Баш денес ни се потроши омекнувачот и и викам на мајка ми никако веќе да не купува Ленор! Порано многу ми беше убав, имаше прекрасен траен мирис, ама ептен го упропастиле! Алиштата после секое перење ми лепат на раце кога ги пружувам. Гледам дека го фалите Орнел, ми се чини едно време го користевме и тој, така што сега од тој ќе си купам, некој пролетен мирис.
Последниве 2-3 пати користиме Семана омекнувачи и морам да ги пофалам дека прекрасно мрисаат, мирисот им трае,не е некој тежок да не се поднесува и ’ даваат мекост на облеката. Моментално користиме од тиркизниот омекнувач (не знам како се викаше точно, на него пишува 4 во 1 и мислам дека имаше некој скапоцен камен спомнат во името ) и ми е најубав од сите што ги имаме користено досега. Особено е убав за на лето бидејќи има посвеж мирис, но и за сега е добар. Пред него имавме исто од Семана (од истава линија со камењава ), ама црвен и и тој мирисаше многу убаво, па кога ќе ги пружевме алиштата цела куќа мирисаше. Го имаме пробано и лилавиот од овие омекнувачи, исто и тој убаво мириса. Спојлер Првиот и вториот омекнувач ги имам користено. Спојлер А овој е тој црвениот.
добро е што споделивте дека Lенор веќе не го бива,ние овој месец купивме прашок Aриел на акција заедно со ленор и јас се чудам зошто алиштата се толку крути,исушени . нареден пат планирам да земам семана,,досега го немаме користено. а некоја феминка го користела ли бохор омекнувачот
Малку се заситив од Ленор и вчера решив да го сменам. Мислам дека ги мириснав сите после долго време да се вљубам во друг Toj oд десно,алое милк. Од мерак да го пробам,исправ алишта кои ми беа чисти (луда сум знам :geek: ) . Презадоволна сум,толку ми се меки алиштата,а колку убаво ми мирисаат на бебешко нежно ,мераци. Пошто ги сушам алиштата во ходник,цел стан ми мириса дискретно на чисто. Од мене чиста десетка за овој Орнел. Претходните не ги поднесував,ми беа тешки,ама овој или не сум го заприметила дека baby,или е некој нов.
Моментално го користам омекнувачот на Дуел Celebration - My love и можам да кажам дека тој е еден од моите топ три омекнувачи на алишта.
И ние со мајка ми некако како да се презаситивме од Ленорот, не дека не мириса убаво ама и баш не сме некои што експериментираат со прашоци и омекнувачи, но овој патн дојде спротивното. Го имаме Дуел Софт Лилак ... И навистина се изненадив од мирисот на испраните алишта...мене ми мириса на нешто чисто, како на бебешка кожа. Кој е за да проба нешто поинакво од Ленорот, слободно има моја топла препорака за омекнувачов на Дуел.
Ornel, Blue Fantasy. Нежен, препознатлив мирис, дури и после неколку носења, алиштата мирисаат. Го купив во ДМ на попуст, 2l. за 169 денари и сум презадоволна.
Да и јас исто ленор плавиот па некако не држеше мирис во последно време,се префрлив на орнел бебе,па дуел бебе ама ова дуелот како мириса....и многу трае,ви го препорачувам
Долго времe користевме исклучиво само ленор,но подоцна се префрлив на семана сребрен. Е сега бидејќи подолго време веќе не можам никаде да го најдам во продажба користам орнел,а баш штета семана ми имаше прекрасен долготраен мирис.
Se slozuvam so edna feminka Dуел бебешкиот прекрасно мириса и многу долго се задржува мирисот на алиштата Ч)