Користам Орнел или Ленор светло плави бидејки најповеке ми се допаѓа миризбата. Од сите други ме заболува глава. Вчера купив прашок Ариел и со него имаше омекнувач гратис, Ленор како на сликата. Ставив од него во водената правосмукалка и после 3 минути чистење, отворив врати и прозорци, да се промени воздухот Уште еднаш ми се има случено да неможам да заспијам, мислам дека беше од Felce Azzura. Само што ја наместив постелнината, го разбудив ММ да ја променам..... Инаку, барајки слика од омекнувачот, отидов на сајт на Ленор нели. И погледнете како изгледа оргиналниот Ленор. Јас упорно тврдам дека целата козметика што ја има на нашиот пазар е третокласно ѓубре http://www.lenor.com/uk/
дома мама го користи ленор темно лилаковиот и не смее да го смени некако се привикнав на тој мирис и најдолго трае и за ништо на светов не би го сменила омекшивачот
Одличен, ама не можам да го најдам во последно време Спојлер Инаку задоволна и од Спојлер Не можам да ги поднесам Спојлер
алергична сум на омекнуваш а ги обожавам тие мириси особено на синиот ленор и мама тој порано го користеше ама сега кога дознав дека сум алергична
дЕнес го купив Дуел зелен па убаво мириса, ако сакате кој ке ми го препорачате омекнувач испробан и убаво да мириса и да трае
Моментално го имам зелениот Ленор.Некоја погоре прашуваше за него,добар е има убав мирис,ама гледам дека сите сте приметиле дека Ленорот не е тоа што беше во доност на траењето на мирисот.Долго време бев верна на плавиот Ленор,летото го користев жолтиот-Summer-исто е одличен и доста трае. Кога користам Perwoll не ставам омекнувач,и перволот си има убав мирис,и многу ми се допаѓа Минатиот месец бев тенка со пари па зедов зелена Семана.Мириса убаво,ама на алиштата дава скроз изменет мирис,ептен грд...па ене го ми стои цел,џабе фрлив пари
Го користев Ленор светло синиот, ама некако го расипаа, дури и глава ме заболува од што мириса јако. Сега го користам орнел бејби софт, ми мириса убаво
Ние дома имаме најчесто Ленор или Бохор азур ,а баш сакам да ми одговори девојчето што вршела проверка на омекнувачите врз матријалите,какви својства има Бохор од таа гледна точка