Ленор ми беше најубав кога беше во хартиена амбалажа,сега некако е сменет квалитетот,мирисот постои да, ама колку е траен..експериментирам со омекнувачите никогаш не купувам исти едноподруго..и до сега не ми се појавил некој да кажам -да тој е оној вистинскиот ова како да се однесува на друго ама ајде
Ленор црниот, а сакам да го пробам и Ленор парфумелле, еднашка имам сменето и пробано со Орнел ама не ми се свиѓаше и после првото перење се вратив на Ленор
Каков детергент користите? Еве една тема за домаќинки.Каков детергент користите ,од кој сте задоволни од кој не... Еве јас да си кажам.Кога имам повеќе пари си го користам ариел инаку факс постојано,во таа категорија се и мерикс и бонукс..се друго е
Каков детергент користите? Ариел за бели, боникс за шарени. Од факсот ми се појави алергија Вениш за флеки.
Каков детергент користите? За бели алишта „Персил- колд актив“ мислам се викаше, најдобар до сега. А за алишта во боја, течен детергент „Диксан“ со мирис на лаванда (од странство купен, од тука за алишта во боја ни еден не ме бендисува ).
Пред некој ден со мама зедовме, розев, магнолија и роза, па искрено Орнел, Ленор, Силан, можат вода да му носат . Алиштата се премеки, а мирисаат ептен убаво, и што е најбитно мирисот трае, многу трае Не можам друга слика да најдам, грчки е, ајде феминки,, тие што сте таму помагајте
Ленор ароматерапи и преубав е,многу е траен и кога ќе ги протриеш алиштата мириса ммм најубаво,чисто,свежо
Каков детергент користите? За бели алишта Ариел а за во боја исклучиво Персил течен - единствено тој е без конзерванси
Детергент - Дуел, планинска свежина, веќе една година го користиме дома и се покажа солиден. За црни алишта и за специфични ткаенини, купувам течна Нила, незаменлива е.
Леле, мајка ми што купила еден на попуст. ЈАООООО тоа не е омекнувач, тоа е огрубувач. Кога ги пере алиштата со него стануваат како серткнига. Да земам да ги залепам на едно штиче ќе можам да стружам со нив, да цепам дрва, да малтарам... Крпите за лице станале како Божен рукавица мајка му стара, секојдневно пилинзи си правам - обелев во лицево. А да не спомнувам дека ми мириса на ОВЦИ и на КОЗИ! Нашла дамата да ми го испере прекривачот со него, како во штала да спијам. Три дена го луфтирав надвор на Сонцено, во сржта му влезе мирисот и не излегува бре, никако. Надвор ми стои сега за сега, ептен базди кога ќе се доближам до него, не можам да заспијам. Плус и во комшилакот имам кокошки, вистински фарма филинг добивам. Поука - ако начекате омекнувач на попуст не го купувајте!
NEO MAT розев, инаку да споменам дека јас живеам надвор од Мк па не знам колку го има таму, ама тука ми е најомилен и многу трае мирисот