Многу е overrated тој бренд воопшто, ништо посебно не е освен тежината на репутација на името и логото брендот што го има за разлика од конкуренцијата каде сооднос цена-придобивки е подобра а и поефтина.
Само ради бојата зар го зема? Можеби немам право да кажувам, ама како вака се лажете, секоја година нови телефони кои се истите од минатата година? Да е некој поголем апгрејд па да вреди да идеш на понов, но вака не разбирам... Такви скапи се користат минимум 5 години Не само зашто се скапи, нели се јаки ѕверови од телефони? Инаку, имаш и Ајфон Дуо, не го виде? Иди на него, доплати. Зависи што преферираш, јас секогаш Самсунг би избрала. И зависи за колку ќе го шитнеш, прилично ти е нов, само што си го зел за да експериментираш.. Колку гигабајти е?
Моментално Samsung S24 FE и презадоволна сум . Најважни ми беа меморијата и квалитетот на камерата . Она што јас го гледам со голо око , камерата го доловува , а јас сум човек со високи стандарди , кога е фотографија во прашање . На страна што ВИ функциите доста помагаат .
Не го видов мислењево. А36 сигурна си дека е одличен? Со колкава меморија е твојот? Зашто го смени ако смеам да прашам ако е одличен? За жал морам да го сменам моето мислење за А серијата. К А Т А С Т Р О Ф А жива. Тој си е функционален, одличен интерфејс, дизајнот според мене му е совршен, изработката исто така, камерата е мех, не е грда толку но дааалеку од супер, скроз мене ми се свиѓа Самсунг како бренд, тоа си стои. Беше брз на почеток и сега е ок за основно секојдневно користење, но премногу слаб конкретно тој модел за да може да го прати нивниот One UI , кој е доста захтевен. За жал најдоброто од него го гледаш и добиваш само на поскапите серии. Жал ми е што искрена мора да бидам и да го ругам. Го имам со најмалата меморија, слики натрупав, апликации онака, ништо особено но сепак е полн, после не памтам точно кој апдејт по ред телефонов се утепа од кочење и сецкање .. Мислам дека повеќе не би гледала ниту еден од А серија. Не се евтини воопшто за вака да работат. Можеби моја грешка што го избрав тој со 128гб, но тоа е што е. Во иднина само од почетната SFE серија па натаму Баш кажи за А57 како ќе ти се погоди.
Самсунг не е тоа што беше повеќе. Конкуренцијата особено кинеските телефони одамна ја превзедоја средната и ниската класа и доминираат со неа во сооднос цена-добивка-квалитет. Исто беше и со LG, Sony, Motorola, Nokia, и за жал мораше да заминат во историјата затоа што беа немоќни да се носат со кинескиот напад во овие две класи. А еве сега се случува и со Самсунг. А Самсунг ако продолжи со оваа политика да продава помалце уреди > а да заработува повеќе, нема да успее. Не може основниот модел А18 со 4/128 РАМ и интерна меморија да кошта 19.000, или сеа намален 16.000, па ова е лудо, зошто од друга страна има телефони далеку помоќни од тој ценовен ранг. И плус, One UI е многу тежок интерфејс, сите тие нови додатоци, анимации, AI функции, се направени како само за поскапите серии, од А57 па до С класа. Овие другиве после првата година си сецкаат помалце што не треба да се случи, чему тогаш ќе служат тие 6 години апдејти што ги даваат ако уште од првата година телефонот ти кочи? Па јас знам А05 или А04 со постар One UI беше авион брз, ама тоа е. Таква е политиката на овие брендови. Samsung & Apple водат целат кон скапи телефони, со една цел, помалце да продаваат (помали трошоци за развој и производство) а повеќе да заработуваат (профит). Мада мислам дека и во овие скапи класи ќе го изгубат престижот, кинезите атакуваат силно во сите класи, почнаа да се соработуваат и со традуционални брендови за камери од Европа како Leica, Zeiss, ARRI итн, само што повеќе да понудат подобар и помоќен телефон а за далеку пониска цена од овие два монополи Samsung & Apple.