Ги има ли некој користено омекнувачите од Малиција тие со зајчето напред па да сподели дали се трајни тоест дали мирисот се задржува на облеката?
Стварно е најдобар. Ретко се наоѓа само.... Долги години само бебешки орнел. Сега последно бебешки силан. И чат пат ленор плав/златен.
Маж ми вели фетиш ми биле омекнувачи Минимум 5-6 имам дома, различен за облека, различен за јакни, различен за постелнини... Баш ќе го побарам..
Ленор(златен,зелен или син)тоа за шарени алишта,а кога се бели во прашање користам на Сагротан,плус и дезинфицира и преубаво мирисаат алиштата. П.С.Летово си донесов од Мк.Дуел жолт,многу убаво и трајно мириса,но се потроши и ќе чекам следно лето или некој да ми донесе
Потврдувам, бидејќи еден период ми се јави алергја од Ленор сакав да преминам на нешто поприродно и го избрав Frosch со бадемово млеко. Оттогаш не го сменив, прееубаво мириса и облеката ја прави премека. Што е најважно, не предизвикува никаква иритација
Менувам скоро секогаш, ама последно овој го зедов и нема некој што не прашал со што ми се перени алиштата
Рептил и тинекс нерези и во маалскиве продавници немма ДУЕЛ омекнувач. Кај да најдам ? Убав ден душички
Тогаш барај во поголемите маркети, го имам купувано од Веро, Рамстор и ДМ. Јас сум од тие што често менуваат омечшивачи, секој нареден ми е различен од претходниот. Од Коколино се презаситив, Дуел жолтиот е стварно предобар, но последно што сум многу задоволна е Виолета- виолетовиот: Миризбата останува и откако стоеле алиштата во плакар. Но сеуште не сум нашла омекшивач кој ќе ми ги направи пешкирите меки. Изгледа за скопска вода тоа е мисија невозможна