kade gresam? Не ставајте заедно и прашок и омекнувач, кога ќе заврши пералната е тогаш ставите омекнувач и пуштите ја на таа кратка програма.( Имам Горење, одма почна да ми го "лапа" и омекнувачот уште на почетокот...е сега на крај ставам ( кога ќе трепка сијаличката)
All time fave сите на Семана, посебно лилавиот - но тој ми е за во зима. Сега го користам тој што го постира членката погоре.
Онаа линија на Персил, Ленор наменета за тукашен пазар и оние наменети за западна Европа немаат ист квалитет, ова го знам со сигурност од пријател кој долги години работи надвор од земјава за Procter&Gamble, a читав и некакви статии на оваа тема, не само за овие туку и за прехрабмбени продукти, конкретно беше за слаткоста на Нутела крем. Јас одбирам Семана, Дуел (не ми е баш чест избор), Coccolino поретко, па и Бохор. Савекс користам, па и Персил,ммакар што Савекс е произведен во Бугарија од истиот производител и на Семана.
Одамна немаж купено, но го има во Рамстор, Жито, Мастер М во Аеродром, па и по маалски продавнички го имам сретнато. Има повеќе видови, многу е убав синиот Бохор Азур со морска свежина,нешто такво. Стандардниот го има скоро секаде. Цената не паметам колку е, најевтин е стандардниот, но тој е во помало пакување претежно. Да се едитирам,зелениот и жолтиот ги немам сретнато кај нас, претежно стандардниот и азурот. А баш сакам сите са ги пробам
Едно време оддамна го имаше зелениот основно бев се сеќавам, прекрасен беше најубавиот што го имам мириснато сеуште се сеќавам на него. Го барав ама никаде го нема не знам зошто не го носат или можеби не се произведува веќе.
Јас почнав се да користам на Грин БСН. Алергии имам на свашта нешто и нив ги одбрав. Засега сум презадоволна.
Мислам дека знам на кој мислиш..во зелено непроѕирно шише? Мислам дека не мириса ни 1/8 од него.. Мајка ми за синиот бохор ми рече веќе да не сум и го купувала, ич не и мирисал она златен ленор ќе си користела се додека постоел
Нешто вака како да беше ама да не излажам баш гуглав и само овој ми се појави зелен бохор во постарите амбалажи може и овој да е. Се сеќавам само на мирисот и дека беше зелен бохор поубав ми беше и од Ленор плавиот.