И јас некни го зедов, нежен е ама дека нешто многу му трае мирисот не. Најмногу трае на Ленор синиот ама па мене многу ми е јак. Од странство Ленор што користев испраните алишта со месеци мирисаат, дефинитивно кај нас се е фалш што се користи. Јас каков и да користам омекнувач трајноста е додека се исушат потоа толку од мирисот. Пред неколку години Дуел жолт ми беше најубав и траен, се задржуваше мирисот, сега од никој не сум задоволна. Ги гледав омекнувачите во зрнца, како се користат овие, директно во алишта се ставаат при перење или како? Последно се мислев од нив да земам ама јас немам осет тоа мало шише на 2 пати ќе го потрошам, има некој искуство колку се става и дали има разлика во трајноста?
Мислам дека и некни ти ми го предложи тој , пред некој ден одев по Семана и мириснав неколку омекнувачи некако на крај дојдов до него и веќе немав осет што мирисам сите ми станаа исти, и го земав првиот што го мирисав затоа што немав осет веќе што мирисам
Виолетата за алишта наши а другиов Тесори ди ориенте за ќебиња постелнини преубаво мирисаат и држат и двата
Единствени што ми траат на облеката, ги имам пробано црвениот сивиот црниот и другиот плав, овој ми е фаворит од нив моментално
Исто и јас, веќе 2,3 недели го користам и сум задоволна, го задржува мирисот на облеката и после сушење, да го потрошам пак ќе земам додека не ми здосади. Засега ми е супер.
Мм го зел овој од Кам, прво не ми беше убав ама сега се навикнав на него и баш убаво нежно мириса, а за меки алишта само Дуел.
Незнам за омекнувачот но го земав течниот прашак од Дуел, исто вакво пакување и сум задоволна, многу убаво пере и мириса убаво, дури и без омекнувач