Апартман ,обично секогаш цел ден го поминуваме надвор ,така да само за спиење одлично е . Иако и во хотели кога сум одела ми се допаѓа ,се разбира
Лето бирам приватен апартман, стан, куќа зависи со кого и како идеме а и за што идеш. Стани кога сакаш, легни кога сакаш, најважно ми е да е чисто. Не ми е тешко да зготвам нешто 2-3 дена ке зготвам, 2-3 ресторан/пицерија ке се касне нешто. Повеќе сум да шетам одколку да платам all inclusive и да не мрднам од хотел, гледаме да посетиме што повеќе таму каде што сме. Зима обично идеме хотел со доручек заради спа центарот што го нудат хотелите, а ретко кој со приватен апартман би го имал тоа. Сакам да се опуштам во сауна и да уживам.
Апартман од причина што не си обврзан да стануваш рано за доручек како во хотел, на вечера да трчаш. Не мора таму да се готви ама сепак поубаво ми е.И полагодно
За кај нас прашуваш или за некаде надвор од МК? Зошто кај нас се мешкаат тие работи. Обично студио би требало да е отворен простор каде и кујната и креветот се на едно место. Апартман би требало да има посебна соба за спиење. Во врска со темата, одбирам хотел. Да не се замарам за ништо.
Дали има некакви glamping resorts во Македонија? тоа е нов начин на сместување веќе присутен во Србија и Хрватска...