Имате ли приметено разлика во Tesori d'oriente како мирисот веќе да не е толку интензивен? Ја сменија амбалажата ставија некои светки ама како и мирисот да е намален или така мене ми се чини само?
Јас сивото го користев и сеа се мислам дали уопште и да земам ново или да барам друг, а ептен мирисаа алиштата со денови.
Пробај го Семана плавиот, слични ми се. Можеби тој повеќе ќе ти трае, многу долго мирисаат алиштата кога ги перам со него.
Ептен ми се погоди, мириса на свежо а не е јак мирисот. Порано бев заљубена во Ленор плавиот, ама пре јако ми мириса.
Овој, мислим и дворот ми мириса после цел ден на ванила. А и јас немам контрола во ставање омекнувач. Ставам и по цели две капачиња на секое перење и за три дена сум без омекнувач
Јас Силан користев до скоро, ми се здосади па ај да сменам зедов Виолета портокалов и тој е убав, па плав па лилав овој некако не ми фаќаше око обично сензитив не мирисаат многу, ама ова е нешто посебно цела куќа мириса на него