Ленор плав го користам едно добри 8 години,ама во последно време откако му ја смениа паковката и ленорот не е тоа што беше.Не сум задоволна воопшто,незнам каков да сменам сега.
Не знаев каде да пишам, разгледав да не случајно постои некоја тема ама на крај решив да прашам тука. Се работи за лош мирис на алишта. Се` почна од едни фармерки и една црна блуза. Оној одвратен мирис на чадор после дожд кога ќе отстои... Грозно! После почна скоро се да мириса, меѓутоа не целосно, туку само на деловите каде што има ластика или по рабовите (џебови, внатрешна страна на џебови, раб на јака, на ракави...). Дури и блузите во боја почнаа на некои места. Па дури и долната облека бела, некои парчиња мирисаат така чудно по рабовите... Користам Ariel, Lenor омекнувач... За црни имам Nila... Дури и Becutan имам си реков бебешки детергент... Пред некој ден купив дури и едно средство на Dr Beckman а отстранување на лош мирис од алишта... Одлично мириса после перење, ама за жал - мирисот од тие делови не излегува. Во истата куќа каде што моментално живеам, пробав да ги исперам тие работи во друга перална на долниот спрат. Иста приказна... Дали е нешто до водата овде или можеби машините се стари? Мислите ли дека мирисот ќе исчезне кога би ги однел да ги исперам на друго место, во нова убава перална? Ако има некој со вакво искуство, молам за помош. Сите алиште ми се упропастија. Не дека не можам да ги носам, ама грозно е да испуштаат таков мирис, ко да не се чисти!!! (((((((((
Кај мајка ми имаше сличен случај, викнаа мајстор и најде чорап зад барабанот, некако се вовлекол таму. И затоа мирисаше на влага. Е сега штом си пробала и во друга машина, стварно не знам што може да е проблемот. Пробај да ја пуштиш празна на највисока температура. Наместо прашак стави сода бикарбона, а наместо омекнувач оцет. Патем - како ги сушиш алиштата? Штом мирисот е на деловите што потешко се сушат, можно е предолго да ти остануваат влажни.
Имам чуено дека сода бикарбона и оцет не одат заедно, зашто во комбинација им се губи дејството... Ставав оцет наместо омекнувач. Омекнува, убаво, се, арно ама мирисот ОСТАНУВА!!! Еве и бањарката сега баш гледам - на ракавите мириса и на работ горе кај јаката Онака си е океј. ООва е неверојатно. Прво си мислев дека јас претерувам и дека хистеришам за без врска, ама не... Не е така...
Види, комплицирана е приказната )))))) Студирам и живеам како потстанар, во странство сум и алиштата не ги сушат надвор, туку внатре на сушари. Собни сушари. Меѓутоа, последен пат ги сушев и на балкон, не помогна ниту воздух. Јас не знам дали да барам броеви од некои од оние пралните сервиси да ги прашам за совет? Дали има шанса да си ги спасам алиштата? Буквално СЕКОЕ парче облека на одреден дел мириса. Ова излегува на крај ќе морам да ги фрлам и да купам нова гардероба
Во сушењето ти е проблемот. И кај мене еднаш се случи, внатре на таква сушара, три дена не се сушеа и замирисаа на влага. Надвор не ти помогнал воздухот зашто пак биле збиени на сушарата. Пробај тие тешки парчиња ко бањарка и дебели џемпери да ги сушиш на/до парно, па види дали ќе има разлика. И не оставај ги водени во машина, веднаш вади ги. На сушарата ставај ги со простор меѓу нив, да циркулира воздух.
Kako sto ti pisaa i prethodno,recisi sum sigurna deka si gi utnal so sushenjeto.stom ednas zsmirisa na vlaga ,tesko se vadi mirisot.ako e vozmozno stavi gi na povisoka temperatura..po nekolku perenja bi trebalo da se sredat. @theunforgiven
Хммммммммм......... Па кај да ги сушам, сите тука сушат така )))))))))) Жими све, не сум видел по балкони алишта ја, мноооооооогу ретко. Не сум баш сигурен дека е до сушењето... Сега за кратко си одам дома па ќе видам таму како ќе излезат...
Сум пробала многу и еден од омилените ми е Ленор секако, но во последно време лошо се справувам со финансиите така да некои месеци користам Семана најмногу плав и црн и можам да кажам дека сум повеќе задоволна и од Ленорот, поефтин е а мирисот е специфичен и пред некој ден на работа една гостинка ме праша каков парфем користам