Фала, фала. Поубав да си купиш. Ептен ми дојде за одлична цена, 350 еур, нов. Не можеше да се одолее на таа понуда. Претходниот со Егзинос за 300 го начекав. Следен ќе е сигурно пак Шаоми, можеби Mi 12 Ultra кога ќе го извадат. Е сега, бубрег треба да се даде за тој. Ама па што е еден бубрег, кај бил, кај не бил. Хахахаха
Размислував и за овој мобилен, ептен ми падна во очи. Со здравје да си го користиш. Каде ја најде за 350еур втората верзија? Гледам и по мобилари околу 29000 е, соленка цифра.
Фала ви. Поубав да си купите. @nextredstyle , ај па следниот Xiaomi да ти е. И јас се чудам како... Беше донесен од странство, со интернационална гаранција (1 година е оваа), сметка, воопшто не отворен ниту да се провери. Личноста која го продаваше изгледа не правеше добро разлика измеѓу Снапдрагон и Егзинос верзијата, а и јас му се ценкав како баба на пазар. Инаку не се исплати од овде да се земе, многу соленка цена држи. Ама ако си за земање, не се мисли, слободно земи ја Егзинос верзијата. Батеријата драстично беше поправена со апдејти. Јас немаше да го менувам ако не ми излезеше овој како понуда, а и стариот го продадов повеќе од што го купив пред неколку месеци, па излезе скоро ништо да не доплатам. Ги има моментално по огласите нови неотпакувани од луѓе што ги земаат од Телеком/А1, изгледа имаат некој попуст за моделов и може да се купи за одлична цена. А овака, главната камера му е иста со S21, ист сензор користат и тоа ми е најголемата позитива. А за таа цена не може да се најде подобро.
Користам Ајфон 7ца Некои 3 години го имам и телефонов не се дава (абе цел на газдарицата).Батеријата му ја имам спржено на максимум, вака си е супер, мада последниве месеци се гледа дека виталните органу му откажуваат.Звучникот ми е муерто, камеравс нешто фокусот заебава.Ова ми е прв Ајфон, и понатаму ќе бидам со Ајфон дефинитивно. Не кочи, добри перформанси, камера супер, меморија иам 128гб едвај 60 дали имам искористено. Супер си е. Многу се врзав емотивно со телефончево не знам шо ќе праам со новиот
Iphone 11, бел 2 години и како нов е, ни еднаш не ми закочил, никаков проблем,не е ни изгребан а многу пати ми има паѓано (од кои еднаш целосно го потопив во вода) А имав голема одбивност спрема ајфоните, и бев голем фан на самсунг. Предходно користев самсунг с7 и тој е добар уште е во употреба гајле нема.
Здраво! Не знам дали има тема каде можам да прашам за мислење за одреден телефон, за кој размислувам дали да го купам. Па, ќе прашам тука. Ова е Samsung Galaxy A52s 5G Добар ли е? Имате ли искуство со овој мобилен телефон? Дали вреди и дали сте задоволни? Секое мислење е добредојдено
За мене и чипичан е добар. Зависи кои ти се потребите од телефонот. Сите би ти кажале дека е добар. Доколку се бавиш со фотографирање, не е со толку лош, но јас би ти препорачал модел од S класите на Самсунг или одредени модели на Шаоми. Доколку не ти е за тоа, туку онака за социјални мрежи, форум, други сајтови, топ е.
Имам Шаоми и не сум задоволна. Го чував како очите, навистина! Чесен збор. Ама еве, по нецели две години - тачот почнува да откажува.... . . Па, и не мора да вади којзнае какви фотографии. Важно ми е да не кочи и да можам сѐ рает да си истражувам со него. Овој Шаоми од самиот почеток побавно ми работи Ти благодарам на одговорот.
Xioami зафркава малце само со MIUI, другото од квалитет на изработка супер се, незнам зошто кај тебе така. Кај мене 5ката истера 3години и фазла ќе одеше, поткочуваше малце во однос на апликациите. Сега имам 9че супер си е. А52с е супер телефонче ама можеш пак да погледнеш шо нуди конкуренцијата за таа цена. Ако ти прај кејф, земи си го.
Тачот може од многу работи да откажува (удар, премногу ладно, влага, контакт со вода). За да не кочи, ќе треба податоците редовно да си ги префрлаш на компјутер, да не го полниш со непотребни апликации кои не ги користиш. Може да кочи и најновиот модел на Самсунг. Тоа зависи од тебе како го одржуваш телефонот. Значи редовно чистење кеш меморија, но и понекогаш да се рестартира телефонот е добро, бидејќи секогаш има апликации што работат во позадина, а не можеш да ги видиш. И нормално, најважното е, да го чуваш многу од удари, бидејќи понекогаш знаат да се расипат и некои внатрешни делови и чипови, освен екранот.
Ќе се подразмислам уште малку, па ќе видиме што ќе одлучам. Инаку, мојот е 6ка. Но, не сум нешто мнгоу задоволна. Ти благодарам на одговорот, во секој случај. Буквално сѐ од ова што напиша правам. Кеширани податоци чистам секоја вечер. Апликации имам симнато само 3. Меморија во смисла на фотографии и видеа, ехеее колку сакаш имам меморија, оти редовно си префрлувам фотографии во лаптоп. На жешко и на ладно, што знам... За ова не сум толку сигурна. Директно на сонце не го изложувам никогаш. А, на ладно пак ич. Можеби е од топлинат во лето, друго објаснување немам. Може ќе го земам овој на Самсунг, или ако не бап овој модел, може некој друг, ама Шаоми нема да биде - тоа дефинитивно.
Најдобар телефон во својата класа е овој со Снапдрагон верзијата. Камерата е пре пре предобра. Не се мисли, нема ништо слично од конкуренцијата. Освен S20 FE ако го најдеш за слична цена.
Значи, велиш овој што гоприкачив е најдобар во својата класа? ОК, звучи ветувачки. Благодарам за одговорот!!
Па да. Сега не знам од каде мислиш да го купиш, ама моментално за 350 eur колку што му е цената, нема подобар избор. Евентуално S20 FE ако го најдеш за таа цена, има подобра камера од него, ама послаб дизајн и помалку РАМ ако го земеш со 6GB верзијата. Како и да е, A52S е телефон на годината во таа средна класа и е одличен избор.
Шаоми си е Шаоми, не за џабе ги згази сите производители во моментов. Инаку, уште во 2011 кога излезе првиот Шаоми телефон ,,ми1" го купив, и од тогаш ме воодушеви, класата и квалитетот на телефонот кој беше далеку неспоредлив од овие што тогаш овде во Македонија се продаваа Од тогаш до сега, земам само Шаоми скоро сите ги имам !! Итоа се сите во топ состојба (што значи до сега сум немал проблем со шаомито) Инаку сум зел од сите марки скоро, како втор телефон (службен) ниту еден не ми остави никаков впечаток, особено се разочарав од iPhone 13 pro max 512gb верзијата! Ни сам не знам зошто го купив пред некое време