобри камери, но и тие не се на исто ниво за цената. Обичните серии како 400, пак, од друга страна не го нудат ниту тоа. И за крај, како што имав пишано претходно, Lite серии на телефони треба да се избегнуваат во широк круг. За слични пари, Редми или Самсунг нудат каде, каде подобри камери и целокупно искуство. Пример, еден А36 кој е за слична цена со 400 lite е ниво погоре со камери.
Колку и да е до телефонот на членката, сепак факт е дека Хонор има послаби камери и дека им треба повеќе труд за да го надминат Хуавеи прво, а потоа да ги достасаат другите. Јас на постарите Самсунзи вадев каде каде подобри слики. А, да не зборам за 35ва што е ептен погоре или што вели Били за 36та.