А, бе сеа јас една година го имам телефонот , многу добро знам што и како е. Тој што ти кажал ,те излажал ,еве сите потврдуваат дека хонор за камера не ги бива и тоа е
Проблемот не е во сликата , сликата е ок , туку а се појави на сликата еднобојно нешто , има бранови линии тоа на апла стари телефони го имаше , јас искрено се покајав што не си земав некој саглам за 20.000.....ама тоа е хонор веќе не
Јас го имам 3 месеци, задоволна сум. За компактен, помало телефонче е од другиве самсунзи, претходно имав А серија и беше видно поголем. Мој совет е само ако премногу сликаш и снимаш видеа, земи го со 256гб не со 128. Јас користам клауд, ама повеќе меморија не е на одмет.
Самсунг С24 ултра користам веќе година ипол, презадоволна. Мислам дека ќе им останам лојална на Самсунг.
Врв се серииве S. Прв пат користам вака поубав телефон и мислам на друг нема да можам да се вратам. Јас го земав новиов S26 ultra. А имав пред овој А55 5G и сега кај син ми е тој. Кога го зимам за да видам нешто, пречудно ми е Камера, перформанси овој... топ. И јас не би сменила после ова ништо поразлично (таму за години години само, подобро нешто)
Да супер се. Не ми закочил воопшто, и камерата е врв, мојот телефон се користи за сликање во друштво. Засега нема потреба, но понатаму мислам пак би зела од оваа серија. Ако памтам добро, има 7 години апдејти, па се надевам ќе можам толку да го користам пред да го сменам.
Не се споредува Ѕ серијата со А серијата. Небо и земја разлика се телефоните. А Ултрите се скроз друг универзум споредено со обичните Ѕ серија телефони. Ѕ23 Ултра и Ѕ24 Ултра беа едни од најдобрите телефони кои излегоа на пазарот. Во секој поглед врвни. Ѕ23 Ултра и денес она што го нуди за цената на старо, споредено со понови телефони како А57, Ѕ25FE и Ѕ25 не може да се спореди. Премиум уред. Се мислам и јас за надградба на Самсунг. Ѕ26 Ултрата од она што гледам рецензии ми е некако со поделени мислења, ама не сум го расчепкал лично. Како е телефонот? Дали вреди да се земе и да се прави апгрејд или да се чека да излези Ѕ27 Ултра?
Јас имам 24ка ултра сестра ми користи 26ка ултра освен приваси екранот и нема нешто посебно да видиш освен тие 2год апдејт нели дека понов, искрено и ја чекам за с27цава да видам ама нешто не ја фалат и неа, слична на 26ката....Ама ако не ти се брза барем почекај нема да згрешиш
Ми помина некако времето за експериментални телефони. Клучен ми е за работа и ми треба нешто стабилно што можам да се наслонам на него, не само хардверски, туку и софтверски. Иначе ќе идев со Хуавеи или Виво првенствено. Ама вака изборот ми е или Пиксел повторно, или Самсунг.
Прв пат користам ваков, па мене ми е феноменален. Во споредба со она што користев особено... не се ни споредува до душа, баш што викаш небо земја. Го зимам сега од син ми нешто да пуштам, видам... од што се научив на овој, немам трпение на тој Лета овој, за милисекунди вклучува се живо. Куцање на тастатурата исто, нешто неспоредливо со претходни телефони што сум користела. Не ми е и мене сеуште убаво расчепкан, немам баш време. Уште не сум запознаена со сите функции... Битно слика, снима врв (снимањето е со прејаки опции - има да наместиш да следи еден објект/човек самиот телефон, horizontal lock - како и да го вртиш телефонот снимката останува права.. пробав на огледало го завртев 360 степени, а снимката остана права ). Башка со Ai дека е, има и интересни опции за обработка на фотографии. Пример ја сликам малава со флека на блуза и има опција, ја брише флеката... не се ни приметува преработката (па колку и да е шарена блузата, прилагодува се). Незнам какви опции имале другите верзии, ама јас до сега се со A бев, Хуавеи претходно... ваков прв пат користам и за мене е топ. Пријателка беше со s23 неколку години и она зема s26 скоро, задоволна е и она
Samo samsung Samsung Galaxy A36 5G koristam odlicen e sega go zemav Samsung A57 5G uste stoi go nemam probano
Земав скоро 18 Pro Max, а тоа да ти било скоро се исто како 17 Pro Max. Се мислам да одам на Z Fold 8 Ultra. Дали треба јас да доплатам или треба да ми доплатат доколку мењам за таков?