Најчесто го купувам синиот Ленор, а имам пробано и виолетов и бел оние 7х Тета Виолета син и виолетов и Дуел жолт се добри за малку пари. Ми здосадува еден исти мирис, па следно ќе ги пробам Тета Виолета розевиот и портокаловиот, Семана црн и Ленор златен.
Портокалов виолета е лудница. Јас за постелнини го зимам. Семана црн исто така трае долго мирисот. А ленор златен ме потсеќа на машки парфем. Не е лош воопшто
планирам следен пат да земам коколино. Викаат одличен бил според мирисот. Во моментов користам еден од лаванда ефтин што го има само во кипер маркет. Не е лош воопшто за цената дури е Супер. 2 литри 99 ден
Има ли искуство некој со Силан омекнувачите? Лилјаковиот или плавиот, дали омекнуваач и дали мирисот се задржува?
Читав некои од вас место омекнувач ставаат оцет. Ме интересира како мирисаат алиштата после перењето? Зошто да не се користи омекнувач? Сакам да пробам вака со оцет зошто ме интересира дали навистина ќе има поголем ефект од омекнувачот но некако ми е страв. Дали го користите само за бели алишта?
Пак јас не мирисаат алиштата на оцет, туку на детергентот. Ставав на секое перење место омекнувач, ама мајсторот за машината ми рече да не го правам тоа, оти оцетот ги оштетувал алиштата, инаку да, како омекнувач делува, само нема мирис. Па решив да го користам само кога ја чистам машината, барем еднаш месечно. А не при перење. А омекнувач воопшто не користам, оти алиштата од сушарата секако меки ми излегуваат. Е во лето знам да ставам малку, оти надвор ги сушам, на сонце, па да не се ептен крути.
Јас по советот на @Annath почнав да ставам оцет во машината понекогаш, ама само бели кога перам. Страв ми е на темните да не ми ја дигне бојата Или на темни и онака си ставам омекшивач... Шо знам До сега само на бели имам ставано. И мислам дека ќе почнам на секое перење на бели да ставам. Многу помеки излегуваат отколку со омекшивач, посебно крпите. И убаво мирисаат, на чисто, на детергентот.
Не ја вади бојата од темните, ја фиксира само. Пошто парчиња кои пуштаа боја се ставаат во разреден алкохолен оцет да постојат преку ноќ, после не пуштаат боја, барем моето искуство е такво. Ама мене најмногу ме замисли тоа што мајсторот рече дека се оштетуваат алиштата, и да, имам забележано, две-три бодиња од малото имаат дупчиња на нив. Може не е од оцетот, ама што знам. До скоро го користев на секое перење, па сега кога престанав ќе видам дали навистина има врска.
Интернетот вика дека фиксира темни бои и омекнува, дека е премногу слаба киселината за да уништи алишта, а за зачувување на боите помага плус затоа што ги раствара алкалите од детергентот. Мене никако ми нема логика да ги уништува алиштата. И во чист оцет да потопиш крпа и да ја оставиш да седи, ништо нема да и биде, а не вака разреден.