Зависи. Кога сум нон стоп на него со повици и користење на мобилен интернет издржува макс 12часа. А кога не го користам многу. Знае и после 12х да биде на 60-70% батерија.
Вака звучи солидно.Читав лоши reviews за камерата. А генерално како си задоволен? Јас размислувам за s21 5G не знам дали е истиот модел. @BlackMistery твое искуство?
По грешка место за батеријата сум пишала за камера. Иначе решив да го земам па да видиме како ќе се покаже.
Екстра е камерата. А и општо телефонот е супер. П.с има голема издржливост и на паѓање Со среќа да си го користиш
Неколку месеци користев Samsung S20 FE, Exynos верзијата. Одличен телефон, се што му е потребно на еден корисник го задоволуваше. Посебно бев импресиониран од камерата и од 120 Hz освежување на дисплејот. Мислам дека никогаш повторно не би можеш да користам телефон со 60 Hz освежување после ова искуство, секако и Амоледот е неспоредлив во однос на IPS панелот што го имав на Шаоми Редми Ноте 8 Про. Но, едно нешто ми беше голем минус кај телефонот, батеријата. Едноставно толку беше лошо оптимизирана што направив се што знам и можам за да спречам battery drain. А и размазен бев со Шаомито да го полнам на два дена, а со овој не можев ниту денот да го завршам. Се чувствував дека сум роб на телефонот и морам да седам до полнач. А телефонот ми е главно средство во денот и го користам повеќе од просечен корисник. Потоа малку ја средија батеријата со апдејти, ама никогаш не се поврзав со мобилниот... Па, решив да го променам за подобрата верзија. Се подновив со Samsung Galaxy S20 FE 5G (Snapdragon version) И првата разлика што ја осетив беше во трајноста на батеријата. Ден и пол го користам на максимум пред да го ставам на полнач. Единствениот проблем што го имав со претходниот ми е решен и не можам да се пожалам од телефончето. Ми ги задоволува сите мои потреби. За цената која го платив и не можам да најдам подобар. Па, овој ќе гледам да го задржам во наредните 1-2 години сигурно. Единствено ако не ми текне да го променам за некој флегшип, по личен.