Нема Шаоми конкурентен телефон за 350 еур моментално. Единствено Poco F3 кој не е балансиран телефон. Добар процесор, ама слаба камера. И Mi 11T кој држи висока цена, а нема OIS. Overall за таа цена A52S може да понуди највеќе. Т.е. ги чекира сите работи на листата: - Одличен Снапдрагон 778g. - Одлична камера со OIS. - Super Amoled екран со 800 nits. - Одличен софтвер. - Поголема можност за продажба во иднина.
Напротив, MIUI 12.5.7 (моментална) мислам дека е дури неспоредлива со скоро ниту една. Ми се допаѓа и тоа ш имаат често некој абдејти, па мислам дека еден куп багови средија!! Сума сумарум, одлични во сите погледи!
Јас ќе земам Samsung A52s 5G за некој ден , ги гледав тука негде се со Xiaomi mi 11во цена , помеѓу тие две секад со Samsung идам
Мислев за интерфејсот повеќе. Од што им е најдобар софтверот, на сите Mi A3 телефони им беше ставен по грешка мексикански софтвер.
Топ , да се надеваме ќе не служат добро и долго , претходниот пат земав А40 2 недели ми траеше , ми падна од високо лом се направи
Може ќе се погодите и од истата продавница и во исто време. Се надевам дека нема да им е останат уште само 1...ќе биде многу непријатно.
Аааа, каква штета! Е, тоа веќе ти било несреќа, сакам да кажам дека телефонот не бил виновен. Кај мене не знам до што е. Се мислам сега дали можеби некогаш претходно се прегреал?! Да се преладил нема шанси, ама ова првово - не знам...
Чешит си, ме изнасмеа! Чекај пак и ти. Мене ми треба време додека да се одлучам за телефонов. Небаре од злато е правен
Не би требало да се прегрева , освен ако некои игри со многу меморија или апликации користиш , 6gb ram има телефонов и добар процесор , за основни работи мислам ќе нема проблем , може и некои што имаат Samsung A52 5G да споделат повеќе како се задоволни
Ама нели веќе се договоривте да земеш А52с? Како вака сега ова испаѓа? Што те предомислува? Може јас сум главниот виновник.
Не, не. Каквов виновник, таман работа. Искрено, немаше да менувам телефон. Не ми е потребен којзнае колку. Ама, ова со расипаниов тач - веќе не се трпи. Почна сам да си влегува во иконите и да клика на сите страни, и тоа само што ќе го отклучам. Се плашам дека нема да доиздржи додека да земам нов. Затоа, за поозбилно ја сфатив работата. Инаку, Самсунгов ми фати око мене, затоа и го постирав. Ама, не се знае во меѓувреме што ќе ми текне. Неодлучен човек сум ти јас