И мојава не е нешто скапа или нова чим помине 40 степени почнува да повлекува.Ама немора да значи дека тебе ти повлекува на почетокот,провери кога ќе ја пуштиш машината.Исто така ако сушам надвор алишта на сонце немаат никаков мирис дури гадно мирисаат,во сушара кога ќе ставам преубаво.Јас и летно време си пуштам сушара
Моментално Виолета го користам.Ама кога ќе го потрошам ќе си се вратам на овој Ленор.Многу поубав е.И мирисот му го осеќам уште 4-5 дена откако ќе ги исперам алиштата.Едно време се перев со Семана екстра фреш.Ама од поодамна не го гледам по маркетиве.Има еден потемно плав ама врска нема со тој.И затоа и се префрлив на Ленор.
Овој го купив по ваша препорака, совршен е. Прв пат го користам, меѓутоа цел плакар ми мириса на него.
Во ДМ го зедов јас, го немам сретнато по маркетиве. Околу 170 денари е, ама малку е помал од другиве, помалце перења во однос на нив..
Мене овие убави ми се на мирис, ама едвај ги осеќам после тоа и воопшто не ми траат, ете во споредба со Ленорот на пример.
Овие двата моментално ги користам наизменично,многу ми се убави,а и сивиот/сребрен исто ми се свиѓа како и плавиот има некоја морска свежина и мирис. Во ДМ се сега 165 денари Чудно што не ги осеќаш,мене овие ми се омекнувачи што најдолго ми траат,и Чико бебешкиот.
Кај мене па, обратно. А Ленорот златен го обожавам, совршен е. Но не ми трае воопшто. Е, овој другиов и преубав ми е, и ми трае на облеката, меѓутоа имам приметено дека на различна облека, различно траење има. Не знам дали јас халуцинирам, или стварно е така, меѓутоа на памучниве ми трае подолго отколку на другиве, ако има логика.
Нема поубав ама за жал и јас ретко го наоѓам. Последно што го најдов беше во Жито маркет. Сличен на овој ми е црниот со плав цвет ама малце поинтензивен на мирис.
Коколино во последно време, претходно Ленор ама би сакала да ги пробам овие Tesori d'Oriente што ги фалите сите.
Супер е коколино, фаворит ми е периодов. Во веро е на акција 189 денари, се изнаграбав денес за 2 месеци.