Мене ми е сеедно, до некаде. Сум била во хотел со 5 * а сум била и во многу апартмани. Хотелот е супер ама мислам дека па и не е до толку обврзно да си сместен во хотел бидејќи ти одиш на одмор повеќе да пливаш и шеташ, а не да седиш заробена во било каква просторија. Точно дека во хотелот е почисто. Ние кога бевме во Шпанија секој ден ни ја менуваа постелнината и секој ден чистеа. Бањата беше преубава и многу чиста. Мене ова ми е најважно во собата каде спијам. Креветот и тоалетот да се чисти за да можам слободно да уживам. Тоа ми е тоа што барам од сместувањето, дал хотелско дал апартманско. Еднаш ми се случи во еден апартман тоалетот да биде многу стар и нечист и одвај издржав 10 дена. Со страв одев во тоалет, мислам не ни одев многу. Ама во други апартмани па тоалетите биле пристојни. Храната во хотелот кадешто бевме беше одлична и имаше скоро се што стандардно сите го јадат и од се имаше во големи количини. Јас немам никаков проблем рано да станувам па не ни ми пречи тоа што доручекот е толку рано. Сметам дека уплата само за доручек и вечера е доволна. Дури според мене поубаво би било само да има уплатено доручек, а за ручек и вечера да бидеш слободен и да си планираш како сакаш. Со ова имаш и послободна варијанта и да се прошеташ некаде подалеку од хотелот. Секако мене базените во хотелите не ми се некоја wow атракција. Мислам дека и децата не би сакала многу да ми се шлапкаат во нив. Некако покрај одмор на море смотано ми е да пливам во базен. И точно е дека од хотел до хотел има разлика. Кога бев еднаш сместена во хотел во Франција немаше клима. Собата беше малку недоволно чиста. Добро што таму бев само еден ден и си спиев не на постелнината туку врз мои крпи. Добро што си земав од дома повеќе крпи. Благо речено тоа беше ужас, а хотелот беше во Ница и имаше3*. Од тогаш каде и да одам секаде си носам чаршави. А и од тогаш внимавам во кои туристички агенции уплаќам. Јас немам ништо против готвење, мислам не е тешко да се сварат макарони, за пола саат се готови. Ама дечко ми несака да се мачиме со тоа, за него тоа е трошење време бидејќи тој на одмор постојано сака да одмара. И така да малку се караме, тој сака во хотел, јас како вечен штедач само Пискам за некоја поефтина варијанта. Ама се договараме некако. Spoiler Искрено имам фобија од нечисто, посебно кога одам на одмор со дечко ми и правиме некои работи кои според мене бараат екстемна чистина. . И секогаш внимателно ги бирам апартманот или хотелот во кој планирам да одам.
Imam odeno na odmor i preku agencii i so sopstvena rezija,vo privatno smestuvanje i vo hotel. Preferiram da odam all inclusive vo hotel,zatoa sto za mene toa e vistinski odmor vo vistinska smisla na zborot,bez da se rasteretvam okolu gotvenje,cistenje i dr,za da potoa toa poveke go osetam kako zamor otkolku odmor.
Мене тој муабет од типот: Цела година ќе 'рмбам за да одам на одмор во хотел all inclusive, некако не ми штима. Мојава логика функционира поинаку. Подобро ќе отидам два, или три пати на одмор на различни места со истиот буџет, отколку сите пари да ги дадам за 10 дена само за да не фатам ѓезве во рака. Сум била сместена и во хотели и во приватни апартмани. All inclusive никогаш, затоа што некако се чувствувам дека сум на екскурзија и дека некој друг ми го планира времето. Во однос на чистењето, позадоволна сум од престојот во хотел, каде буквално секој ден чистат. Но, за пократок одмор, би избрала да бидам сместена и во приватен апартман или студио. Што се однесува до готвењето, не ми е проблем нешто набрзина да спремам. Сигурно нема ориз да требам или сарма да виткам...
Има хотел и хотел, како и разни варијации на тема -приватно сместување. Според мене, одморот не е само прашање на желба, туку зависи од можностите, односно компромис меѓу желбите и можностите. Кој не би сакал all inclusive? Јадење до бескрај, луксузи, цевчење коктел покрај базен, децата анимирани во некое си забавно катче... Цената за таков семеен одмор е многу висока за просечно македонско семејство што подразбира дека цела година треба да штедиш максимално за десет дена одмор. За мене е апсурд, но кој може да си дозволи... Е сега, нашите агенции нудат и хотели кои се декларираат како all inclusive за смешно ниски цени, па многумина се залетале и се разочарале... Веќе сум пишувала дека ние кампуваме веќе 5-6 години, одмор кој нуди максимална слобода, така што се одвикнавме од хотелски режим. Па, на зимо кога минуваме одмор во хотел, сите, а особено на син ми, негодуваме за режимот, па храната.. Инаку готвењето на одмор мене воопшто не ми паѓа тешко, напротив мене ми едно од најголемите задоволства кога онака си правиме скаричка пред приколка, или јас правам летна манџичка, маж ми дроби салата, па ракиичка... мераци.
И цела година да штедам не можам да си дозволам одмор во хотел со 5 ѕвездички.Последниве години одиме приватно и си готвам.Не се комплицирани јадења ама децава си јадат Еднаш двапати ручек или вечера во ресторан и тоа е.Инаку голем фрик сум ако е во прашање хигиената,и маж ми знае дека ќе има проблеми ако не ми е погодена таа ставка.Едноставно сакам да е чисто а не да има заостаната прљавштина и глота .Кога и јас работев сме оделе во хотел и навистина е подобро.Секој ден менување постелнина и чиста бања.Платена храна во блискиот ресторан си има предности.Децата мали,им треба внимание и бев растеретена од готвење.Дури имав и вишок на време Ама тоа задоволство си кошта.Кој може да си дозволи нека си бира хотел.
Порано со моиве кога одевме на одмор одевме по хотели, но сега кога одам со друштво или дечкото одиме во приватно сместување, а најчесто се храниме во некое ресторанче, ретко кога готвам на одмор
Повеќе сакам приватно сместување - сам свој газда. До колку касно сакаш седиш, што сакаш си правиш, кога сакаш јадеш, си го планираш времето како што ти одговара тебе... А не у хотел - од 08ч до 09ч доручек, од 13ч до 14ч ручек и слично... те ограничува да се држиш до одреден распоред. Има луѓе на кои тоа им одговара и ок е, секој како што си сака. Јас лично сакам јас да си го планирам времето на одмор и да си го искористам максимално како што мене ми одговара.
Јас сум луда по хотели, но само со појадок. Кога одам некаде сакам да отидам во различни ресторанчиња, на различни места, да видам што се нуди, да јадам специјалитети и крофни Алл инклузив сум била, ама ужасно ми беше. Не можам ни толку често да јадам ни па да мислам на тоа во колку саат е јадењето. Дефинитивно хотел заради услужливоста, приватноста (не можам да замислам да пијам кај некоја баба дома, иако и тоа по Охридон ми се случувало како студентка и секој ден да кажувам дека одам на плажа,а дека одам да шетам, дека рано сум дошла и слично). Не фала. Јас на мајка ми не и кажував на времето кога ке си дојдам, не па на непознати. Ми се допаѓа кога ке се јавам во хотелот и ке речам, донесете ми кафе и овошје, сакам кога во 12 ноќе ке ми рече готвачката, ако си гладна, ке ти направам нешто на брзина. Сакам кога поспана ке отидам на појадок и се враќам, а собата ми е чиста средена и мириса на убаво. Не дека би кенкала ако одам и на кампување. Сакам такви работи, под услов да не готвам. Дома готвам, на одмор сакам друг да ми готви. Тогаш обожавам сендвичи, фаст фуд седната на земја, на плажа, на трева. Уствари, јас секаде би одела. Луда сум по патувања, па најверојатно у моментов некој да ми рече тргаме и ке спиеме некаде на земја, јас веќе ќе бидам во патики.
Hotel so pet zvezdicki i sve ukluceno. Toa e prav odmor. Masaza, pilates, bazen i spa za relaksacija e formula za vistinsko odmaranje. Mmmm.
Како резервирате хотел сами овде за во Македонија. Се мислам за Нова година ако организирам нешто за во внатрешноста, па како резервирате, како плаќате?Може и да ми препорачате некој убав хотел да не е прескап во вашиот град.
Зависи со кого одам. Ако одам со семејството, секогаш одиме во хотел. Моите сакаат максимално да го искористат времето за да се одморат. Со друштво или дечко ми, бирам приватно сместување.
Приватно. Апартман. И хотел одиме, ама некако ме обврзува со тајминг, а со деца тоа баш и не е... Еднаш на син ми во 23 како што си гледавме ТВ во хотелсата соба му текна-сакам помфрит и точка...гладен сум и крај, мислиш ке пресвисне (детска работа) Па мм одеше далеку да бара што има отворено
Хотел нормално, ама сега со дете не доаѓа предвид. Син ми не јаде хотелска сува храна. научен е на чорбички и на супички. Ќе морам годинава да готвам. А и спие 3 часа секој ден напладне, па 3 часа ми се доста да приправам јадење и да си кулирам во некое мирно зелено дворче. Ако сме во хотел 3 часа затворени во соба ќе се поколеме со маж ми
Хотел дефинитивно, не сакам да готвам на одмор, таа недела сакам да ја поминам раат, во уживање и релаксација во вистинска смисла на зборот, а не да се пржам и препотувам до шпорет.
Приватен стан, апартман. Најубаво ми е. Незначи дека мора да готвиш. Може да искочиш во ресторан негде или да купиш од маркет нешто. И за мене е поубаво чувство, се осеќам повеќе како дома.