1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каков одмор сакате во хотел или приватно сместување

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од inimini, 30 август 2011.

  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    ја отворив темата иако летото помина. Сите ние имаме замислено каков одмор сакаме, но какво сместување сакаме и тоа многу од нас го знае веќе од дамна учте пред да почнед летото. Во све сум престојувала и мислам како што е хотел за прав одмор ниедно друго сместување не е. Некој се одмара и со трчање по ручеци и вечери по дома но мене тоа страшно ме нервира. Се знае хотел си е хотел. Последниве неколку години можам да кажам 7 години идам се по хотели и преубаво си поминувам, А приватен смештај неверувам дека некој во права смисла се одморил. Кажете ги и вашите мислења.Повелете.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Оваа година за прв пат бев во приватно сместување и повеќе НЕ. Според мене, хотел. Не патам од фобија за мало пространство и така собата ја користам само за спиење и средување па не ми е проблем.
    А онака за викенди на планина си сакам изнајмување на цела вила. Обично се групираме во 2-3 пара и развиваме планински туризам. Мерак ми е да се стави трупец во камин, да спијам сабајле до колку сакам и да не трчам во 08 сабајле да фатам доручек, туку така разбушавена на тенане да си испијам кафе а од прозорецот да гледам како вее снег.
     
  3. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Јас пак не сум за хотел-сеуште :?:
    Ме врзува на едно место-посебно ако е цел пансион, а јас сакам да шетам посебно кога сум отидена за првпат во некој регион.
    Оттука, за мене приватен смештај секако-но откако ни ги укинаа визите-исклучиво во сопствен аранжман. Значи-прво се распрашуваш по луге какво е местото, стратешки каде е најдобро да се сместиш, потоа сурфаш на нет, пуштај мејлови и на крај се ценкаш :wasntme:
    Неколку години по ред така идеме и до сега било одлично!
    Бараме со кујна(не дека ја користиме -ама ај :^) ), јадеме надвор, секој ден на различна плажа, уживанции!!!
    Сакам уште :rock:
     
  4. Saxobeat

    Saxobeat Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    99
    Хотел си е хотел кој што сака нека рече се ти е на готово ти само уживи.... :D
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    За подолг одмор хотел, за мини одмор приватно сместување.
    Несакам да се замарам со готвење, а ресторанската исхрана за 10-15 дена е скапа, плус доручек, плус ужинки и доаѓа тоа луксузен одмор.
    Хотелче е права ствар, дури и мене топ ми е полупансион и онака 2 пати најчесто во текот на денот јадам и дома кога сум. Не ме ограничува доручекот и онака не спијам по цел ден па на плажа во 2 часот. Знам на плажа да отидам и во 8 часот.
    Друга работа е хигиената, во хотел секогаш е почисто и секојдневно ја чистат собата, на неколку дена постелнина и го собираат ѓубрето. За разлика од тоа во приватно сместување може и само првиот ден да ти исчистат и 10 дена да не ги видиш газдите, а знаат и во неисчистена соба да те сместат.
    Но затоа хотелот не е добар за собирање на друштва, за многу гости, си има дисциплина поголема.
    Се со свои мани и предности ;)
     
    На Sephora и Saxobeat им се допаѓа ова.
  6. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Незнам се си зависи,има старно добри сместувања,но има и :x ... ноу комент.. но истото важи и за хотелот,но хетел си е хотел,ако нежто не ти чини можеш да се пожалиш и би требало да го исправат,а во приватното сместување ако се жалиш ти вели најди си друго.. |( мислиш нема да си најдам .. :^) :D
     
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Јас би одбрала хотел дефинитивно! Сакам приватност, никако shared facilities или непримерни соседи (не дека тоа не може да се случи и во хотел, но таму постојат построги правила и кодекси на однесување) и нејкам да берам гајле околу исхрана, чистење и слично. Не жалам пари кога станува збор за квалитетен хотел и повеќе преферирам 5 дена во хотел отколку 10 во приватно сместување.
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Хотел.
    Не сакам полу, полн пансион или само сместување. All inclusive строго.
    За долго летување е најевтина и практична варијанта, особено ако станува збор за друштво или фамилија.

    Кога сум на одмор сакам да уживам.
    Не сакам да трчам да купам макарони, да мијам тенџериња и така натаму. Ако треба во текот на годината ќе штедам и ќе се сокапам од работа, но сакам да имам одмор каде ќе се чувстувам како госпоѓица и ќе ме служат мене. Во превод, со прст да не мрднам тие неколку дена.
     
    На Annath, Nine25, MiaBeMia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Bravo bravo toa e najubavo a ima i uste poubavo pred dve godini koga bev na odmor bevme smesteni vo eden hotel so ultra all incluziv i bese preubavo
     
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    ХОТЕЛ.Па секако дека во хотел.Си има премногу предности хотелот од приватното сместување. :)
    Најубавите одмори сум си ги поминала во хотел ~
    Кога и да треба јас истото ќе го изберам !
     
  11. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    ХОТЕЛ all inclusive или полупансион, баш како што кажа Sephora немам попаметна работа па ќе мијам садови и ќе готвам на одмор
     
  12. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Епа јас сакам повеќе во апартманче во вила :) Сега за сега со финансиските можности за хотел не сум ни помислила. И навикната сум да имам кујна до мене, да готвам ручеци и слично не, супа, кафе, макарони, нешто такво брзо и едноставно да. И единствено што до сега ми сметало во ваквото сместување е баш тоа што спомна некој погоре, соседите што ќе ти се паднат. 2-3 пати до сега било ужасно, над мене тропаат, до мене урлаат, во 5 сабајле се враќаат пијани од провод паѓаат по скали па цела вила ја будат итн итн.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Не секогаш желбите ни се поклопуваат со можностите, но ќе одговорам за она што сакам, а не она што можам.

    Сакам хотел, секако дека е подобро, да се одморам, а не да се замарам што ќе готвам. Плус да не ми поминува времето во готвење на одмор се оди за плажа и за море/езеро :). Во хотел ти чистат, ти менуваат постелнина. Додека во приватно смесување може и на нечиста постелнина да налеташ, а ова да се случи во хотел одма ќе интервенираш.
     
  14. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    49
    Идеален одмор ми е во камп, во приколка најубаво уредена и намортирана ... се будиш сабајле, слушаш бранчиња отараш очи се протегнуваш, си правиш кафенце си седнуваш на масичка пред приколка си ја подместуваш лежалката полуседечка положба си гледаш изгреј сонце и море пред тебе, никој нема сите спијат а ти уживаш , поубаво од тоа нема кој искусил знае ... но обврските задедничките тоалети и тн. се малку замор али вреди таа слатка мака макар 5 дена, тоа е одмор во права смисла на збор, УЖИВАНЦИЈА :inlove:
     
    На cheetah.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Па јас мислам хотел, дефинитивно.
    Сеуште јас не одбирам за сместување кога одиме на одмор со семејството, ама и они го имаат истото мислење и секогаш се одлучуваме за хотел. Има доста варијанти да си направиш како ти одговара.
    Уживаш си ептен, без да се обврзуваш за храна или да носиш од дома па таму да правиш...патлиџан туризам.
    Парите се истите, дури во приватно мислам дека поскапо се фаќа.
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно мојот став е Хотел, но не полн пансион-несакам да сум врзана со времето па трчи назад за ручек...него фино лепо стани доручкувај....излези плажа јадење, врати се одмори,истуширај се среди се за излегување, и кога ќе излезам ќе си јадам надвор.
    Не сакам да бидам врзана за хотелот, и да трчам нон стоп.
     
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Хотел,па хотел...не секој хотел е хотел во права смисла на зборот.

    Хотел со 2 ,со 3 ,со 4 ,со 5....ѕвездички.Е токму тие ѕвездички се мерилото за чиста соба,добар поглед,пешкири менување...дрн,дрн јариња.....
    Кога ќе слушнам како некоја која ни М од море не видела ми обрќа очи дека мм не ме водел во хотел на море,цревата ми се обрнуваат.Зошто бирам апартман пред хотел?
    1.На одмор сум ,со две деца...треба аларм да подесувам за да ги носам децата на појадок?
    2.Од 11 до 4 ч.нема плажа.Е тогаш погледот од терасата на 4креветен апартман во прв ред што го бирам и плаќам секое лето е незаменлив.Тогаш децата одмараат(спијат)а јас и мм,со мерак си го спремаме ручекот,се знае уз узо и салатичка.
    3.Кога ќе се каже да готвиш на море,јадните тие што ни нозе не натопиле во морска вода повторно обрнуваат очи„леле ,па каков одмор ти е тоа“Па што готвиш,напорно тие?
    „Готвам сарми,грав со месо,сукам зелник...“ -глупост невидена,ми веруваат.
    Готвам она што му се јаде на моето семејство и воопшто не ми е тешко да го направам ручекот-шницла,помфрит,кременадла,супа,салатка......прсти да излиже човек,со мерак си ги гледам децата и мм како слатко јадат она што мама им зготвила.
    4.Не ми е тешко ниту по еден џогер да провртам низ собите(само песокот е нели?)ниту пак има потреба некој ѓубрето да ми го исфрла.
    Е сега што ќе си мислите ,мислите си,тоа е ваше право,ама ние сме секоја година по 14 дена на море.Кога ќе ми текне колку деца немаат леб да јадат,а не пак на море да отидат...супер е и вака...
    Само нека има здравје и слога ,па за правење ручек на одмор...ич не му ја мислам....
     
    На Aurelija, warrior, ivancekitty и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    ^ убаво кажано. Сосема се согласувам. Затоа се си има свои предности.

    Но сепак јас лично, дали до возраста или нешто друго, сепак би избрала хотел и само хотел, бар за сега :)
    Секогаш е средено, исчистено, сменети пешкири, секое утро нови шампони сапуни, наместени кревети.. и онака јас преку цел ден не се прибирам во хотел, и на најжешкото, цело време сум надвор, само за спиење и пресоблекување одам во соба, така да, супер е од тој поглед :)
     
  19. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно ХОТЕЛ. На сите патувања летни одмори зимувања викенд одмор со деца без деца само Хотел.Навистина цела година напорна работа па мислам дека јас како жена мајка заслужувам одморот од 14 дена да го поминам како госпоѓа мене да ме служат а не на секое јас да се трежтам и јас заслужувам одмор а не нонстоп ова за поручек ужина ручек ужина вечера подобро дома да си седам отколку на таков одмор да одам.Секој си знае за себе ама пак ќе напоменам со две мали деца одмор е во хотел минимум полупансион со поручек и вечера а идеално би било All inclusive.
     
  20. Andromahicka

    Andromahicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Сум била во хотел, all inclusive и приватно сместување. Предност давам на второво. Зошто?
    1. Чистотата е иста. Во хотел се чистеше секој ден, во апартманот на 2-3 дена. Менување постелнина, пешкири беше на 3 дена и во хотелот и во апартманот. Ако има потреба од повеќе пешкири или почесто менување тоа не е проблем ни во хотелот ни во апартманот. Треба само да побарате.
    2. Храна – во хотелот се правеа гужви за време на ручек/вечера. Имаше избор од повеќе видови јадења, но пак тие се во ограничен број. Исто имаш правила кои ги диктира хотелот, во колку часот се служи појадок/ручек/вечера.
    Кујната во приватното сместување не ја искористивме баш, шпоретот воопшто не го уклучивме. Се случи да направиме салата 2 пати и да седиме на тераса навечер и да уживаме во чаша узо. Јадевме по ресторани каде можеш да бираш што сакаш од целото мени и се разбира, кога сакаш. И не, воопшто не е скапо.
    3. Во однос на мир и тоа какви соседи ќе ти се погодат во собата не можеш да знаеш. Секако ќе реагираат и од хотелот и газдите на апартманот доколку се нарушува редот. За среќа јас не налетав на таков проблем, секаде се почитуваа куќните правила.
    4. Цена – поефтино е во приватно сместување и јадење по ресторани. Конкретно, хотел со 4* одмор за 2-ца all inclusive 850евра, приватно сместување 700 евра за 2-ца (350 апартман, 350 јадење, грицки,сладоледи ,кафиња). Се разбира, останатите уживања како купување сувенири, крстрења и екскурзии не се пресметани.
    Се разбира би било уште поефтино доколку се решите за готвење во апартманот. Тоа е личен избор, и се разбира зависи и од буџетот кој сте го одвоиле за одмор.

    Како и да е, јас не верувам дека некој си поминал лошо на одмор без разлика кој избор го направил. Сите го бираат она што им одговара и воедно ќе ги направи задоволни и да уживаат :)