навистина почнува да ме загрижува што се нели ставаат во купените омекшивачи ? сакам да го направам овој рецепт за омекнувач на алишта но имам еден проблем незнам кај можам да најдам етерично масло??ај ве молам кај се продава кај да прашам ОНААА ТЕЧНОСТА ОД AIR WAK тие што се во штекер нели е тоа нешто такво ???? http://mkd-news.com/domashen-omeknuvach-za-alishta/ еве страницата
Пробај да переш така што ќе ставиш лажица сода бикарбона во преградата за прашок (заедно со прашокот), а во преградата за омекнувач ќе ставиш филџанче алкохолен оцет (не мора филџанче, нека биде до делот кај што пишува max). Ќе се изненадиш колку се меки алиштата. Е сега, ќе мирисаат на прашокот, на чисто, а не на оцет, ниту на омекнувач. Ама важно ќе бидат чисти и меки.
^ Имам ставено и јас неколку пати оцет затоа што приметив дека црните алишта почнаа одвратно да мирисаат после перење (го најдов издајникот, една блуза на мм) и мене алиштата после перење со оцет ми мирисаат на дом после кречење/молерисување
Ми треба предлог омекнуваќ кој што има интезивен мирис односно мирис кој шо ќе се задржи на алиштата повеќе време. Многу сакам кога алиштата повеќе време ми мирисаат на мирисот од омекнувачот. Има луѓе на кои што алиштата им мирисаат па дури и до 2 дена на омекнувач. А моите веднаш после сушењето дали малку ќе мирисаат на омекнувач. А многу често користиме некој на ленот или силан.. помош?
Mногу ми се допаѓа бохор азуре и често го користиме дома,па топло ти го препорачувам има интензвен и свеж мирис,и чини 120 денари
Моментално користам течен прашак за перење, остава долготраен и убав мирис, алиштата се меки така да не користам сега омекнувач. Инаку кога користам не зависи која марка е туку убаво да мириса
И мене Бохорот (плавиот) ми е најубав, ама во последно време не можам да го најдам по маркетиве. Знае ли некој кај би можело да го има???