Од октомври имам Samsung Galaxy A71. Ептен сум задоволна, самсунг користам со години и секогаш ми се прв избор. Задоволна сум и од камерите, од брзината на телефонот, трајноста на батеријата, се. Секогаш избирам самсунг зошто ми одговара според цената, тоа што го нуди и тоа што го барам. Најпристапна квалитетна марка ми се.
Huawei Y5. Го користам веќе година и неколку месеци, ама не е баш нај нај. Батеријата ненормално му се троши, по два пати во денот го полнам. Ако сум постојано на него за 3h цела батерија ми се истрошува. Почнува и да кочи. Пораките од месенџер и од инстаграм ми стигнуваат дури после некои си 2-3 часа. Нека гура уште малку, следно земам Самсунг обавезно.
Самсунг С10 плус веќе втора година, супер ми е. Имам мерак на Ноте 20 ултра ама скапичок ми е уште...
Абе има избор за секого Партнерот има с10е на пример, тој е малечок, 5.5 инчи мислам е. Јас се двоумев меѓу Ноте 20 Ултра или ајфон 12 про макс, ама јас сакам цигли За љубители на ајфон што не сакаат цигли, постои ајфон мини
Huawei p smart 2018 Презадоволен 2,5 год. како го користам. Вреди за парите. Батерија држи доста и издржлив.
Xiaomi Redmi 5 2017 Љубител сум и фан на кинеските мобилни телефони и на Sony, но Sony како веќе да умира. Xiaomi тогаш беше веќе скоро нов на пазарот особено во Македонија. Се одлучив бидеќи беше нешто ново, кога скоро сите а и јас незнаевме всушност и како точно се изговара името на брендот. Исто така одлучувачки фактор беше и цената за перфомансите кои ги нуди за разлика од жешката конкуренција. Еве веќе ја започнавме и 3-та година заедно поминато. Од брендот сум презадоволен. Единствена замерка ми беше тоа што звукот од видеата скоро и ич да нее јасен и чист. Друга работа исто така, како што пораснуваат апликациите меморија не ми стига па мора да бришам, исто така последно време почнува да кочи по малце, особено при пуштање на интернет му треба минута за да се стабилизира од добиените информации од апликациите како месинџер/инста, потоа се средува и си лета. Од камерата сум задоволен, иако предната нее баш најј. И во оваа трета година батерија држи скоро 20-24часа - 3200mAH . За верен на еден бренд не сум бил досега, но сум верен на кинеските брендови, се што сум имал до сега било кинеско, со исклучок на првиот мобилен Nokia и LG како прв smartphone. Во иднина планирам да земам пак нешто што е ново кинеско на пазарот, разгледувам TCL но причекувам да не стигни Oppo/Vivo, бидеќи имаше најави летово ќе стигни во Србија, ако не остануваат, TCL, Xiaomi, Huawei или Realme (oppo group).
Iphone 11 pro max моментално. Но си го барам назад мојот 11ка црвен, омилен ми е овој ми е гломазен многу Ајфон корисник сум 7години, сите модели ги поминав од Iphone 4. Самсунг ми е чуден за користење, предната камера не ми се допаѓа, додека досега за мене за селфи најубава камера имаше Iphone 8+
Xiaomi веќе 5та година и два модели. Btw, стариот сеуште работи одлично и батеријата му трае како и првиот ден. На вториов фурам Android One, штета што го раскинаа договорот со гугл за следната Mi А серија. Ама сепак мислам дека во скора иднина нема да се префрлам од Xiaomi на нешто друго. Башка и Mi Band часовниците стално си ја зимам најновата верзија.
Xiaomi Redmi 9 Note Задоволна сум генерално од телефонов. Едино што ми смета е што предната камера не е нешто вау.
Користам Samsung galaxy A5. Од 2015 го користам, не менувам често телефони освен ако е цркнат. За сега немам некоја итна потреба од нов телефон, имам надоградено меморија и сите апликации си ги користам. Ако купувам се мислам дали следно би ми било Samsung galaxy s20 FE или пак Iphone 11 (или 11 pro).
Пред една недела купив Самсунг С20 ФЕ- прв пат во живот купувам поскап А класа телефон и сум ПРЕЗАДОВОЛНА. Иначе мислам дека нема бренд од телефон кој не сум го користела ама најчесто сите биле нискобуџетни со минимална или ич доплата кај операторот на кој сум приклучена. Со оглед на тоа дека сите биле нискобуџетни не можам некоја споредба да дадам генерално си ја вршеле функцијата со тоа што имале послаби камери што мене ми дојде преку глава и тоа беше клучно да пуштам срце за некој поскап телефон. Последен ми беше Шаоми- не знам што, и од него некако најнезадоволна бев. Прв телефон ми беше Моторола,па некој Сони Ериксон, па два пати по ред Алкател (за чудо од Алкател јас сум задоволна наспроти популарното мислење дека не ги бива), па Хуавеи па Шаоми.
Ќе напишам за два телефони бидејќи два користам моментално и од двата сум многу задоволна. Првиот телефон е Samsung Galaxy j5.Го купив пред 4 години, неколку месеци по неговото излегување кога беше ин.Телефонот ме изненади позитивно бидејќи иако голем дел од времето висев на него и ми има паднато неколку пати на земја, телефонот си функционираше нормално.После се што преживеа единствени мани му се што батеријата ослабна, екранот му е малку пукнат и заглавено е едното копче за звук.На сервис го имам носено само кога го заглавив копчето за вклучување/исклучување. Вториот телефон што моментално го користам е Samsung Galaxy A41.Го користам скоро половина година и многу сум задоволна.Брзо се полни, батеријата трае долго, камерите се одлични и воопшто не кочи.И денес е ист како првиот ден кога го купив, како да не е користен.Кој сака да го купи ја има мојата препорака, се уште е модерен