Премногу свежо, како некој парфем мириса. Прв пат го користам и еве 5 дена по перење и уште мирисаат алиштата
Какво искуство имате со овој? Мама го земала, еднаш само имав прилика да ги мириснам алиштата после перење, преубаво мирисаа. Како на некој јак машки парфем, не знам. Се задржува ли мирисот?
Користи некој парфем за алишта? Јас ги пробав овие два, алиштата ми мирисаат низ цел стан во шок сум изгледа ќе престанам да користам омекнувач, штета што паковањата се ептен мали и многу брзо се трошат.. сте пробале некои други врсти од кои сте задоволни?
Во портокалово пакување беше тоа како парфем омекнувач ? Стварно интензивно мириса ? Се мислев едно време дали да го земам ама ми се појави некоја иритација и баталив , сега ме потсети да го купам. Овој плавиот го користев едно време и онака ок беше ама пак не би го купила за таа цена поголемо шише омекнувач можеш да најдеш. Јас овој го видов во Дм, црниот од сликата не, а првото не е со парфем мислаев обичен омекнувач е има ист таков во истото шише*** (Ме збуни )
Мислам се става пред да ги ставиш алиштата во празен барабан, пола капаче е ок. После се ставаат алиштата прашок омекнувач и се по ред
јас ставам 1-2 полни капачиња во преградата за омекнувач, исто како што го ставам омекнувачот. Не знам само дали те разбрав точно - и двете што ги поставив се парфеми, не се омекнувачи така пишува и на амбалажата, инаку да како што реков за жал паковањата се навистина мали и брзо се трошат ама веќе ми се смачи сите омекнувачи што постојат ги пробав и досега волку не ми мирисале од ниеден омекнувач а си знам да ставам и по 3-4 капачиња Плакарот ми мириса цел, дури и кога ќе ги соблечам сеуште се осеќа мирисот корпата за валканите ми мириса на парфеми Нема баш некој огромен избор на мириси за жал, ќе го пробам следно тој што го постави.. Откритие на годината ми се дефинитивно